Приходите во Буџетот помали за 12 отсто во однос на март лани, во однос на планот за 24 отсто


Во март годинава за 12,28 отсто се намалени приходите во Буџетот во споредба со истиот месец од 2019 година, а во однос на планот намалувањето е 24 проценти, при што најголем пад од 16,85 отсто има кај ДДВ, падот кај данокот на добивка е 10,78 отсто, додека најмал пад од само 1,11 отсто има кај …

Приходите во Буџетот помали за 12 отсто во однос на март лани, во однос на планот за 24 отсто Read More »

Стопанските комори ќе истражуваат како да се добие битката со корона кризата


Со цел утврдување на состојбите во приватниот сектор предизвикани од кризата со корона вирусот и можните мерки за излез од економскиот застој, Стопанските комори изработија анкетен прашалник за претставниците на бизнис секторот. Целта на прашалникот, како што наведуваат од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ преку кој ќе се спроведе истражувањето, е да се добијат …

Стопанските комори ќе истражуваат како да се добие битката со корона кризата Read More »

Нов пакет на мерки за друштвата за осигурување за олеснување на работата


Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ослободи 30 милиони евра ликвидни средства со цел друштвата за осигурување да можат да ги употребат за тековно работење во услови на вонредна состојба, кога се соочуваат со намалување на продажбата на осигурителни полиси. Со ослободување на 10 отсто од резервите, друштвата добиваат 1,8 милијарди денари ликвидни средства чија …

Нов пакет на мерки за друштвата за осигурување за олеснување на работата Read More »

Лукаревска: Погодените од кризата ќе бидат ослободени од плаќање аконтации за март, април и мај


Правните лица кои вршат угостителска дејност, туризам и транспорт и други обврзници кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за заштита од коронавирусот ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и на данокот на добивка за март, април и мај 2020 година, најави денека …

Лукаревска: Погодените од кризата ќе бидат ослободени од плаќање аконтации за март, април и мај Read More »

Народна банка: Се ослободуваат 130 милиони евра за кредитирање на компаниите


Денес ќе се одржи аукцијата на која согласно со одлуката што Народната банка ја донесе во понеделникот, понудата на благајнички записи е за 8 милијарди денари помала во споредба со аукцијата спроведена во март. Ослободените средства во износ од околу 130 милиони евра се очекува да овозможат натамошна поддршка за македонската економија преку поттикнување на …

Народна банка: Се ослободуваат 130 милиони евра за кредитирање на компаниите Read More »

Западен Балкан се иззема од ЕУ рестрикциите за извоз на маски од 26 април


Европската Комисија соопшти дека е донесена одлука рестрикциите за извоз на заштитни маски да не важат повеќе за земјите од Западен Балкан од 26 април, јави дописничката на МИА од Брисел. Регулативата за посебни авторизации за извоз на заштитна опрема во рамките на борбата против коронавирусот донесена во март начелно ги изземаше само земјите вон …

Западен Балкан се иззема од ЕУ рестрикциите за извоз на маски од 26 април Read More »

Во четврток ќе се одлучува за продолжување на вонредната состојба до 16 мај


Во земјата се зголемува бројот на заболени со коронавирусот, но вчера исто така беше регистриран и поголем број оздравени лица – 42. Од почетокот на епидемијата во Македонија регистрирани се 908 дијагностицирани со Ковид-19 и 44 починати. Позитивни на тестовите за коронавирусот вчера биле нови 54 лица, од кои најголем број односно 25 во Куманово. …

Во четврток ќе се одлучува за продолжување на вонредната состојба до 16 мај Read More »

Пелоси ја бара од Трамп „вистината за кризата и корона вирусот во САД“


Во писмено обраќање до своите демократски колеги по повод кризата со коронавирусот во САД, спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, упати остри критики до претседателот Доналд Трамп, го обвини за лаги, и порача дека Американците „мора да ја дознаат вистината и да дејствуваат согласно неа“. Писмото, испратено по повод Велигден и објавено на нејзиниот официјален …

Пелоси ја бара од Трамп „вистината за кризата и корона вирусот во САД“ Read More »

Поради снег забрани за товарни возила на Стража и Маврово-Дебар


Поради врнежи од снег утринава од 06:40 часот воведена е забрана за тешки товарни возила на аптниот правец Маврово – Дебар, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Забрана за тешки товарни возила е воведена и на планинскиот превој Стража од 04:20 часот. Од АМСМ информираат дека денеска од 12 до 15 часот на патниот правец …

Поради снег забрани за товарни возила на Стража и Маврово-Дебар Read More »

Трамп го прекина финансирањето на СЗО


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека им наредил на членовите на администрацијата барем привремено да го запрат финансирањето на Светската здравствена организација заради начинот на кој таа раководеше со пандемијата на коронавирусот. На прес конференција во Белата куќа Трамп кажа дека СЗО не ја исполни својата основна должност и дека за тоа мора да …

Трамп го прекина финансирањето на СЗО Read More »

(ВИДЕО) Метју Меконахи како „Боби Бандито“ покажува како самите да направиме маска


Метју Меконахи советува дека мора да направиме нешто повеќе во животот. Популарниот актер и оскаровец, овој пат во ликот на „Боби Бандито“ објави видео на социјалните мрежи. „Боби Б“… или Меконахи ни покажува како да креираме своја маска за време на пандемијата на корона вирус. Центрите за контрола на болести им препорачуваат на сите луѓе …

(ВИДЕО) Метју Меконахи како „Боби Бандито“ покажува како самите да направиме маска Read More »

Цел хонорар за невработените хонорарци, 50 отсто за вработените


Владата денеска донесе Уредба со законска сила за исплата на авторски хонорари за лица ангажирани во органите на државната власт (законодавна, извршна и судска), регулаторните тела, агенциите, државните комисии, правните лица во целосна или доминантна државна сопственот, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и градот …

Цел хонорар за невработените хонорарци, 50 отсто за вработените Read More »

Донациите во солидарниот фонд Ковид-19 се ослободуваат од ДДВ


Владата на денешната 41-ва седница донесе уредба со законска сила со која се ослободуваат од данокот на додадена вредност донациите во солидарниот фонд за справување со последиците од Ковид-19. Согласно донесената уредба за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба …

Донациите во солидарниот фонд Ковид-19 се ослободуваат од ДДВ Read More »

Уште 118 компании со 1.116 вработени ќе користат бескаматни кредити


На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата на развојната банка за вториот пакет одобрени барања од обработените апликации на компании кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити од Јавниот повик од првиот пакет економски мерки. Како што соопштија од Владата, согласно оваа информација, на уште 118 компании со 1.116 вработени, им …

Уште 118 компании со 1.116 вработени ќе користат бескаматни кредити Read More »

Ланската закупнина за државно земјиште ќе може да се плати до 31 октомври


На предлог на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната седница ја донесе Уредбата за дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за земјоделското земјиште за време на Вонредна состојба со која заради надминување на економските потешкотии на закупците кои ќе настанат заради вонредната состојба поради епидемијата се продолжува рокот …

Ланската закупнина за државно земјиште ќе може да се плати до 31 октомври Read More »

Принуден одмор или отстуство поради виша сила: Кои услови се бараат


Во врска со интересот на јавноста за надоместоците на работниците на плата, министерството за труд и социјална политика информира дека Законот за работните односи со членот 112 ги дефинира случаите кога на работникот му се исплатува надоместок на плата. Согласно одредбата, работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство, а висината …

Принуден одмор или отстуство поради виша сила: Кои услови се бараат Read More »

ММФ: Претстои најлошата година за светската економија од Големата депресија


Под влијание на пандемијата на новиот коронавирус, глобалната економија во 2020 година ќе ја доживее најлошата година од Големата депресија во 1930-тите години, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во новата прогноза за економскиот развој. ММФ очекува пад на глобалната економија за три проценти оваа година, далеку повеќе од падот од 0,1 процент забележан за време …

ММФ: Претстои најлошата година за светската економија од Големата депресија Read More »

„Зелените“ коридори ќе овозможат побрз транспорт, смета Стопанската комора


Стопанската комора на Македонија денес повторно укажа на значењето на брзиот проток на стоките и потребата од отворање на транспортните коридори, во услови кога заради кризата поради корона вирусот дојде до зајакнување на контролите на транспортот. „Деновиве се финализираа активностите на земјите-потписнички на Договорот за слободна трговија во земјите на Централна Европа, или скратено ЦЕФТА, …

„Зелените“ коридори ќе овозможат побрз транспорт, смета Стопанската комора Read More »

Царината лани наплатила 1,5 милијарди евра од царини и даноци


Царинската управа одбележа 28 години самостојно работење. Поради кризата од коронавирусот директорот Ѓоко Танасоски се обрати преку видео порака   Царината во текот на минатата година остварила приход од 1,5 милијади евра. По основ на наплата на царина остварен е приход од 97,72 милиони евра, 894 милиони од ДДВ, 488 милиони евра акцизни давачки и …

Царината лани наплатила 1,5 милијарди евра од царини и даноци Read More »

Ковид-19: Западен Балкан најверојатно ќе биде изземен од забраната за извоз на ЕУ


Сегашните рестриктивни мерки за извоз на медицинска заштитна лична опрема од ЕУ кон западниот Балкан би требало да бидат отстранети на 25 април, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската Унија, на почетокот на кризата со коронавирусот, одлучи да воведе посебни авторизации за извоз на лична заштитна опрема за земјите вон ЕУ, освен за земјите …

Ковид-19: Западен Балкан најверојатно ќе биде изземен од забраната за извоз на ЕУ Read More »