(ВИДЕО) Метју Меконахи како „Боби Бандито“ покажува како самите да направиме маска


Метју Меконахи советува дека мора да направиме нешто повеќе во животот. Популарниот актер и оскаровец, овој пат во ликот на „Боби Бандито“ објави видео на социјалните мрежи.

„Боби Б… или Меконахи ни покажува како да креираме своја маска за време на пандемијата на корона вирус. Центрите за контрола на болести им препорачуваат на сите луѓе да носат маски во јавноста, а истовремено да се придржуваат кон упатствата за социјално дистанцирање.

Процесот правење сопствена маска, што го презентира Меконахи, вклучува обично шамивче, филтер кесичка за кафе и две ластичиња.

Впрочем, погледнете го ова интересно видео, можеби ќе добиете инспирација да направите своја сопствена маска.

https://www.facebook.com/MatthewMcConaughey/videos/539734046929124/?t=26