Напаѓач маскиран како доставувач убил син на американска федерална судијка


Напаѓач маскиран како доставувач на Федекс, пукал и го убил 20-годишниот син на американската федерална судијка Естер Салас. Синот вчера ја отвори вратата за наводниот доставувач од нивниот семеен дом во Њу Џерси, а во нападот е ранет и сопругот на судијката. Инцидентот се случил во северен Бранзвик, каде што се наоѓа куќата на Салас, …

Напаѓач маскиран како доставувач убил син на американска федерална судијка Read More »

Пленковиќ го соопшти составот на новата хрватска Влада


Актуелниот и иден премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска го објави составот на новиот кабинет, во кој ќе има 16 министри и четворица потпретседатели. Вицепремиери се Томо Медвед, Давор Божиновиќ, Здравко Мариќ и Борис Милошевиќ од СДСС, во име на малцинските партии. -Сите добија апсолутна поддршка, им кажа Пленковиќ на новинарите по состанокот на врвот …

Пленковиќ го соопшти составот на новата хрватска Влада Read More »

Kорона кризата ги одвраќа печалбарите да го посетат родниот крај


Кризата предизвикана од коронавирусот го намали бројот на печалбари кои вообичаено летниот период во минатото го користеа за посета на родниот крај. Во Пијанечко-малешевскиот регион ова се чувствува најмногу, а тоа го потврдуваат угостителите кои велат дека годинава нивниот бизнис егзистира исклучиво од домашни гости. -Периодот сме сите во една деликатна ситуација поради кризата. Сосем …

Kорона кризата ги одвраќа печалбарите да го посетат родниот крај Read More »

„Форбс“: Кинеските електрични автомобили ќе доминираат на глобалниот пазар


Електричните автомобили произведени во Кина ќе доминираат на глобалниот пазар, предвидува  американското бизнис списание „Форбс“,  наведувајќи дека Кина држи чекор со западниот свет кога станува збор за производството на ваков вид возила, па дури во некои сегменти и го надмина. Во најбројната земја во светот во 2019 година имало 2,58 милиони електрични автомобили, во Европа …

„Форбс“: Кинеските електрични автомобили ќе доминираат на глобалниот пазар Read More »

Американците сега трошат 10 отсто повеќе отколку пред пандемијата


Финансиската помош што им се дава на оние кои ги загубија своите работни места како резултат на пандемијата на коронавирус ја зголеми потрошувачката, па Американците сега купуваат повеќе отколку додека работеле, покажа истражување спроведено неодамна. Граѓаните на САД имаат право на дополнителни 600 долари неделно до крајот на јули, покрај нивните редовни бенефиции за невработеност, …

Американците сега трошат 10 отсто повеќе отколку пред пандемијата Read More »

Ќе има ли нова цена на струјата – приходите на ЕСМ и МЕПСО значително намалени


Во текот на следната недела се очекува Регулаторната комисија за енергетика да излезе со поконкретни информации за новите цени на струјата и на парното. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски денеска изјави дека во текот на јуни е добиено барање од МЕПСО и Електродистрибуција да се одложат постапките за определување на цените, имајќи ја предвид ситуацијата …

Ќе има ли нова цена на струјата – приходите на ЕСМ и МЕПСО значително намалени Read More »

Просечната плата во мај 26.390 денари, највисоки платите во ИТ, финансиите и фармацијата


Просечната исплатена плата во мај годинава изнесува 26.390 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи раст од 4,4 отсто во однос на мај лани.  Според објавените податоци највисоките плати, а кои исто така бележат и најголемо зголемување се во дејноста информации и комуникации. Исплатената просечна плата во мај во оваа дејност …

Просечната плата во мај 26.390 денари, највисоки платите во ИТ, финансиите и фармацијата Read More »

Расте бројот на штрковите во богданското село Стојаково (фото)


Бројот на активните гнезда на штркови во богданското село Стојаково, кое токму денеска, на Света Недела, го прославува панаѓурот, секоја година е во постојан пораст. Во споредба со 2018 година, кога во селото имало 37 гнезда со 74 возрасни и 134 млади штркови, пребројувањето што го прават мештаните годинава покажа дека во Стојаково моментно има …

Расте бројот на штрковите во богданското село Стојаково (фото) Read More »

Министерство за земјоделство: Пари за субвенции има, аплицирањето трае уште десет дена – до 31 јули


До 31 јули или уште десет дена трае рокот за поднесување барања за субвенции од Програмата за земјоделство 2020 година. Од ресорното Министерство уверуваат дека пари има, а исплатата на проектираната поддршка ќе се врши неселективно. Според МЗШВ, во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство: поледелски и градинарски култури, лозови …

Министерство за земјоделство: Пари за субвенции има, аплицирањето трае уште десет дена – до 31 јули Read More »

Угостителите, туристичките работници и транспортерите бараат продолжување на владината поддршка


Барање за продолжување на поддршката и во наредниот период, доставија денеска претставници од угостителската и туристичката дејност кои се сретнаа со вицепремиерката Мила Царовска и владиниот економски тим. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Царовска, се разговарало и за предизвиците во работењето на хотелите, рестораните и туристичките агенции, како и за потребата од носење …

Угостителите, туристичките работници и транспортерите бараат продолжување на владината поддршка Read More »

Хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ прилагодени за ваучерите за туризам


Хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ информираат дека ги прилагодија цените и аранжманите согласно барањата на граѓаните за користење на ваучерите за летување доделени од државата со проектот „Дома си е дома”. Двата хотела во ски-центарот Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ, а со кои стопанисува „Елемтурс“, обезбедија попусти за летниот период и …

Хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ прилагодени за ваучерите за туризам Read More »

За половина година реализирани само 22,51 отсто од капиталните инвестиции


Во првите шест месеци од годинава реализацијата на капиталните расходи во буџетот е 22,51 отсто. Според објавените податоци на Министерството за финансии, од предвидените 319.921.656 евра заклучно со 30 јуни 2020 година реализирани се 72.007.831 евра. Во Владата реализацијата на капиталните расходи се 15,72 отсто од предвиденото. За шест месеци од планираните 5.770.373 евра потрошени …

За половина година реализирани само 22,51 отсто од капиталните инвестиции Read More »

„Глаксо“ купува 10 отсто од „Кјур вак“ за 163 милиони долари, ќе развиваат вакцини против КОВИД-19


Британската компанија „Глаксо Смит Клајн“ (GlaxoSmithKline) во понеделникот објави дека ќе инвестира 163 милиони американски долари за купување на 10 отсто удел во германската биотехнолошка компанија „Кјур вак“ (CureVac), за да работат заедно за развој на пет вакцини против КОВИД-19, засновани на mRNA технологијата. Постојните истражувачки програми на CureVac за вакцини против беснило и против …

„Глаксо“ купува 10 отсто од „Кјур вак“ за 163 милиони долари, ќе развиваат вакцини против КОВИД-19 Read More »

Маратонскиот ЕУ самит за економски спас урива рекорди во времетраење (фото)


Лидерите на 27-те земји на ЕУ собрани во Брисел од петокот попладне сѐ уште не успеале да се договорат за стратегијата за економски спас од корона кризата, некои лидери заминаа дома на кусо, но се враќаат денеска за нова рунда преговори, јавува дописничката на МИА од Брисел. Најдолгиот ЕУ самит во историјата е тој од …

Маратонскиот ЕУ самит за економски спас урива рекорди во времетраење (фото) Read More »

Значајна победа на Пандев со Џенова против конкурентот за опстанок Лече


Тимот на Џенова за кој настапува капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, вечерва извојува тешка, но многу важна победа во 34. коло од Серија А. Совладан е Лече со 2:1. Токму Лече е еден од конкурентите на Џенова за опстанок во лигата. Пандев иако не постигна гол, повторно беше еден од најдобрите во својот …

Значајна победа на Пандев со Џенова против конкурентот за опстанок Лече Read More »

Интервју со Ангел Димитров: Брзо да се формира влада што ќе се зафати со проблемите во стопанството


Текстилните фабрики се соочуваат со многу предизвици – намалени нарачки, но и отежнати услови на стопанисување, вели Ангел Димитров, Претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија и Претседател на одборот на директори во „Мода“ – Свети Николе. Тој најавува дека од утре ќе продолжи производството во „Мода АД“ и „Камотекс ДООЕЛ“, кои изминатите десетина дена …

Интервју со Ангел Димитров: Брзо да се формира влада што ќе се зафати со проблемите во стопанството Read More »

Во Романија затворена фабрика за месо, заразени 93 вработени


Прекинато е производството во фабрика за преработка на месо во западниот регион Темиш во Романија, откако се регистрирани 56 работници заразени со вирусот Ковид-19, пренесува агенцијата Агерпрес. Досега, вкупно 93 позитивни случаи на вирусот се регистрирани во таа фабрика. Како што е наведено, производството ќе продолжи по темелно санирање на производниот погон и дезинфекција, како …

Во Романија затворена фабрика за месо, заразени 93 вработени Read More »

Секоја година се собира околу 117.000 тони амбалажен отпад, „Пакомак“ рециклираат 28.000 тони


Околу 117.000 тони амбалажен отпад се создава секоја година во земјава. Преку системот на „Пакомак“, Друштво за управување со пакување и отпад од пакување, за рециклирање се собира околу 28.000 тони различен амбалажен отпад (хартија, пластика, стакло, метал и дрво) од вкупно 50.000 тони колку што создаваат компаниите членки на овој систем. -Но сè уште постојат компании-производители кои не …

Секоја година се собира околу 117.000 тони амбалажен отпад, „Пакомак“ рециклираат 28.000 тони Read More »

Светска банка бара од Г-20 да ги намали долговите на најсиромашните земји


Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас ги повика земјите од Г-20 да разговараат за намалување на долговите на најсиромашните земји со цел да се минимизираат економските влијанија на пандемијата на коронавирус. Тој ја предложи таа иницијатива за време на видео-конференција со министрите за финансии и гувернерите на централните банки. Според Малпас, пандемијата довела до „најголема …

Светска банка бара од Г-20 да ги намали долговите на најсиромашните земји Read More »

Приватизацијата на градежното земјиште од 2018 – 2020 може да се провери на privatizacija.finance.gov.mk


Сите предмети поднесени за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во 2018, 2019, 2020 граѓаните можат да ги следат до која фаза на решавање се на порталот privatizacija.finance.gov.mk, соопшти Министерството за финансии. Како што наведуваат во соопштението, станува збор за околу 11.500 предмети поднесени во овој период. -Постапката за користење е многу едноставна. Потребен е …

Приватизацијата на градежното земјиште од 2018 – 2020 може да се провери на privatizacija.finance.gov.mk Read More »