Две собраниски комисии ќе расправаат по граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Граѓанска иницијатива за распишување на референдум за одлучување на државно ниво доставена преку Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, преку овластениот предлагач Драгана Спасевска, е единствената точка на дневниот ред на седницата …