Министерство за финансии: Мисијата на ММФ оцени дека нашата економија заздравува


Економијата на Република Северна Македонија заздравува, оцени мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржа од 6-17 мај. Тие посочуваат дека добрите политики и владиниот стимул го амортизирале ударот од Ковид-19 кризата врз нашата економија и посочуваат дека фискалната политика треба и понатаму да биде насочена кон поддршка на стопанството и граѓаните. Станува збор …

Министерство за финансии: Мисијата на ММФ оцени дека нашата економија заздравува Read More »

Од следната недела ќе се издаваат и електронски ковид сертификати за патување


Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека од идната недела во државава ќе се издаваат ковид сертификати со кои ќе може да се патува во европските држави. – Ние следната недела ќе го издадеме и т.н. грин пас. Тоа ќе е оној електронски кју-ар код што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР-тест и …

Од следната недела ќе се издаваат и електронски ковид сертификати за патување Read More »

Спогодбата за одбегнување на двојно оданочување со Швајцарија ќе се усогласи со ОЕЦД конвенцијата


Министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија во земјава Сибил Зутер Техада го потпишаа Протоколот за усогласување на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Швајцарија за одбегнување на двојното оданочување, согласно новата даночна конвенција на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и БЕПС стандардите. Со Протоколот ќе се зајакнат постојните одредби за …

Спогодбата за одбегнување на двојно оданочување со Швајцарија ќе се усогласи со ОЕЦД конвенцијата Read More »

Црна Гора вакцинираше речиси една четвртина од своето население


Во Црна Гора до денеска се искористени 148.255 дози вакцини против коронавирусот, што значи дека близу една четвртина од населението во земјата е вакцинирано, соопшти црногорското Министерство за здравство. Како што се наведува, околу 113,5 илјади граѓани примиле прва доза од вакцината, додека скоро 35 илјади Црногорци биле целосно имунизирани. – Црна Гора вакцинираше поголем процент од своето население …

Црна Гора вакцинираше речиси една четвртина од своето население Read More »

Мисијата на ММФ прогнозира раст на БДП од 3,8 отсто, може да биде и повисок ако забрза вакцинацијата


Раст на БДП од 3,8 проценти, на потрошувачките цени со умерено темпо од 2,2 проценти, како и дефицит од 5,4 проценти од БДП, предвидува во прелиминарните наоди тимот на Мисија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од Берглјот Баркбу, по виртуелната посета на земјава од 6 до 17 мај во тек на која одржа состаноци …

Мисијата на ММФ прогнозира раст на БДП од 3,8 отсто, може да биде и повисок ако забрза вакцинацијата Read More »

„Фајненшл тајмс“: Трета доза од „АстраЗенека“ дополнително ја засилува ефикасноста на вакцината


Третата доза од вакцината против Ковид-19 на компанијата „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд се покажа добро во производството на антитела и дополнително ја зголеми ефикасноста на вакцината кај учесниците во истражувањето, соопшти денеска весникот „Фајненшл тајмс“. Веста доаѓа во момент кога производителите на вакцини предупредуваат дека на светот најверојатно секоја година ќе му треба довакцинација …

„Фајненшл тајмс“: Трета доза од „АстраЗенека“ дополнително ја засилува ефикасноста на вакцината Read More »

Здраствената пропусница влегува на сила на 26 јуни за цела Европа, откри француски државен секретар


Седејќи на терасата Де Маго, државниот секретар задолжен за туризам, Французите кои живеат во странство и Франкофонијата, Жан-Батист Лемоан, зборувајќи за радиото “Радио Суд” нагласи дека здравствената пропусница ќе стапи на сила на 26 јуни во цела Европа, јави дописникот на МИА.   -Во принцип таа ќе стапи  на сила на 26 јуни за цела …

Здраствената пропусница влегува на сила на 26 јуни за цела Европа, откри француски државен секретар Read More »

Мисијата на ММФ: Инфлацијата ќе биде умерена и е одраз на глобалните фактори


Монетарната политика е соодветна и треба сѐ уште да биде олабавена. Скорешното зголемување на инфлацијата најмногу се должни на глобалните фактори и е привремено. Во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и на храната влијаеше врз инфлацијата. Иако веројатно ќе има некои преносни ефекти, се очекува дека инфлацијата ќе се намали во втората …

Мисијата на ММФ: Инфлацијата ќе биде умерена и е одраз на глобалните фактори Read More »

Почнува плејофот во македонскиот кошаркарски шампионат


По одигрувањето на натпреварите од националниот куп изминатиот викенд, за денес се закажани првите средби од четвртфиналето во плејофот од македонското кошаркарско првенство. Двојките за четвртфиналните пресметки се: Пелистер – Навико Академија ФМП (Битола, почеток 18:30 часот) Работнички – ТФТ (Скопје, сала „Кале“ 17 часот) Еуро Никел – Гостивар (Гевгелија, 17 часот) МЗТ Скопје Аеродром …

Почнува плејофот во македонскиот кошаркарски шампионат Read More »

Ново рочиште за „Меѓународен сојуз”


Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица, продолжува денеска со сослушување на сведоци на одбраната. На денешното рочиште е најавено сведочење на Нина Старделова, Стефан Богоев и Наташа Петровска. Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на …

Ново рочиште за „Меѓународен сојуз” Read More »

Уставен суд на 25 мај ќе расправа за Законот за банки, „Правда за штедачи” очекува мериторна одлука


Уставниот суд на 25 мај годинава ќе расправа за иницијативата за оцена на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, соопштија денес подносителите на иницијативата, здружението „Правда за штедачи” кое ги застапува интересите на оштетените физички и правни лица во Еуростандард банка во стечај.  Од таму велат дека ја поздравуваат одлуката Уставниот суд, …

Уставен суд на 25 мај ќе расправа за Законот за банки, „Правда за штедачи” очекува мериторна одлука Read More »

Законот за дивоградби на „ремонт“ – отворена е јавна дебата, архитектите со свои предлози


Владата  отвора дебата за Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби, што е вратен во Собранието по одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот. Како што соопшти владината прес-служба, ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со …

Законот за дивоградби на „ремонт“ – отворена е јавна дебата, архитектите со свои предлози Read More »

Русија со закон ги исфрла сојузниците на Навални од трката за влез во Думата


Рускиот Парламент минатиот четврток одобри закон според кој членовите на „екстремистичките организации“ не можат да бидат членови на парламентот, потег за кој сојузниците на притворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, наведуваат дека има за цел да ги спречи да учествуваат на парламентарните избори во септември. Законот, што беше одобрен од Долниот дом во прво читање, …

Русија со закон ги исфрла сојузниците на Навални од трката за влез во Думата Read More »

Една доза вакцина досега примиле 40 отсто од лицата над 70 години


Барем една доза вакцина досега примиле 40 отсто од населението над 70 години во земјава и 33 отсто кои се на возраст над 65 години. Аплицирани се 207.219 дози, а ревакцина примиле 31.599 граѓани.  Според податоците од Министерството за здравство, преку веб-платформата vakcinacija.mk интерес да се вакцинираат изразиле речиси 377 илјади граѓани. Прва доза вчера примија …

Една доза вакцина досега примиле 40 отсто од лицата над 70 години Read More »

Во три земји инјектирани 60 отсто од 1,5 милијарда дози вакцини против КОВИД-19 во светот


За шест месеци, од почетокот на националните кампањи на имунизација, во светот се инјектирани повеќе од 1,5 милијарда дози вакцини против Ковид-19, јавија француските медиуми. Најмалку 1.500.017.337 дози се инјектирани во 210 земји и територии низ светот, посочуваат официјалните извори, додавајќи дека речиси 60 проценти од овие дози биле употребени во три земји, Кина (421,9 …

Во три земји инјектирани 60 отсто од 1,5 милијарда дози вакцини против КОВИД-19 во светот Read More »

Андерсен: Националниот парк Шар Планина е историска можност за балканскиот рис, но и за граѓаните


Пред четири години, фотографија од младенче на балканскиот рис од Северна Македонија предизвика голем интерес во меѓународните медиуми, нешто што не беше видено повеќе од деценија. Денес, се смета дека едвај педесетина од овие критично загрозени големи мачки се останати во земјата, а и самото забележување на рис во регионот дава надеж дека тие повторно …

Андерсен: Националниот парк Шар Планина е историска можност за балканскиот рис, но и за граѓаните Read More »

Бугарија ќе добие од иницијативата „Три мориња“ меѓу 50 и 250 милиони евра


Бугарија ќе добие меѓу 50 и 250 милиони евра во рамките на иницијативата „Три мориња“, со што ќе се финансираат бугарски проекти во областа на транспортот, енергијата и дигиталното поврзување. Досега има три приоритетни бугарски проекти, кои ги разгледува фондот кон иницијативата – 3SIIF. Ова е посочено за време на меѓународната онлајн конференција „Капитал за …

Бугарија ќе добие од иницијативата „Три мориња“ меѓу 50 и 250 милиони евра Read More »

ЕУ се уште без договор за ковид-пасошот, разговорите продолжуваат утре


Лидерите на ЕУ доцна синоќа не успеаја да ги договорат деталите за европските ковид-пасоши, што големите туристички центри ги сметаат за витални за спас на претстојната туристичка сезона, јави ДПА. Преговарачите од Европскиот парламент, Европската комисија и владите на земјите-членки разговорите ќе ги продолжат утре, соопшти португалското претседателство со ЕУ. Дигиталниот сертификат може да ги …

ЕУ се уште без договор за ковид-пасошот, разговорите продолжуваат утре Read More »

Блинкен – Лавров ќе го топат мразот меѓу САД и Русија на средба во Рејкјавик


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на министерскиот состанок на Арктичкиот совет во Рејкјавик ќе се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тоа ќе биде првата американско-руска средба на високо ниво откако американскиот претседател Џозеф Бајден стапи на должност на 20 јануари. Средбата, која се одржува во време на зголемени тензии меѓу Москва и Вашингтон околу Украина …

Блинкен – Лавров ќе го топат мразот меѓу САД и Русија на средба во Рејкјавик Read More »

Заев на средба со Шарл Мишел за ЕУ перспективата на Северна Македонија


Премиерот Зоран Заев изутринава ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, во последен обид во седиштето на ЕУ да ги презентира македонските аргументи за формален почеток на преговорите за членство, јави дописничката на МИА од Брисел.   Ова е втора посета на македонскиот премиер на Брисел во рок од една недела. Минатата …

Заев на средба со Шарл Мишел за ЕУ перспективата на Северна Македонија Read More »