Данска не дозволува руски навивачи во земјата за ЕУРО2020


УЕФА соопшти денеска дека не успеала во преговорите со Данска, која одбива да им дозволи влез во земјата на руските навивачи да го следат натпреварот на нивниот национален тим против данската репрезентација што во рамки од групната фаза на претстојното ЕУРО 2020 ќе се игра во Копенхаген. Поради патните рестрикции и протоколите поврзани со Ковид-19 што се на сила во нордиските …

Данска не дозволува руски навивачи во земјата за ЕУРО2020 Read More »

По неколку недели работа згасна социјалната мрежа на Трамп 


Социјалната мрежа на поренашниот претседател на САД, Доналд Трамп, пуштена во употреба минатиот месец откако тој беше баниран од Твитер и Фејсбук повеќе не работи, јави денеска Вашингтон пост.  Џејсон Милер, портпарол на Трамп, изјави дека блогот наречен „Од работната маса на Доналд Трамп“ е постојано затворен откако сите постови од веб-сајтот биле избришани.  Според …

По неколку недели работа згасна социјалната мрежа на Трамп  Read More »

Панел од Европската зелена недела: Термоелектраните на јаглен на Западен Балкан се закана за здравјето и безбедноста


Термоелектраните на јаглен на Западен Балкан се закана за здравјето и безбедноста на европското население поради зголемените емисии на штетни гасови, нагласија учесници на панел како дел од одбележување на Европската зелена недела. Термоелектраните во Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Косово и БиХ претставуваат здравствена и економска закана за стабилноста на ЕУ, бидејќи тие се …

Панел од Европската зелена недела: Термоелектраните на јаглен на Западен Балкан се закана за здравјето и безбедноста Read More »

Заев: Нема промена на даноците, секоја криза е и можност и затоа ги објавивме проектите


Нема промена на даноците. Во првите пет месеци годинава, споредено со лани, имаме 20 проценти подобрена наплата, што значи дека економијата заживува, а значајно е што инфлацијата е стабилна. Веруваме дека секоја криза, е и можност и затоа ги објавивме и овие големи проекти. Ако успеат, тоа ќе направи дополнително придвижување и на економијата, и …

Заев: Нема промена на даноците, секоја криза е и можност и затоа ги објавивме проектите Read More »

Осло: Повеќе од 540 луѓе се во карантин поради училишна прослава


Најмалку 540 луѓе се наоѓаат во карантин во главниот град на Норвешка, Осло, откако се појавило жариште на инфекција поради традиционалната прослава на матуранти, кои се возат со автобуси и пијат. Јорун Тавлов, задолжена за следење на инфекциите во западниот дел на Осло, изјави за локалните медиуми дека повеќето од случаите од новиот кластер се …

Осло: Повеќе од 540 луѓе се во карантин поради училишна прослава Read More »

Комисијата за здравство не го прифати предлог-законот за максимални цени за лекување и тестирање на пациенти со Ковид-19 во ПЗУ


Собраниската Комисија за здравство на денешната седница не го прифати Предлог-законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи, во прво читање, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Кoмисијата и владиното мнозинство сметаат дека таков предлог-закон веќе е усвоен од Собранието, изјави …

Комисијата за здравство не го прифати предлог-законот за максимални цени за лекување и тестирање на пациенти со Ковид-19 во ПЗУ Read More »

Нови правила за внесување и изнесување пари од ЕУ- строги прописи за повеќе од 10.000 евра


Новите правила за контрола на готовина и вредни предмети што влегуваат и излегуваат од ЕУ ќе стапат на сила утре, со тоа што сите патници кои влегуваат или излегуваат од ЕУ треба да пополнат декларација за готовина кога носат 10.000 евра или повеќе или противредност во други валути, како и други средства за плаќање како …

Нови правила за внесување и изнесување пари од ЕУ- строги прописи за повеќе од 10.000 евра Read More »

Славески: Стапката на раст од ветените 5 отсто годишно е само 0,7 отсто


На денешната панел дискусија „Четири години Заев, четири години украден живот. Доста е!“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше и Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој говореше за лошите политики на власта кои имаа катастрофални последици врз македонската економија. „Нема ништо лошо во спроведување на проекти, дури и програми, но ако тие се …

Славески: Стапката на раст од ветените 5 отсто годишно е само 0,7 отсто Read More »

Амбициозни проекции во новата Фискална стратегија: раст на БДП над 5 отсто, невработеноста 8,6 отсто до 2026


На среден рок, стапките на економски раст ќе надминат 5 проценти, стапката на невработеност ќе се намали на 8,6 проценти, додека стапката на вработеност ќе се искачи на 54,3 проценти, просечната плата ќе расте со просечна стапка од околу 4 проценти, бруто-инвестициите ќе се зголемат до 36,2 проценти во 2026, додека извозот ќе расте со …

Амбициозни проекции во новата Фискална стратегија: раст на БДП над 5 отсто, невработеноста 8,6 отсто до 2026 Read More »

Владата бара податоци увезениот мазут во последните десет години, Битиќи најавува одговорност


Владата вчера ги разгледала извештаите за увезениот мазут и индустриско масло, но дадени се насоки да се направи поопсежна анализа за последните десет години за сите компании кои увезувале во овој период. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска вети дека секој кој направил пропуст или злоупотреба ќе …

Владата бара податоци увезениот мазут во последните десет години, Битиќи најавува одговорност Read More »

УЕФА потврди дека може да ги исклучи Реал, Барселона и Јувентус од ЛШ


Генералниот секретар на Европската фудбалска федерација, Теодорос Теодоридис изјави дека организацијата може да ги отстрани Реал Мадрид, Барселона и Јувентус од Лигата на шампионите, бидејќи клубовите се основачи на Суперлигата. – Можно е. Ако клубовите не ги почитуваат правилата, тие можат да бидат исфрлени. Сè зависи од нив. Сите други клубови ги следеа правилата. Ова …

УЕФА потврди дека може да ги исклучи Реал, Барселона и Јувентус од ЛШ Read More »

ФИТР и Рош Македонија со 30 илјади евра поттикнуваат иновативни решенија во е-здравство


Повик за учество на првиот хакатон: „Е-Здравство”, на кој се бараат иновативни мобилни апликации или веб-сајт за подобро управување со здравствениот систем, превенција, подобро менаџирање на високоризични групи на пациенти и намалување на ризикот од малигни заболувања, објави денеска Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во соработка со компанијата  Рош Македонија и Министерство за …

ФИТР и Рош Македонија со 30 илјади евра поттикнуваат иновативни решенија во е-здравство Read More »

Дискутирани можностите за соработка на Општина Охрид и Економскиот факултет од Љубљана


Вклучувањето на Северна Македонија во Европската унија и потребата од продолжување на исполнување на обврските што стојат пред државата и покрај блокадите со кои се пролонгира почетокот на преговорите за влез во унијата, е темата на проектот што заеднички би го реализирале Општина Охрид, Стопанската комора на Северна Македонија, Економски Факултет, Универзитет – Љубљана со …

Дискутирани можностите за соработка на Општина Охрид и Економскиот факултет од Љубљана Read More »

(Видео) Дрон влета во лавата на вулкан на Исланд, снимена ерупцијата одблизу


Дрон влета во лавата на вулкан на Исланд каде што неговата камера сними зачудувачки снимки. Ерупцијата на вулканот кај Рејкјавик се случи на 19 март, потврди сеизмолог од Исланд. За неколку недели беа регистрирани дури 50.000 земјотреси на Исланд, што укажува на можна ерупција. Ерупцијата се случи во ненаселена област, па затоа лавата не предизвика …

(Видео) Дрон влета во лавата на вулкан на Исланд, снимена ерупцијата одблизу Read More »

Од денес до петок десетто јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар (BIWC)


Од 2 до 4 јуни оваа година, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, во ко-организација на здружението „Вина од Македонија”, се одржува десеттото јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар (BIWC). На натпреварот ќе биде избрано најдоброто вино на Балканот од престижно жири, чии членови ќе дојдат во нашата држава. Оваа година жирито вклучува 18 …

Од денес до петок десетто јубилејно издание на Балканскиот интернационален вински натпревар (BIWC) Read More »

Бајден во претседателската кампања примил пари од лобист на „Северен тек 2“


„Њујорк Пост“ пишува дека лобист, наводно поврзан со проектот за гасоводот „Северен тек 2“, донирал пари за кампањата на Џо Бајден, тогашен кандидат за претседател на Демократската партија, пред претседателските избори во САД во 2020 година. „Њујорк пост“ известува за информации од американската Федерална изборна комисија, кои покажуваат дека во октомври минатата година, поранешниот американски …

Бајден во претседателската кампања примил пари од лобист на „Северен тек 2“ Read More »

СЗО, СТО, ММФ и Светска банка апелираат на еднаков пристап до вакцините


Светските лидери мораат да преземат „нова обврска“ да работат на поправедна дистрибуција на вакцините против Ковид-19 на планетата со цел да се изборат против пандемијата и да го спречат „економското закрепнување во две бризини“, повикаа четирите најголеми меѓународни организации Лидерите на Светската здравствена организација (СЗО), Светската трговска организација (СТО), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската …

СЗО, СТО, ММФ и Светска банка апелираат на еднаков пристап до вакцините Read More »

Канада одобри промена на вакцината при приемот на втората доза


Научниот одбор што ја советува канадската Влада за вакцините вчера даде одобрение да може да се промени вакцината против Ковид-19 кога се прима втората доза. Поединци кои ја примиле првата доза на вакцината „АстраЗенека“ може да добијат или втора доза од истиот производител или од „Фајзер“/„БиоНТек“ или „Модерна“, соопшти Националниот советодавен комитет за имунизација (CCNI). …

Канада одобри промена на вакцината при приемот на втората доза Read More »

Светскиот шампион во планински велосипедизам, Ралф Неф, во посета на Крушево по повод изградба на велосипедски патеки


Информациите и заклучоците од посетата на тимот експерти од GFC Sports Management AG по повод изградба на велосипедски патеки во Крушево, ќе бидат претставени денеска. Прес-коференцијата на која ќе присуствува Швајцарската амбасадорка Сибил Зутер, како и претставници на Велосипедската Федерација на Македонија и велосипедската заедница, ќе се одржи на терасата на Хотел Панорамика во Крушево, …

Светскиот шампион во планински велосипедизам, Ралф Неф, во посета на Крушево по повод изградба на велосипедски патеки Read More »

Концерт „Романтична балетска вечер“ во НОБ


Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведен балетскиот концерт „Романтична балетска вечер“. Изведбата е поставена и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен, од Данска. Балетскиот концерт опфаќа две балетски дела во кореографија на Аугуст Бурнонвил од Данска, инспирирани од Франција и Шпанија. „Конзерваториумот“ од 1849 година, што претставува омаж на неговата младост …

Концерт „Романтична балетска вечер“ во НОБ Read More »