Швајцарците на референдум ги отфрлија предлозите за забрана на пестициди


Швајцарските гласачи денеска со големо мнозинство ги отфрлија предлозите за забрана на вештачки пестициди, покажуваат првичните прогнози на резултатите од денешното гласање на референдумот. Според предвидените резултати на „ГФС Берн“, 61 отсто од гласачите ги отфрлија двете јавно предложени владини иницијативи, што ќе наметне внатрешна забрана за синтетички пестициди во рок од следните 10 години …

Швајцарците на референдум ги отфрлија предлозите за забрана на пестициди Read More »

Милошоски бара Османи во среда да реферира за патоказот со Бугарија пред Комисијата за надворешна политика


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски денеска соопшти дека за среда во 15:00 часот ќе закаже седница на Комисијата и ќе го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот за којшто премиерот Зоран Заев и специјалниот пратеник Владо Бучковски го преговараат …

Милошоски бара Османи во среда да реферира за патоказот со Бугарија пред Комисијата за надворешна политика Read More »

Во Кнесетот денеска ќе се гласа за новата израелска Влада, крај на ерата на Нетанјаху


Израел се подготвува денеска да сврти нова страница во својата историја, кога новото парламентарно мнозинство на гласање во Кнесетот треба да ја потврди „коалицијата за промени“ и со тоа да стави крај на владеењето на Бенјамин Нетанјаху, најдолго во историјата на земјата. Кнесетот се состанува на вонредна седница во 13 часот по Гринич (16 часот …

Во Кнесетот денеска ќе се гласа за новата израелска Влада, крај на ерата на Нетанјаху Read More »

Најмалку 11 загинати во експлозија на гас во трговски центар во Кина


Во експлозија на природен гас во провинцијата Хубеи, во централна Кина, утринава загинаа 11 лица, а 37 се посериозно повредени, јавија државните медиуми, пренесе ДПА. Експлозијата се случила на пазарот со зеленчук во градот Шијан, утринава, околу 6:30 часот по локално време (синоќа во 22:30 часот по Гринич), наведува владиниот радиодифузер ЦЦТВ. Големиот трговски комплекс, …

Најмалку 11 загинати во експлозија на гас во трговски центар во Кина Read More »

Шахпаска: Ги штитиме правата на работниците, тие се највредниот капитал што го имаме


Законското решение што го усвои Владата, а предвидува недела да биде неработен ден односно ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците. Со ова решение ние ги штитиме правата и на тие работници што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со …

Шахпаска: Ги штитиме правата на работниците, тие се највредниот капитал што го имаме Read More »

На последниот ден од самиот на Г7 фокусот ќе биде на борбата против климатските промени


На последниот ден од самитот на Г7 во Корнвол, во  Англија, шефовите на држави и влади на седумте најразвиени змеји во светот планираат да се фокусираат на расправата за борбата против климатските промени, јави ДПА. Домаќинот Велика Британија сака оваа средба на највисоко ниво да ја искористи да ги убеди седумте водечки економски сили во …

На последниот ден од самиот на Г7 фокусот ќе биде на борбата против климатските промени Read More »

Општина Центар: Отстранетите дрва на улицата „Орце Николов“ ќе бидат заменети со нови и ќе се зачува целиот дрворед


Општина Центар ја информира јавноста дека останува посветена на остварување на заложбите за создавање на чиста, уредна и еколошка општина, општина која треба да претставува пример за другите општини во државата и оттука, во целост го разбира најавениот протест за денеска на граѓаните по повод сечењето на дрвата на улицата „Орце Николов“ и потполно го …

Општина Центар: Отстранетите дрва на улицата „Орце Николов“ ќе бидат заменети со нови и ќе се зачува целиот дрворед Read More »

Африка има очајна потреба од вакцини против Ковид-19


Во глобалната трка за вакцинација против Ковид-19, Африка е на крајот од ред и тоа е трагедија. Всушност, континентот едвај ја мина почетната линија. Во Јужноафриканската Република (Јужна Африка), која има најсилна економија на континентот и најголем број на случаи со коронавирус, само 0,8 проценти од популацијата е целосно вакцинирана, се наведува во светската база …

Африка има очајна потреба од вакцини против Ковид-19 Read More »

Возбудата расте и кај фудбалерите и кај навивачите – македонската репрезентација против Австрија дебитира на ЕП


На третиот ден од ЕВРО 2020, дебитантски настап на едно големо фудбалско натпреварување ќе има македонската фудбалска репрезентација. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски попладне со почеток во 18 часот, на „Национална арена Букурешт“ во романската престолнина ќе се соочат со репрезентацијата на Австрија. Во двата досегашни натпревара, Австријците победија со 2:1 во Виена и со …

Возбудата расте и кај фудбалерите и кај навивачите – македонската репрезентација против Австрија дебитира на ЕП Read More »

Продолжени актуелните правила за влез во Грција


Потврда за завршена вакцинација или негативен ПЦР тест или потврда за прележан Ковид-19, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез во Грција, согласно новата министерска одлука на грчката Влада во која актуелните правила се продолжени за уште една седмица, односно до 21 јуни 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина. …

Продолжени актуелните правила за влез во Грција Read More »

Државан првак по само три месеци активно работа со бокс


Енес Палазоски (26) од Кичево ќе биде запаметен како еден од ретките случаи во спортот, кој по само три месеци активна работа во боксот стана и државен првак. Тој и во полуфиналето и финалето ги победи своите противници со технички нокаут. Негов идол во спортот е бестрашниот борец Мајк Тајсон и себе си се гледа …

Државан првак по само три месеци активно работа со бокс Read More »

Бразилскиот претседател Болсонеро казнет за неносење маска


Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е казнет со 108 долари за учество на мотоциклистички настан во државата Сао Паоло, на кој не носеше маска и не ги почитуваше другите превентивни мерки. Илјадници моторџии учествуваа вчера на собирот „Да забрзаме за Христа“ во Сао Паоло. Претседателот на екстремната десница излезе на чело на поворката со отворен шлем …

Бразилскиот претседател Болсонеро казнет за неносење маска Read More »

Најмалку 16 загинати во напад врз болница во сирискиот град Африн


Најмалку 16 лица, вклучувајќи и 11 цивили, се убиени во вчерашните напади врз градот Африн во Сирија, каде е бомбардирана болница во секторот под контрола на антитурските бунтовници, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права. Лекар, три медицински лица, три жени и едно дете, како и еден бунтовнички командант се меѓу жртвите на бомбардирањето, …

Најмалку 16 загинати во напад врз болница во сирискиот град Африн Read More »

Разликите со Бугарија остануваат, каков ќе биде исходот од претстојниот самит на ЕУ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека не може да каже точно каков ќе биде исходот од претстојниот самит на ЕУ и дали Република Северна Македонија ќе ги почне преговорите со Унијата во јуни, оти остануваат разликите со Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пак, порачува дека нашата позиција е јасна: ние сме …

Разликите со Бугарија остануваат, каков ќе биде исходот од претстојниот самит на ЕУ Read More »

Продолжува трендот на мал процент позитивни од тестираните на Ковид-19, вакцинацијата се одвива непречено


Дваесет и еден нов случај на КОВИД-19 од направени 4.370 тестирања, еден починат и седум оздравени пациенти се регистрирани вчера. На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава вкупно се лекуваат 101 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 530 празни болнички кревети во ковид центрите. Поради намалениот број на …

Продолжува трендот на мал процент позитивни од тестираните на Ковид-19, вакцинацијата се одвива непречено Read More »

СЗО: На светот му требаат повеќе вакцини од ветените дози на самитот на Г7


Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО) ги поздрави најавите од самитот на Групата седум најразвиени индустриски земји (Г7) за обезбедување вакцини против коронавирусот, но истакна дека на светот му требаат многу повеќе вакцини и дека тие треба побрзо да пристигнат. -Им кажав на лидерите на Г7 дека нашиот предизвик е – за навистина да …

СЗО: На светот му требаат повеќе вакцини од ветените дози на самитот на Г7 Read More »

Дел од автобусите во Скопје ќе сообраќаат по изменети траси


Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека денеска во период од 7 до 10 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените, поради одржување на уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”. Изменет режим на сообраќање ќе имаат линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, …

Дел од автобусите во Скопје ќе сообраќаат по изменети траси Read More »

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и ветер


Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град. Максималната температура ќе се движи од 21 …

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и ветер Read More »

Продолжи натпреварот Данска – Финска


Натпреварот во рамки на ЕУРО2020 меѓу репрезентациите на Данска и Финска продолжи вечерва во 20:30 часот по 90-ет минутен прекин, откако данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на теренот во финишот на првото полувреме. На барање на двете репрезентации, откако пристигнаа вести дека Ериксен е во стабилна здравствена состојба, УЕФА даде согласност по вечерашниот итен состанок …

Продолжи натпреварот Данска – Финска Read More »

Невреме во Грција, еден загинат во Солун


Делови на Грција денеска беа зафатени од силно невреме, а во Солун загина маж откако со автомобилот бил повлечен од надојдената вода предизвикана од обилниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел од Солун, додека пак во тек …

Невреме во Грција, еден загинат во Солун Read More »