Талибанците подготвени да ја преземат контролата над аеродромот во Кабул


Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид изјави дека припадниците на движењето држат поединечни позиции на аеродромот во Кабул и оти се поодготвени мирно да ја преземат контролата кога ќе се повлечат американските војници. Талибанците распоредија дополнителни сили пред аеродромот во Кабул за да спречат собирање на поголеми групи луѓе по бомбашкиот напад на 26 август, при …

Талибанците подготвени да ја преземат контролата над аеродромот во Кабул Read More »

Меси прв пат во составот и може да дебитира за ПСЖ денес против Ремс


За прв пат, напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси беше вклучен во составот на тимот за натпреварот од шампионатот на Франција. Триесет и четиригодишниот Аргентинец може да дебитира за парижаните вечер во 4. коло против Ремс. Напаѓачите Нејмар и Килијан Мбапе исто така се вклучени во составот од 22 луѓе. Дефанзивецот Серхио Рамос продолжува да …

Меси прв пат во составот и може да дебитира за ПСЖ денес против Ремс Read More »

Ида прерасна во категорија 4, Луизијана го очекува најсилниот ураган во последните 150 години


Луизијана го очекува ударот на ураганот Ида, кој прерасна во категорија 4 и како што велат тамошните функционери, ќе биде најсилниот кој ја погодил оваа сојузна држава во САД, во последните 150 години. Најновата бура доаѓа на годишнината на исто така смртоносниот ураган Катрина, кој беше од категорија 5 и ја погоди Луизијана пред 16 …

Ида прерасна во категорија 4, Луизијана го очекува најсилниот ураган во последните 150 години Read More »

Сингапур изби на врвот според бројот на вакцинирани против Ковид-19


Во Сингапур 80 проценти од 5,7 милиони жители се вакцинирани со две дози против Ковид-19, објави на Фејсбук министерот за здравство Онг Је Кунг. Со тоа Сингапур е прва земја во светот со најголем процент на вакцинирани луѓе. Сингапурските власти претходно најавија дополнително намалување на ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19. 

Почнува реализацијата на најголемата инвестиција во преносната електроенетргетска мрежа, вредна 50 милиони евра


Најголема инвестиција во македонската преносна електроенергетска мрежа, вредна 50 милиони евра, која е од огромно регионално значење, вака премиерот Зоран Заев ја најави изградбата на трансформаторската станица Охрид која со влез и излез ќе биде поврзана на новиот 400 киловолтен интерконективен далекувод Битола, Северна Македонија и Елбасан, Албанија. Проектот се очекува да биде завршен во …

Почнува реализацијата на најголемата инвестиција во преносната електроенетргетска мрежа, вредна 50 милиони евра Read More »

(Видео) Обраќање на премиерот Зоран Заев


Проследете го обраќањето на премиерот Зоран Заев на почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8.

Алегри: Јувентус загуби пет бода на почетокот на сезоната, но ние мора да учиме од ова


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги кажа своите впечатоци по првите две кола во новата сезона во Серија А. Неговиот тим во првото коло одигра нерешено, а синоќа во втората рунда загуби дома од Емполи (0:1). – Мораме да бидеме трпеливи, да играме како тим и да не се обидуваме да ги решаваме проблемите изолирано. …

Алегри: Јувентус загуби пет бода на почетокот на сезоната, но ние мора да учиме од ова Read More »

МОН: Во вторник истекува рокот за пријавување за 2.400 денари субвенциониран студентски оброк


На 31 август, вторник, истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк наменет за сите редовни студенти на државните и приватните универзитети во државата. Според проценките на Министерството за образование и наука (МОН), се очекува ова право да го искористат околу 40.000 студенти. До сега се пријавени 15.627. -Тековните студенти, денеска и утре да го …

МОН: Во вторник истекува рокот за пријавување за 2.400 денари субвенциониран студентски оброк Read More »

Бајден задрема на средбата со премиерот на Израел


Американскиот претседател Џо Бајден задремал на средбата со премиер на Израел, Нафтали Бенет во Белата куќа за усогласување на ставовите кон Иран. Средбата Бајден – Бенет се одржа пред два дена, од која се очекува да се намалат тензиите помеѓу САД и Израел настанати за време на мандатите на поранашниот американски претседател Доналд Трамп и …

Бајден задрема на средбата со премиерот на Израел Read More »

Радовишките рудници „Бучим“ и „Боров Дол“ го одбележаа Денот на рударите


Рудниците за бакар „Бучим“ и „Боров Дол“ во Радовиш синоќа го одбележаа Денот на рударите. Официјалната свеченост се одржа во новоотворениот рудник за бакар Боров Дол, со почитување на КОВИД мерките и протоколите. Раководството на рудниците за бакар „Бучим“ и „Боров Дол“ на сите свои вработени им доделија парични награди во чест на нивното залагање …

Радовишките рудници „Бучим“ и „Боров Дол“ го одбележаа Денот на рударите Read More »

САД елиминираа двајца припадници на ИД во Авганистан


Американската војска соопшти дека во синоќешниот напад со дрон загинале двајца припадници на авганистанскиот огранок на Исламска држава. Претходно армијата на САД соопшти дека во нападот во авганистанската провинција Нангархар загинал еден припадник на ИД. Тоа беше прва официјална американска воена операција по самоубиствените напади на авганистанскито огранок на ИД врз аеродромот во Кабул на …

САД елиминираа двајца припадници на ИД во Авганистан Read More »

Даштевски: Кон крајот на следната недела пристигаат првите апарати за изборите


Кон крајот на следната недела се очекуваат да пристигнат првите уреди за биометриска идентификација на гласачите, а во понеделник во земјава треба да пристигнат инженерите од Германија, изјави вечерва претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Во централниот дневник на телевизија „Сител“, Даштевски рече дека првите апарати требало веќе да стигнат, но оти се …

Даштевски: Кон крајот на следната недела пристигаат првите апарати за изборите Read More »

Вакцинирани вкупно 712.338 граѓани, 51 процент над 40 години имаат примено една доза


Министерството за здравство вечерва соопшти дека заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.530 граѓани, а вкупно се вакцинирале 13.296 граѓани. Вакцинацијата, како што велат од МЗ, се одвива непречено на сите пуктови низ државата, а во тек е и теренската вакцинација. Досега вкупно се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а …

Вакцинирани вкупно 712.338 граѓани, 51 процент над 40 години имаат примено една доза Read More »

Како изгледа внатрешноста на Гига фабриката на „Тесла“ во Шангај


Компанијата „Тесла“ неодамна објави видео од внатрешноста на нејзината Гига фабрика во Шангај. Промотивното видео нуди поглед на многуте автоматизирани линии за моделите Y и Model 3 EV. Фабриката од 9,3 милиони квадратни метри се наоѓа во Линганг, што е малку повеќе од еден час југоисточно од Шангај. Видеото првично беше објавено на кинеската платформа …

Како изгледа внатрешноста на Гига фабриката на „Тесла“ во Шангај Read More »

Студија: Ризикот од хоспитализација се удвојува со делта варијантата


Луѓето кои се заразени со многу заразната делта варијантата имаат двојно поголема веројатност да бидат хоспитализирани отколку оние кои се заразени со варијантата алфа, покажува новата голема британска студија Резултатите од една нова студија сугерираат дека делта варијантата може да предизвика потешка болест од другите варијанти на корона вирусот. Студијата, објавена во списанието The Lancet …

Студија: Ризикот од хоспитализација се удвојува со делта варијантата Read More »

Од понеделник во продажба билети за натпреварот со Ерменија


Македонската фудбалска репрезентација во вторник во Скопје против Ерменија ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година во Катар. Како што објави денеска Фудбалската федерација на Македонија, билетите за дуелот против водечката репрезентација во квалификациската група Ј ќе бидат пуштени во продажба од понеделник. Билетите по цена од 300 денари ќе можат …

Од понеделник во продажба билети за натпреварот со Ерменија Read More »

„Адора инженеринг“ на 19. роденден донира медицински апарат во Радовиш 


Новата донација за 19-годишнината на Адора инженеринг – автоматски хематолошки анализатор кој ќе направи пресврт во хематологијата во Здравствениот дом во Радовиш   Адора инженеринг, 19-годишнината од основањето на компанијата, ја одбележа со уште една нова донација. Овој пат, согласно условите на новото време во кое живееме, речиси година и пол на Ковид 19 криза …

„Адора инженеринг“ на 19. роденден донира медицински апарат во Радовиш  Read More »

Заработија милијарда евра од видео игра, а сега најбогатите Словенци започнуваат бизнис со органско производство во Србија


Креаторите на планетарно познатата видео игра Toking Tom, која некогаш го полуде целиот свет, Словенците Иза и Само Логин ја продадоа компанијата за милијарда долари и купија повеќе од 4.000 хектари земја во Банат, каде што планираат да се занимаваат со органско производство, пишуваат медиумите во регионот. Српскиот министер Бранислав Недимовиќ потврди дека тоа е …

Заработија милијарда евра од видео игра, а сега најбогатите Словенци започнуваат бизнис со органско производство во Србија Read More »

Савевски и следните две години селектор на женските ракометни репрезентации


Ракометната федерација на Македонија го именува Љубомир Савевски за селектор и координатор на националните селекции во женска конкуренција. – Љубомир Савевски функцијата Координатор на националните женски селекции ја извршување во период јуни – август 2021 година на Шампионатите кои се одржуваа во Скопје и Клаипеда, каде имаше извонреден успех со генерацијата У-17 кое се одржуваше …

Савевски и следните две години селектор на женските ракометни репрезентации Read More »

Хрватското министерство за здравство остана без интернет домен, го откупиле Бугари


Информативниот систем на Министерството за здравство, како што дознава Јутарњи лист, денеска паднал, поради што корисниците цел ден не можеле да добијат сертификати за Ковид -19 преку Интернет, а сето ова се случило бидејќи Министерството за здравство не ја продолжило употребата на стариот mzss.hr домен на кој се наочени другите домени од системот. Во системот …

Хрватското министерство за здравство остана без интернет домен, го откупиле Бугари Read More »