Алегри: Јувентус загуби пет бода на почетокот на сезоната, но ние мора да учиме од ова


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги кажа своите впечатоци по првите две кола во новата сезона во Серија А.

Неговиот тим во првото коло одигра нерешено, а синоќа во втората рунда загуби дома од Емполи (0:1).

– Мораме да бидеме трпеливи, да играме како тим и да не се обидуваме да ги решаваме проблемите изолирано. Треба да работиме понапорно, но овие два кикса неизбежно ќе ни користат. Не можеме да претпоставиме дека ќе преземеме иницијатива и ќе го контролираме секој натпревар. Потребна ни е смиреност што ја има секој одличен тим. Очигледно, загубивме пет бода, но мора да учиме од ова, изјави Алегри.

Јувентус пред почетокот на сезоната остана без својот најдобар фудбалер, Кристијано Роналдо. Португалскиот напаѓач се пресели во Манчестер јунајтед.

Во следното коло Јувентус ќе игра на гости кај Наполи.

Тренерот на Емполи, Аурелио Андреацоли како историски го оцени подвигот којшто го направија неговите фудбалери со победата над Јувентус синоќа во второто коло во Серија А.

– Им реков на моите играчи дека можат да го направат тоа. Сега видоа дека е можно. Сите сме исти, имаме две нозе, две раце и срце. Ова е денот за кој можеме да им раскажуваме на нашите внуци. Не само резултатот, туку и одлична игра против овие шампиони. Момците успеаја да добијат дополнителен слободен ден, бидејќи ме убедија да им дадам малку одмор. Тие го заслужуваат тоа затоа што направија многу добра работ, истакна Андреацоли.

Емполи со три бода по првите две кола е на 11. место. Во следното коло Емполи ќе игра со Венеција.