Хрватското министерство за здравство остана без интернет домен, го откупиле Бугари


Информативниот систем на Министерството за здравство, како што дознава Јутарњи лист, денеска паднал, поради што корисниците цел ден не можеле да добијат сертификати за Ковид -19 преку Интернет, а сето ова се случило бидејќи Министерството за здравство не ја продолжило употребата на стариот mzss.hr домен на кој се наочени другите домени од системот.
Во системот за е-граѓани, корисниците ги дочекала порака дека „поради технички потешкотии и недостапност на регистри на здравствениот систе оневозможено е издавање ЕУ дигитални КОВИД сертификати“, пренесе порталот СЕЕбиз.

Според неофицијални информации од Јутарњи лист, доменот mzss.hr, кој функционираше додека министерството се уште се нарекуваше Министерство за здравство и социјална заштита, и на кој биле насочени сите други постоечки домени од здравствениот систем, како што се zdravljе.hr и miz. hr, бил купен од бугарска компанија и веднаш бил понуден на продажба.

Имено, Министерството за здравство не ја продолжило употребата на тој домен и тој беше автоматски достапен за продажба. Во меѓувреме, доменот беше продаден и на канадска компанија, така што податоците од здравствените регистри не можеа да се повлечат.

Министерот за здравство, Вили Берош, за Јутарња потврди дека имале проблеми, а ист одговор испрати и портпаролот, но тие се уште не одговорија на дополнителните прашања.

– Во период од еден час имаше проблеми со серверот за доменски имиња (DNS), кои сега се отстранети, а регистарот на здравствениот систем повторно е достапен за издавање на дигитални сертификати на ЕУ – тврди Берош.