Арсовска ги собра потписите за кандидатурата за градоначалничка на Град Скопје


Независната кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва на Фејсбук објави дека ги собрала потребните потписи за нејзината кандидатура. Таа заблагодарувајќи им се на скопјани за потписите, побара поддршка од сите граѓани и партии и истакна дека влегува во оваа трка со чисто срце и јасна визија.  -Денешниот ден го завршуваме со собрани потписи …

Арсовска ги собра потписите за кандидатурата за градоначалничка на Град Скопје Read More »

МЗ: Починатиот 24 годишен ресенчанец побарал да се лекува дома


Дваесет и четири годишникот ресенчанец кој почина како последица на Ковид-19 одбил да остане на болничко лекување и побарал да биде пуштен на домашно лекување, велат од Министерството за здравство.  Од таму велат дека на инфективното одделение во болницата во Битола бил примен на 24 август како суспектен на болеста. Бил во тешка здравствена состојба, …

МЗ: Починатиот 24 годишен ресенчанец побарал да се лекува дома Read More »

Нова странска компанија сака да гради фабрика во штипската ТИР зона


Новa странска компанија ќе влезе во ТИР зоната во Штип, најави денеска од Штип, директорот на Дирекцијата за ТИР зони, Јован Деспотовски. Тој истакна дека писмото за немера за инвестирање од компанијата пристигнало вчера во дирекцијата. -Да ги завршиме разговорите со нив, очекувам дека до крајот на годината ќе можеме да ги објавиме. Тоа значи …

Нова странска компанија сака да гради фабрика во штипската ТИР зона Read More »

Кристијано Роналдо се враќа во Манчестер јунајтед, потврди клубот


Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед соопшти попладнево дека договорил враќање на Португалецот Кристијано Роналдо од Јувентус во своите редови. Клубот од „Олд Трафорд“ додаде дека до реализација на трансферот преостанува уште Роналдо да ги договори личните услови и да ги мине задолжителните медицински прегледи. Британските и италијанските медиуми јавија дека вредноста на трансферот изнесува 25 милиони евра. …

Кристијано Роналдо се враќа во Манчестер јунајтед, потврди клубот Read More »

Бајден и даде на воената команда целосна слобода за борба против ИД


Американскиот претседател Џо Бајден „ги даде сите неопходни овластувања“ на командата на американските вооружени сили да спроведе операции против целите на „Исламска држава“, соопшти Белата куќа. Помошниците на американскиот претседател го известиле дека е можен нов напад во Кабул. Бајден исто така бил информиран дека периодот до 31 август ќе биде најопасен. – Следните неколку …

Бајден и даде на воената команда целосна слобода за борба против ИД Read More »

Американската војска може да смести до 50.000 Авганистанци во САД


Американските вооружени сили можат привремено да сместат до 50.000 евакуирани Авганистанци во нивните бази во САД, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана, Џон Кирби. Претходно, вооружените сили соопштија дека капацитет е повеќе од 20.000 луѓе. Приемот на дополнителни Авганистанци сега е возможен бидејќи војската отвора уште три бази за да ги прими евакуираните лица, …

Американската војска може да смести до 50.000 Авганистанци во САД Read More »

Филипче: Пациентот на кој во средата му беше трансплатирано срце полека се опоравува


Во одделот за интензивна нега при Универзитетската клиника за кардиохирургија, постепено се опоравува пациентот на кој му беше трансплантирано срце во средата, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој на својот фејсбук профил истакна дека е задоволен од завршената операција и се заблагодари на хуманоста на семејството на починатата донорка. -Благодарение на хуманоста на фамилијата …

Филипче: Пациентот на кој во средата му беше трансплатирано срце полека се опоравува Read More »

Во Дебар нов негативен рекорд – 32 новозаразени со Ковид-19


Во последното деноноќие, во Дебар, регистриран е нов негативен рекорд од 32 новозаразени што е  највисока бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата на ова подрачје. Во исто време починато е едно лице на 54-годишна возраст, жител на градот, а во списокот на оздравени се внесени седум лица. -Ова е последователна висока бројка на новозаразени, …

Во Дебар нов негативен рекорд – 32 новозаразени со Ковид-19 Read More »

Битиќи: Платите во рударскиот сектор се за 36,8 проценти повисоки од просечните


Заложбите на Владата се  рударството како гранка да продолжи да се развива во согласност со најдобрите достапни техники и технологии, како и со меѓународните договори кои ги имаме потпишано за исполнување на светските стандарди за грижата за животната средина, условите за работа, но и животниот стандард на рударите во нашата земја, порача денеска вицепремиерот за …

Битиќи: Платите во рударскиот сектор се за 36,8 проценти повисоки од просечните Read More »

Од Ковид-19 почина 24 годишно момче од Ресен, требаше да слави роденден


Примен со масивна бронхопневмонија и со тешкотии во дишењето младото момче ја изгуби битката со опасниот вирус Анета Блажевска Уште една трагедија ја потресе Преспа. Момче од Ресен на 24 години утрово почина на Инфективното одделение во Битола како последица од Ковид-19. Вчера, на денот на роденденот наместо да го слави животот, лекарите во битолското …

Од Ковид-19 почина 24 годишно момче од Ресен, требаше да слави роденден Read More »

Трговските центри на колена, со новите мерки посетеноста и прометот преполовени


Со новите мерки веќе прометот и посетеноста се намалени за 40 до 50 отсто. Трговците предупредуваат дека тоа ќе значи силен удар врз стопанските субјекти и влез во подлабока економска криза   Трговските центри зјаат полупразни по стапување во сила на најновите мерки со кои влегувањето во нив е условено со поседување вакцинален сертификат или …

Трговските центри на колена, со новите мерки посетеноста и прометот преполовени Read More »

Лига на Европа: Елмас со Наполи против Лестер, Динамо против Вест Хем, поволнa групa за Црвена Звезда


Во Истанбул попладнево се одржа ждрепката за групната фаза од фудбалската Лига на Европа за сезоната 2021/22. Состав на групите: Група А: Лион, Ренџерс, Спарта, Брондби Група Б: Монако, ПСВ, Реал Сосиедад, Штурм Група Ц: Наполи, Лестер, Спартак, Легија Група Д: Олимпијакос, Ајнтрахт Франкфурт, Фенербахче, Антверпен Група Е: Лацио, Локомотив Москва, Марсеј, Галатасарај Група Ф: …

Лига на Европа: Елмас со Наполи против Лестер, Динамо против Вест Хем, поволнa групa за Црвена Звезда Read More »

„Реал“ подготвува црвен тепих за Мбапе


Раководството на Реал започна да ја подготвува презентацијата на напаѓачот Килијан Мбапе, чие официјално потпишување ќе се случи в недела, пренесува „Марка“. Презентацијата може да се одржи во две сценарија: Мадрид ќе добие отворен простор во тренинг базата и, ако сé оди според планот, овој проект ќе се спроведе на 9 или 10 септември. Втората …

„Реал“ подготвува црвен тепих за Мбапе Read More »

Деспотовски – Холштајн: Течат преговорите за нови германски вложувања


Статусот на преговорите со неколку поголеми германски компании, од кои дел нови инвеститори, за реализација на нови вложувања во следните две – три години, беше презентиран на денешната средба на директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн. На средбата стана збор и за …

Деспотовски – Холштајн: Течат преговорите за нови германски вложувања Read More »

Хрватскиот БДП се вивна рекордни 16,1 отсто во вториот квартал


Хрватската економија порасна за 16,1 проценти на годишно ниво во вториот квартал, прв раст по четири квартали пад, најголем од 1996 година, од кога Државниот завод за статистика (ДЗС) ги следи податоците. ДЗС во петокот ја објави првата процена дека бруто домашниот производ (БДП) пораснал за 16,1 отсто во последниот квартал во однос на истиот …

Хрватскиот БДП се вивна рекордни 16,1 отсто во вториот квартал Read More »

Бочварски: Капиталните инвестиции растат, се очекува 80 проценти реализација


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не се согласува со тврдењето дека реализацијата на капиталните инвестиции е ниска. Очекува капиталните инвестиции да растат бидејќи сега е период на градежни активности и на крајот на годината на ниво на држава да има 80 проценти реализација. – Во транспорт и врски имаме добро темпо на реализација …

Бочварски: Капиталните инвестиции растат, се очекува 80 проценти реализација Read More »

НБ: Финансискиот сектор добро се справува со ризиците од корона-кризата


Покрај редовниот макрострес-тест, за првпат беше спроведено и сеопфатно и конзистентно, индивидуално стрес-тестирање, за секоја банка поединечно   Домашниот финансиски сектор во целина досега добро се справува со ризиците од пандемијата и е подготвен да одговори на предизвиците и во следниот период. Постепеното закрепнувањето на економијата, коешто е во тек, позитивно придонесува за стабилноста и …

НБ: Финансискиот сектор добро се справува со ризиците од корона-кризата Read More »

Црногорците за еден месец ќе знаат дали имаат нафта и гас во близина на брегот


Црна Гора до крајот на септември ќе има прелиминарни податоци за квалитетот и потенцијалот на наоѓалиштата на нафта и гас на нејзиниот јужен брег, објави во средата црногорската влада. Недалеку од најужниот град на Црна Гора на Јадранот, Улцињ, италијанско-рускиот конзорциум Ени и Новатек кон крајот на март започнаа со дупчење на првата бушотина за …

Црногорците за еден месец ќе знаат дали имаат нафта и гас во близина на брегот Read More »

Форбс излегува на берза со иницијална понуда од 600 милиони долари


Деловниот магазин Форбс објави дека Форбс Глобал медиа холдингс ќе и Magnum Opus Acquisition Limited, SPAC (Special Purpose Acquisition Company) компанија фокусирана на технологија и медиуми, на крајот на годината ќе ги стават акциите на Форбс на почетна јавна понуда (ИПО). Форбс планира да собере преку 600 милиони долари преку ИПО. Целта, како што објавија, …

Форбс излегува на берза со иницијална понуда од 600 милиони долари Read More »

Во Црна Гора запленети 1,5 тони кокаин, најголема заплена на дрога досега


Во Црна Гора запленети 1,5 тони кокаин Подгорица, 27 август 2021 (МИА) – Црногорската полиција синоќа откри и конфискува околу 1,5 тони кокаин во Подгорица. Во полициската операција приведени се повеќе луѓе, објавија црногорските медиуми. Тоа е најголема заплена на дрога досега во Црна Гора.