Како ривалството да не премине во конфликт – Бајден и Си разговараа телефонски час и половина


Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг имаа телефонски разговор кој траеше 90 минути. „Вчерашниот разговор беше исполнет со почитување и искреност, без предавања и надменост, рече портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки. „Двајцата државници разговараа за можностите како конкуренцијата меѓу двете најразвиени светски економии да не се претвори во конфликт“, објави …

Како ривалството да не премине во конфликт – Бајден и Си разговараа телефонски час и половина Read More »

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја


Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа утре од 8:00 до 18:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информираат од ЕВН Македонија АД, во вој период екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и модернизирање на мрежата со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија …

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја Read More »

Поради асфалтирање сообраќајот на патниот правец Прилеп – Ленишки мост по една лента


Сообраќајот на патниот правец А1К1 Прилеп – Ленишки  мост од вчера се одвива наизменично по една коловозна лента заради асфалтирање, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните …

Поради асфалтирање сообраќајот на патниот правец Прилеп – Ленишки мост по една лента Read More »

Ѓоковиќ избори финале на УС Опен по драма во пет сета против Зверев


Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на УС Опен откако во пет сета го совлада Александар Зверев со резултат 4:6, 6:2, 6:4, 4:6, 6:2. Германскиот тенисер го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата, особено во првиот и во четвртиот сет што ги освои, но Ѓоковиќ сепак беше подобар во првиот меч во пет сета …

Ѓоковиќ избори финале на УС Опен по драма во пет сета против Зверев Read More »

Преспанскиот договор и новите македонско-грчки еду-хоризонти


Академските заедници од Северна Македонија и Грција со Преспански договор добија нови еду-хоризонти за меѓусебна меѓународна соработка. Тоа е посебно овозможено со членот 15 од Договорот кој се однесува на соработката во сферата на науката, образованието и истражувањата, креативно поле за македонските и грчките високо стручни експерти. Членот 15 во Преспанскиот договор е win-win ситуација, …

Преспанскиот договор и новите македонско-грчки еду-хоризонти Read More »

Бајден во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од нападите на 11 септември повика на национално единство


Американскиот претседател Џо Бајден повика на национално единство пред 20 – годишнината од терористичките напади на 11 септември 2001 година во САД. Во видео запис во Белата куќа, објавен и на Твитер, Бајден им оддаде почит на загинатите во нападите и илјадниците повредени, како и пожарникарите, медицинските сестри и многу други кои загинаа или ризикуваа …

Бајден во пресрет на одбележувањето на 20-годишнината од нападите на 11 септември повика на национално единство Read More »

Денеска на полноќ завршува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори


Најголем дел од учесниците на локалните избори, политички партии и независни кандидати го чекаат последниот ден да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври. Кандидатурите се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до денеска на полноќ. ОИК ќе имаат свои тимови кои ќе дежураат до завршувањето на рокот за да овозможат кандидатурите …

Денеска на полноќ завршува рокот за поднесување кандидатури за локалните избори Read More »

Северна Македонија и Грција чекор поблиску до изградбата на интерконекторот за природен гас


Националните компании за пренос на гас од Северна Македонија и Грција, НЕР и ДЕСФА вчера во Солун потпишаа Договор за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас, што е уште еден чекор поблиску до изградбата, но и нешто што според вицепремиерот Фатмир Битиќи „ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален …

Северна Македонија и Грција чекор поблиску до изградбата на интерконекторот за природен гас Read More »

За еден месец 26 илјади позитивни на корона, од нив 19 отсто биле целосно вакцинирани


Бројот на активни случаи во земјава изнесува 13.166 од кои најголем број 5.731 се во Скопје. Во Тетово има 1.192 активни случаи, во Куманово – 859, Гостивар – 726, Струга – 618, Охрид – 554, Струмица – 543, Кичево – 494, Прилеп – 269, Битола – 266… Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно …

За еден месец 26 илјади позитивни на корона, од нив 19 отсто биле целосно вакцинирани Read More »

ДПС нема да го поддржи Румен Радев за втор претседателски мандат  


Парламентарната партија Движење за права и слободи нема да го поддржи Румен Радев на претстојните претседателски избори во Бугарија, изјави пратеникот од партијата Јордан Цонев во емисијата „Панорама“ на Бугарската национална телевизија. Според дописникот на МИА во Софија, причина за одлуката бил дијалогот меѓу претседателот Радев и лидерот на ДПС Мустафа Карадај за време на …

ДПС нема да го поддржи Румен Радев за втор претседателски мандат   Read More »

Променливо облачно и потопло, температурата до 31 степен


Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло, со услови за појава на краткотраен дожд во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните температури ќе се движат од 21 до 31 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и потопло со дневна температура до 29 …

Променливо облачно и потопло, температурата до 31 степен Read More »

Конституиран десеттиот плурален албански законодавен дом, прв парламентарец македонска снаа, политичките тензии се зголемуваат


Со политички тензии, не само меѓу опозицијата и владејачкото мнознство, туку и во редовите на опозицската Демократска партија, вчера претпладне започна со работа десеттиот состав на албанскиот законодавен дом, со враќање на опозицијата во собраниската сала, која ја напушти во февруари 2019 година. Според Деловникот, како највозрасна меѓу народните избраници, седницата ја водеше Лулјета Бозо …

Конституиран десеттиот плурален албански законодавен дом, прв парламентарец македонска снаа, политичките тензии се зголемуваат Read More »

Битиќи: Интерконекторот со Грција можност да станеме регионален центар за снабдување со гас во Југоисточна Европа


Изградбата на интерконекторот со Грција ќе ни даде можност да се позиционираме како регионален центар за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа, истакна заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи за време на неговото учество на панел дискусија на енергетскиот …

Битиќи: Интерконекторот со Грција можност да станеме регионален центар за снабдување со гас во Југоисточна Европа Read More »

За ВМРО-ДПМНЕ оставката на Филипче не е доволна


За опозициската ВМРО-ДПМНЕ оставката на министерот за здравство Венко Филипче не е доволна, од таму порачуваат дека е потребна оставка и од премиерот Зоран Заев, бидејќи според нив само така ќе се гарантира независна истрага. „Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на …

За ВМРО-ДПМНЕ оставката на Филипче не е доволна Read More »

Линдита Никола – нова претседателка на албанскиот Парламент, опозицските пратенци ги кинеа гласачките ливчиња


На продолжението на првата седница на албанскиот парламент, доцна попладнево беа верификувани мандати на 140-те пратеници, меѓу нив и на Сали Бериша, кој откако дадоа заклетва, ја напушти собраниската сала. Седницата продолжи со изборот на претседател. Предлогот за Линдита Никола го дадоа 16 пратенички од социјалистичката партија и лидерот Еди Рама. На тајното гласање учествуваа …

Линдита Никола – нова претседателка на албанскиот Парламент, опозицските пратенци ги кинеа гласачките ливчиња Read More »

Потпишан договорот изградба на интерконекторот за природен гас со Грција


На маргините на Енергетскиот форум за Југоисточна Европа што денеска се одржува во Солун, извршниот директор на Националните енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи и главната извршна директорка на грчкиот национален оператор за пренос на гас ДЕСФА Мариа Рита Гали потпишаа договор за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија …

Потпишан договорот изградба на интерконекторот за природен гас со Грција Read More »

Оставки во здравство, се повлекува и министерот Филипче


„Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, многу жалам за загинатите“, рече Филипче, објавувајќи дека понудил пишана оставка до премиерот   Министерот за здравство Венко Филипче денеска на вонредно обраќање до јавноста рече дека поднесува оставка од фуункцијата поради морална одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово. „Последната трагедија во Тетово многу ме погоди, …

Оставки во здравство, се повлекува и министерот Филипче Read More »

Чеферин: Не би ми пречело ако Реал, Барселона и Јувентус ја напуштат Лигата на шампионите


Претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин, зборуваше за тоа како ќе реагира доколку Реал Мадрид, Барселона и Јувентус одбијат да учествуваат во Лигата на шампионите. – Не би ми пречело да ја напуштат Лигата на шампионите. Многу е смешно што сакаат да создадат нов турнир, но во исто време сакаат да играат во Лигата …

Чеферин: Не би ми пречело ако Реал, Барселона и Јувентус ја напуштат Лигата на шампионите Read More »

Оставка поднесе и заменик министерот за здравство Хасани


Заменик министерот за здравство Илир Хасани попладнево поднесе оставка по пожарот во ковид центарот во Тетово во кој загинаа 14 лица. Оставката, како што пишува во фејсбук статусот, ја поднесува од морални причини. – Во овие тешки моменти за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со …

Оставка поднесе и заменик министерот за здравство Хасани Read More »