ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од вториот изборен круг


Државната изборна комисија доцна синоќа ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори. Конечните резултати, како што најави претседателот на ДИК, ќе бидат објавени денеска. Во градот Скопје, од обработени 89,5 проценти од гласовите, Петре Шилегов од коалицијата „Најдобро за мојата општина“ предводена од СДСМ има 78.664 гласови или 41,10 отсто, а …

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од вториот изборен круг Read More »

Димитриески: Во Куманово победија граѓаните


Старо-новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриески, во првата изјава по прогласување на победата на локалните избори рече дека имале еден лап топ, еден фотоапарат, но и голема граѓанска поддршка. Тој победата ја нарече голема борба за Куманово, но и за Македонија. Неговиот противкандидат од коалицијата предводена од СДСМ, Оливер Илиевски, го оцени изборниот процес за …

Димитриески: Во Куманово победија граѓаните Read More »

Почина таткото на тирамису, Адо Кампеол


Угостителот Адо Кампеол, кој италијанските медиуми го нарекоа „таткото на тирамисуто“, почина на 93-годишна возраст. Кампеол бил сопственик на Alle Beccherie, ресторан во северна Италија каде познатиот десерт го дизајнирале неговата сопруга и готвач. Десертот, кој се состои од бисквити натопени во кафе и маскарпоне, бил додаден на нивното мени во 1972 година, но семејството …

Почина таткото на тирамису, Адо Кампеол Read More »

Атланта на чекор до титулата во американската бејзбол лига, овации за Трамп


Атланта Брејвс го совлада на својот стадион Хјустон Астрос со 3-1 во четвртиот натпревар од финалето во американската МЛБ бејзбол лига и поведе со 3-1 во серијата до четири победи. Атланта би можела да ја освои својата четврта титула, и прва по 1995 година, веќе во ноќта меѓу понеделник и вторник кога повторно ќе биде …

Атланта на чекор до титулата во американската бејзбол лига, овации за Трамп Read More »

Блинкeн ја предупреди Кина да се воздржи од еднострана акција против Тајван


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска му рекол на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји дека Вашингтон се противи на дејствијата на Пекинг, кои ги зголемуваат тензиите во Тајванскиот теснец, објавија странските новински агенции, повикувајќи се на извор од Стејт департментот. На едночасовната средба на маргините на форумот на Г-20 во Рим, Блинкен изразил …

Блинкeн ја предупреди Кина да се воздржи од еднострана акција против Тајван Read More »

Шест лица повредени во сообраќајна несреќа во Кумановско


Шест лица, возачи и сопатници од „ауди“ и „форд“ се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Куманово-Скопје во атарот на кумановското село Љубодраг, соопшти денеска МВР. Несреќата во кумановската полиција била пријавена вчера во 18:40 часот. Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од …

Шест лица повредени во сообраќајна несреќа во Кумановско Read More »

Хорор на трката со бикови во Шпанија: Бик избоде маж до смрт


Едно лице почина од рани добиени од убод од рог од бик за време на фестивал во градот Онда во источна Шпанија, соопштија денеска властите. Во соопштението на властите се наведува дека педесет и петгодишниот маж неколку пати бил цел на напад на бик и дека другите учесници во трката неуспешно се обиделе да го …

Хорор на трката со бикови во Шпанија: Бик избоде маж до смрт Read More »

Од утрово висока излезност во Битола, двојно повеќе од првиот круг


БИТОЛА – Битолчани од утрово излегуваат помасовно на гласање, за разлика од првиот круг на локалните избори. Според ОИК ако во првиот круг до 9 часот излезноста била над 4,5 проценти, денеска е над 7 проценти. Во во овој круг на гласање не се евидентирани проблеми со системот за гласање. -Во 7 часот ги отворивме …

Од утрово висока излезност во Битола, двојно повеќе од првиот круг Read More »

Бајден: Русија не смее да се остави да манипулира со испораките на природен гас за политички цели


Американскиот претседател Џо Бајден во Рим разговараше со германската канцелка во заминување Ангела Меркел за обидите на Русија да манипулира со испораките на природен гас од политички причини, соопшти Белата куќа. Бајден, кој е во Рим на самитот на Г-20, ја истакна важноста да се спречи Русија да „манипулира со протокот на природен гас со …

Бајден: Русија не смее да се остави да манипулира со испораките на природен гас за политички цели Read More »

ДИК: До 9 часот илезеноста на изборите 5,25 отсто


На сите избирачки места почна гласањето на време. Имаше технички проблеми на неколку избирачки места во Скопје и на неколку избирачки места низ земјава. Сите тие проблеми сега се решени и гласањето продолжува. Таму каде беше прекинато гласањето повеќе од еден час, ќе продолжи за толку колку што е прекинато, соопшти на денешната прес-конференција претседателот …

ДИК: До 9 часот илезеноста на изборите 5,25 отсто Read More »

Лидерот на талибаците првпат се појави во јавност


Лидерот на талибанците Хабатула Ахунџада првпат се појави во јавноста во саботата, кога ја посети медресата во јужниот авганистански град Кандахар. Тој им се обрати на поддржувачите и побара божји благослов за водството на талибанците. Хабатула Ахунџада е духовен водач на талибанското движење од 2016 година, но тој се држеше подалеку од очите на јавноста, …

Лидерот на талибаците првпат се појави во јавност Read More »

Агуеро пренесен во болница поради болки во градите


Напаѓачот на Барселона, Серхио Агуеро е пренесен во болница, откако се пожалил на болки во градите и вртоглавица за време на синоќешниот прволигашки натпревар против Алавес (1-1) на домашен терен. – Серхио Агуеро чувствуваше болки во градите во поголемиот дел од натпреварот во првото полувреме и пренесен е во болница на кардиолошки испитувања, соопшти Барселона. …

Агуеро пренесен во болница поради болки во градите Read More »

Самит за климата на ОН: Дали светот ќе се обедини против глобалното затоплување пред да биде предоцна


Светскиот климатски самит COP26 во Шкотска од 31 октомври до 12 ноември е под дополнителен притисок поради пандемијата на коронавирусот, економската криза што ја предизвика и проблемите во светот со енергенсите   Претставници на речиси 200 држави од светот ќе бидат учесници на Светскиот климатски самит COP26 во Шкотска од 31 октомври до 12 ноември …

Самит за климата на ОН: Дали светот ќе се обедини против глобалното затоплување пред да биде предоцна Read More »

Глобалниот даночен договор: Што треба да знаете


Лидерите на Г20 го одобрија првиот голем ремонт на даночниот систем во светот по повеќе децении Лидерите од Г20, групата на врвни економии, го одобрија долгоочекуваниот ремонт на глобалниот даночен систем што ќе ги принуди некои од најголемите светски компании да даваат околу 150 милијарди долари дополнителни даночни приходи секоја година. Лидерите, вклучително и американскиот …

Глобалниот даночен договор: Што треба да знаете Read More »

Алек Болдвин: Фатално пукање се случува еднаш во билион (видео)


Американскиот актер Алек Болдвин изјави дека шокантната смрт на снимателката Хејлин Хачинс, која ненамерно ја уби со пиштол – реквизит на снимањето на филмот, е несреќа што се случува „еднаш во билион“, објави во саботата порталот ТМЗ. Болдвин и неговата сопруга Хиларија разговараа со новинарите кои ги следеа во автомобил во Манчестер, Вермонт, а ова …

Алек Болдвин: Фатално пукање се случува еднаш во билион (видео) Read More »

Лидерите на Г-20 ја одобрија реформата на меѓународниот даночен систем


Шефовите на држави и влади на Г-20 денеска одобрија историски договор за реформа на меѓународниот даночен систем кој треба да стави крај на даночните раеви со воведување минимален корпоративен данок од 15 отсто за мултинационалните компании. „Сите претседатели на земјите на Г-20 денеска одобрија историски договор за нови меѓународни даночни регулативи, вклучително и минимален меѓународен …

Лидерите на Г-20 ја одобрија реформата на меѓународниот даночен систем Read More »

На Менхетен ќе никне облакодер поставен наопаку (фото, видео)


Во Америка беше претставен проект, кој сè уште е во рана фаза на развој, но веќе се најде во центарот на вниманието на јавноста и покрај малкуте достапни информации. Имено, беше објавено дека облакодерот планиран за Њујорк, на западната страна на Менхетен, ќе биде една од највисоките згради на западната хемисфера. Предвидувањата се дека ќе …

На Менхетен ќе никне облакодер поставен наопаку (фото, видео) Read More »

Пет илјади посетители за еден ден на павилјонот на Северна Македонија на „Дубаи Експо 2020“


Рекордни речиси 5000 посетители имаше вчера, 29 октомври, на павилјонот на Северна Македонија на „Дубаи Експо 2020“, на кој се претставени културните посебности, туристичките атракции, богатото историско наследство, како и етничката разновидност на нашата земја, соопшти Министерството за надворешни работи. Северна Македонија учествува на овој најголем светски настан за оваа година со слоганите „Дом на …

Пет илјади посетители за еден ден на павилјонот на Северна Македонија на „Дубаи Експо 2020“ Read More »

Во Хрватска денеска 4.547 нови случаи на ковид, дури 37 отсто од тестираните се позитивни


Според неофицијални податоци, во Хрватска во изминатите 24 часа се регистрирани 4.547 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е нов голем пораст во однос на претходните саботи. Како што неофицијално дознава Јутарњи лист, направени се 12.203 тестови, така што процентот на позитивни е околу 37 отсто. Епидемиолозите постојано тврдеа дека во време кога тој …

Во Хрватска денеска 4.547 нови случаи на ковид, дури 37 отсто од тестираните се позитивни Read More »