Во Хрватска денеска 4.547 нови случаи на ковид, дури 37 отсто од тестираните се позитивни
Според неофицијални податоци, во Хрватска во изминатите 24 часа се регистрирани 4.547 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е нов голем пораст во однос на претходните саботи.
Како што неофицијално дознава Јутарњи лист, направени се 12.203 тестови, така што процентот на позитивни е околу 37 отсто.
Епидемиолозите постојано тврдеа дека во време кога тој процент надминува 5 отсто, може да се каже дека епидемијата е надвор од контрола.
Во саботата пред една недела се регистрирани 3.585 случаи на зараза, додека во саботата пред две недели имало 1.947 случаи.
Според податоците од петокот, во болниците имало 1.311 пациенти со Ковид, од кои 171 биле на респиратор.