Локдауни и протести низ Европа, СЗО загрижена поради ширењето на Ковид-19


Светската здравствена организација (СЗО) е „многу загрижена“ поради ширењето на Ковид-19 во Европа додека континентот се бори со нов бран инфекции, изјави за Би-Би-Си шефот на канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Клуге предупреди дека до март може да се регистрираат околу 500.000 смртни случаи, доколку не се преземат итни мерки веднаш. Тој рече …

Локдауни и протести низ Европа, СЗО загрижена поради ширењето на Ковид-19 Read More »

Сончево со студено утро


Времето денеска изутрина ќе биде постудено и по одделни котлини ќе има слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје утрово ќе биде студено …

Сончево со студено утро Read More »

Драматичен пад на продажбата на нови автомобили во Европа


Продажбата на нови автомобили во Европа е намалена за 29 отсто во октомври во споредба со истиот месец лани. Тоа е најлошата продажба во октомври откако се мери, бидејќи кризата со чипови ја намали понудата на нови возила. Регистрациите на нови автомобили во Европската унија, Обединетото Кралство и земјите од Европската асоцијација за слободна трговија …

Драматичен пад на продажбата на нови автомобили во Европа Read More »

ГН на Катар: Пол-позицијата за Хамилтон


Седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) оствари најбрзо време на денешните квалификации пред неделната трка за Големата награда (ГН) на Катар. Ова е 102. пол-позиција во кариерата за 37-годишниот Хамилтон, кој сезонава има шанси да ја освои рекордната осма титула светски првак. Возачот на Ред Бул, Холанѓанецот Макс Верстапен, кој води …

ГН на Катар: Пол-позицијата за Хамилтон Read More »

На Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ се наздравуваше за посреќна иднина


Традиционалниот Фестивал на младо вино во организација на „Тиквеш“ викендов се одржува во Кавадарци, во кругот на нашиот најголем производител на вино. Манифестацијата која што се одржува по 12. пат, по минатогодишната пауза поради мерките заради пандемијата со Ковид-19, и годинава собра голем број гости, стопанственици, комитенти и почитувачи на вината на „Тиквеш“, естрадни уметници, …

На Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ се наздравуваше за посреќна иднина Read More »

Унгарија ги ограничува цените на струјата за малите бизниси


Унгарската влада најави дека ќе ги ограничи цените на електричната енергија за илјадници мали бизниси, со што ќе ја прошири мерката за ублажување на ценовниот шок кај домаќинствата. Одлуката за ограничување на цените на електричната енергија за малите бизниси беше објавена во четвртокот од шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљас. „Ова значи …

Унгарија ги ограничува цените на струјата за малите бизниси Read More »

Лекарот на Белата куќа: Бајден е здрав, силен и подготвен за должноста


Американскиот претседател Џо Бајден, кој беше подложен на лекарски преглед и колоноскопија во петокот, „е подготвен за должност и способен да ги извршува своите должности без никакви прилагодувања“, рече неговиот лекар во писмото објавено од Белата куќа. Кевин О’Конор, докторот на американскиот претседател, рече дека со колоноскопија е пронајден „бениген полип“ кој лесно бил отстранет. …

Лекарот на Белата куќа: Бајден е здрав, силен и подготвен за должноста Read More »

„Нема да се чека долго“: Фаучи за вакцините против Ковид за бебиња и малите деца


Децата до пет години се единствената група во Америка, но и во некои други земји, која сè уште не може да добие вакцина против Ковид-19, но водечкиот епидемиолог Ентони Фаучи вели дека нема да се чека долго за такво нешто. – Се надевам дека тоа ќе им биде достапно за разумно краток временски период. Веројатно …

„Нема да се чека долго“: Фаучи за вакцините против Ковид за бебиња и малите деца Read More »

Хаос во Ротердам поради анти-ковид мерките – има повеќе повредени (видео)


Толпи демонстранти во пристанишниот град Ротердам во Холандија запалија автомобили и фрлаа камења кон полицијата која одговори со истрели и водени топови, откако протестите против построгите мерки за Ковид-19 станаа насилни во петокот вечерта, при што беа повредени седум лица, јавија агенциите. „Пукавме предупредувачки истрели, а имаше и директни бидејќи ситуацијата беше опасна по живот“, …

Хаос во Ротердам поради анти-ковид мерките – има повеќе повредени (видео) Read More »

Лучиќ: Македонскиот телекомуникациски пазар е развиен и има голем човечки потенцијал


Нашиот влез како трет телекомуникациски оператор на македонскиот пазар беше одлука која ја потврдува и ја зајакнува нашата улога како предводник во дигиталната трансформација и лидер меѓу телеком компаниите во регионот. Поседуваме големо искуство, а во Македонија затекнавме особено развиен и уреден пазар, како и голем човечки потенцијал во областите кои што нам ни се …

Лучиќ: Македонскиот телекомуникациски пазар е развиен и има голем човечки потенцијал Read More »

Град Скопје ќе ги „обои“ во сино своите социјални мрежи на Светскиот ден на детето


Градот Скопје соопшти дека се приклучува на иницијативата за одбележување на Светскиот ден на детето – 20 Ноември и на покана на УНИЦЕФ ќе ги „обои“ во сино своите социјални мрежи фејсбук, твитер и инстаграм. На овие мрежи ќе бидат споделени постери со пораки за посреќно детство #ЗаСекоеДете. По повод усвојувањето на Конвенцијата за правата …

Град Скопје ќе ги „обои“ во сино своите социјални мрежи на Светскиот ден на детето Read More »

МКС прекина истрага против Дутерте за војната против дилерите на дрога на Филипини


Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) ја прекина истрагата на барање на Манила во врска со сомнежот дека претседателот Родриго Дутерте ги прекршил човековите права за време на војната против дилерите на дрога. Судиите на МКС одобрија истрага за кампањата во септември во која беа убиени илјадници осомничени трговци со дрога, пренесува Ројтерс. Активистите …

МКС прекина истрага против Дутерте за војната против дилерите на дрога на Филипини Read More »

Француски „Декатлон“ влегува во Македонија


Познатиот француски трговски синџир „Декатлон“ (Decathlon) влегува на пазарот во Македонија, пишува порталот Skimacedonia на истоименото здружение чија основна дејност е промоција на ски регионите и национални паркови, туризмот и развој на зимските и аутдор спортови. Како што се наведува во информацијата подготвките за овој процес се веќе започнати и ќе се реализира во три …

Француски „Декатлон“ влегува во Македонија Read More »

Мировните сили на ОН соочени со се поголем број закани


Повеќе од 66.000 членови на мировните сили на ОН се соочуваат со поголеми закани денес, бидејќи конфликтите станаа посложени и се погодени од голем број фактори – од етнички тензии и влијанието на организираниот криминал до незаконска експлоатација на ресурси и тероризам, изјави шефот на мировните сили на ОН, Жан-Пјер Лакроа. Тој истакна дека дури …

Мировните сили на ОН соочени со се поголем број закани Read More »

Построги мерки или едукација – што е поцелисходно против Ковид-19


Предлог-мерките на Комисијата за заразни болести со кои се бара вработените во јавниот сектор на работното место да приложат сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест со важност од 72 часа кој ќе го прават на нивни трошок или сертификат за прележан ковид се уште ја бранува јавноста. Надлежните здравствени власти остануваат на ставот дека овие …

Построги мерки или едукација – што е поцелисходно против Ковид-19 Read More »

„А1 лизгалиште“ во СЦ „Борис Трајковски“ ја започнува новата сезона


„А1 лизгалиште“ денеска ја започнува новата сезона, информираат од Спортскиот центар „Борис Трајковски“. – Избегнете ги гужвите во затворен простор и дојдете на единственото место за забава и релаксација на мраз за целото семејство. Подгответе се за нови зимски лудории, стои во соопштението од СЦ „Борис Трајковски“.

Одбележување на Светскиот ден на детето


Светскиот ден на детето првпат во 1954 година беше прогласен за Универзален ден на детето и се слави на 20-ти ноември секоја година за да се промовира меѓународното заедништво, потребата од заштита на правата на децата и подобрувањето на нивната благосостојба. Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Светскиот ден на детето ќе го прослави отстапувајќи …

Одбележување на Светскиот ден на детето Read More »

Децата повеќе играат со некој член од потесното семејство, отколку со мајката и таткото


Повозрасните членови од потесното семејство, а не мајката и таткото, се оние со кои најчесто си играат децата, покажуваат податоците што Државниот завод за статистика ги објави по повод 20 Ноември -Светскиот ден на детето. Според објавените податоци, 32 проценти од децата најмногу играат со таткото, 73 проценти со мајката, а 88 проценти играат со …

Децата повеќе играат со некој член од потесното семејство, отколку со мајката и таткото Read More »

Премиера на претставата „Жени“ во Битола


Премиера на претставата „Жени“, работена по документарни материјали, а во режија на Софија Ристевска Петрушева ќе се одржи денеска во Битола, во организација на Интимен Театар. Во претставата учествуваат Катерина Петровска, Јоланта Дафовска, Јасмина Костандинова и Валентин Дамчевски – жени што зборуваат за своите животи, а во исто време го користат театарот како алатка за …

Премиера на претставата „Жени“ во Битола Read More »

Променливо облачно, од понеделник дожд


Времето денеска претпладне ќе биде умерено до значително облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната од 11 до 18 степени. Во Скопје, рано наутро ќе биде облачно, а веќе до …

Променливо облачно, од понеделник дожд Read More »