Кина: Новата варијанта на коронавирусот може да ја отежни организацијата на ЗОИ


Кина денеска призна дека Омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да донесе дополнителни тешкотии во организирањето на Зимските олимписки игри во Пекинг, но ја повтори својата верба во успехот на Игрите. – Тоа сигурно ќе донесе некои предизвици во борбата против пандемијата. Но, Кина има искуство во оваа област и јас сум апсолутно сигурен дека …

Кина: Новата варијанта на коронавирусот може да ја отежни организацијата на ЗОИ Read More »

Директорот на Бионтек тврди дека вакцината веројатно е ефикасна против Омикрон


Вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бионтек веројатно ќе понуди силна заштита од потешка форма на оваа болест предизвикана од новиот сој на коронавирусот Омикрон, најави извршниот директор на Бионтек, Угур Сахин. Тој потврди дека е направена лабораториска анализа на крвта кај луѓе кои примиле две или три дози од вакцината на Фајзер/Бионтек, што во …

Директорот на Бионтек тврди дека вакцината веројатно е ефикасна против Омикрон Read More »

Финансиска поддршка за производителите на јаболка, оризова арпа и лозарите


Владата на денешната редовна седница го утврди текстот на Предлог-законот за финансиска поддршка врз производството и откупот на земјоделски производи. Како што информираат од Владата, нa предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со ова законско решение се уредуваат условите, корисниците, висината како и постапката за доделување на финансиска поддршка за намалување на последиците …

Финансиска поддршка за производителите на јаболка, оризова арпа и лозарите Read More »

Финансиска награда за матичните лекари ако имаат над 70 отсто вакцинирани пациенти


Владата денеска на 112-та седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив. Мерката пред неколку дена ја најави министерот за здравство Венко Филипче и, како што соопшти владината прес-служба, таа е …

Финансиска награда за матичните лекари ако имаат над 70 отсто вакцинирани пациенти Read More »

Бугарско-македонската комора бара да се надмине политичката криза и да се забрза економско поврзување


Бугарско-македонската трговско-индустриска комора упати Декларација до премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев во која се изразува загриженост од „негативното влијание врз деловната клима и трговските односи меѓу двете братски држави“ и се апелира за надминување на политичката криза и економско поврзување. Како што јави дописникот на МИА од Софија, …

Бугарско-македонската комора бара да се надмине политичката криза и да се забрза економско поврзување Read More »

Три сообраќајки деновиве поради диви животни на автопатот Тетово-Скопје


Во текот на изминатиот викенд и неколку дена претходно тетовската полиција бележи три сообраќајки незгоди на автопатот Тетово-Скопје, за кои причина било движење по коловозната лента на диви животни. Во овие три невообичаени случаи, сите на автопатот околу Групчин, станува збор за диви прасиња во кои удриле возила, а кои поминале само со материјална штета …

Три сообраќајки деновиве поради диви животни на автопатот Тетово-Скопје Read More »

Престојот во Северна Македонија заврши за уште 43 граѓани на Авганистан


Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Северна Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета земја како нивно трајно прибежиште. – Во текот на привремениот престој, нашите институции овде им ја овозможија целата потребна поддршка, а трошоците беа покриени од меѓународните организации. Овие цивили беа спасени во големата меѓународна …

Престојот во Северна Македонија заврши за уште 43 граѓани на Авганистан Read More »

Во план изградба на гасна интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија


Потпретседателката на Владата на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ и министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши, денеска во Белград имаа разговори за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти, јави дописникот на МИА од Белград. На средбата Бектеши посочи дека Северна Македонија …

Во план изградба на гасна интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија Read More »

Бектеши на Министерскиот совет на ЕЗ во Белград: Северна Македонија прва прави енергетска транзиција на Западен Балкан


Владата активно работи на енергетска транзиција во зелена енергија, односно на искористување на сонцето, ветерот и водата за постепено менување на производството на електрична енергија од јаглен кон производство на електрична енергија од обновливи извори, а еден од нејзините приоритети е обезбедувањето на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија, информираше …

Бектеши на Министерскиот совет на ЕЗ во Белград: Северна Македонија прва прави енергетска транзиција на Западен Балкан Read More »

Просечната камата на вкупните кредити е 4,45 отсто, а на вкупните депозити 0,77 отсто


Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври. Таа се сведе на ниво од 4,45 отсто, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,77 проценти, соопштуваат од Народната банка. – Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2021 година. Имено, …

Просечната камата на вкупните кредити е 4,45 отсто, а на вкупните депозити 0,77 отсто Read More »

Индекс на отворени општини – единствено една општина, Богданци, има задоволително ниво на отвореност


Отвореноста на општинските буџети за 2020 година во Република Северна Македонија за прв пат беше измерена преку Индекс за отворени општини (ИОО) од страна на Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, во соработка со Меѓународниот центар за локална демократија во Шведска. Резултатите, како што соопшти ЗМАИ, насочуваат дека потребно е унапредување на отвореноста на буџетските процеси …

Индекс на отворени општини – единствено една општина, Богданци, има задоволително ниво на отвореност Read More »

Дука: Автопатот „Патот на Арбр“ е можност за економски просперитет на поширокиот регион


Изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“ (патот на Арбр), кој вчера беше пуштен за сообраќај, а ги поврзува Албанија и Северна Македонија, кај Дебар, е од огромно значење за економски процут на поширокиот регион од двете страни на границата, оцени за МИА, градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука. Тој заедно со делегација на Општината, по покана …

Дука: Автопатот „Патот на Арбр“ е можност за економски просперитет на поширокиот регион Read More »

Бислимоски очекува пониски берзански цени на струјата од април следната година, но само во однос на сегашните


Намалување на цените на електричната енергија може да се очекува од втората половина на април следната година, но тоа намалување е во однос на денешните, поскапени цени, а не во однос на цените од минатата година, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) …

Бислимоски очекува пониски берзански цени на струјата од април следната година, но само во однос на сегашните Read More »

Во третиот квартал починале 7.209 лица, за 30 отсто повеќе од истиот период лани


Бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2021 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3,8 проценти и изнесува 5.065, додека бројот на умрените лица во истиот период годинава бележи зголемување од 30,7 отсто во споредба со истото тримесечје од 2020 година и изнесува 7.209 лицa, а од нив …

Во третиот квартал починале 7.209 лица, за 30 отсто повеќе од истиот период лани Read More »

Денови на мед во Рамстор Мол


Во пресрет на новогодишните празници Рамстор Мол подготви уште едно издание на најслаткиот настан во годината. Периодот од 01.12 до 05.12.2021 е резервиран за традиционалните Денови на мед во Рамстор Мол. Во текот на овие денови, посетителите ќе имаат можност да се информират повеќе за разновидните производи од мед како што се: полен, матичен млеч, …

Денови на мед во Рамстор Мол Read More »

Идната година се очекува нови 5,5 илјади семејства да користат гарантирана минимална помош


Во 2022 година Министерството на труд и социјална политика очекува 5.500 семејства нови корисници на гарантирана минимална помош. Ова го истакна денеска министерката Јагода Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата посветена на граѓанскиот буџет на Министерството за труд и социјална политика  идната година. „Средствата предвидени за социјални трансфери во Министерството за труд и …

Идната година се очекува нови 5,5 илјади семејства да користат гарантирана минимална помош Read More »

За 83 отсто зголемен бројот на претставки решени во корист на осигуреници


Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за 83 отсто го зголеми бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници за првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. До крајот на септември, како што информираат од АСО, позитивно се решени 22 претставки на осигуреници кои се пожалиле од осигурителните друштва, а во …

За 83 отсто зголемен бројот на претставки решени во корист на осигуреници Read More »

Повредениот Нејмар ќе паузира два месеци


Напаѓачот на францускиот фудбалски прволигаш ПСЖ, Бразилецот Нејмар, ќе паузира од шест до осум недели поради повреда на зглобот, објави неговиот клуб. Бразилскиот репрезентативец се повреди во неделата на првенствениот натпревар против Сент Ентјен и беше изнесен на носилки од теренот во 57 минута. – Прегледите констатираа дека Нејмар го повредил левиот зглоб и има повреди на …

Повредениот Нејмар ќе паузира два месеци Read More »

Пад на европските берзи по изјавата на директорот на „Модерна“


На европските берзи утровo цените на акциите нагло паднаа, губејќи ги сите вчерашни добивки, откако извршниот директор на Модерна предупреди дека постоечките вакцини би можеле да бидат помалку ефикасни против сојот Омикрон. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 9 отсто во 9:30 часот, губејќи ги сите вчерашни добивки. Утринава лондонскиот FTSE …

Пад на европските берзи по изјавата на директорот на „Модерна“ Read More »