Комисијата за заразни болести ќе одмерува дали изолацијата за ковид позитивните ќе биде седум дена


На почетокот на неделава се очекува да биде познато дали изолацијата ќе биде скратена од десет на седум дена. Препораката ја донесе Комисијата за заразни болести, а според најавите, се очекува таа денеска да се најде на разгледување пред Главниот кризен штаб, а во вторник да биде на владина седница. Министерот за здравство Беким Сали …

Комисијата за заразни болести ќе одмерува дали изолацијата за ковид позитивните ќе биде седум дена Read More »

Борел го осуди насилството на демонстрациите во Брисел против здравствената ковид-пропусница


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, го осуди „безумното уништување и насилство“ на вчерашните демонстрациите против здравствената ковид-пропусница во Брисел на кои, меѓу другото, беше нападната и зградата на Европската унија. Во порака на Твитер, Борел се заблагодари и на белгиската федерална полиција за нивните акции за совладување на насилните …

Борел го осуди насилството на демонстрациите во Брисел против здравствената ковид-пропусница Read More »

Земјотрес во Авганистан


Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди североисточниот дел на Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Според Центарот, епицентарот на земјотресите бил на 49 километри источно од градот Баглан, каде што живеат околу 108.000 луѓе. Изворот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за причинета материјална штета …

Земјотрес во Авганистан Read More »

Студено и ветровито со сончеви периоди


Времетоќе биде променливо облачно со сончеви периоди, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната од -5 до 3 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен …

Студено и ветровито со сончеви периоди Read More »

Астрономски календар


  Денеска е понеделник, 24 јануари 2022 година, 24-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 341 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 55 минути, а ќе зајде во 16 часот и 36 минути. Денов трае 9 часа и 41 минута. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе …

Астрономски календар Read More »

Исчистена дива депонија во Горно Лисиче, собрани 250 кубни метри смет


На мајор коритото на реката Вардар во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром во близина на железничкиот мост, службите на Градот Скопје со десетина камиони и механизација денеска успешно исчистија дива депонија по должината на кејот. Како што посочи Град Скопје, станува збор за исчистена површина од две илјади квадратни метри, а биле собрани 250 …

Исчистена дива депонија во Горно Лисиче, собрани 250 кубни метри смет Read More »

Петровска: Северна Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина


Република Северна Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Нашите институции ги следат случувањата во и околу Украина поврзани со поставувањето на вооружените сили од страна на Руската федерација долж границата, истакна денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска во дневникот на ТВ24. Таа додаде дека земјава ги поддржува напорите на НАТО …

Петровска: Северна Македонија во целост го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина Read More »

Во Германија планираат нова кампања за вакцинација


Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах најави почнување на нова кампања за вакцинација следната недела, јави ДПА. „Наша должност е да допреме до народот“, изјави социјалдемократот за неделниот весник „Билд“. Тој рече дека широка кампања со постери, како и радио и телевизиски клипови, ќе почне од вторник. Околу четвртина од германското население се уште ја …

Во Германија планираат нова кампања за вакцинација Read More »

Трагедија во Камерун: Најмалку 17 лица загинаа во пожар во дискотека


Најмалку 17 лица загинаа во пожар во ноќен клуб во Хуанде, главниот град на Камерун, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на локални медиуми. Како што се наведува, на местото на пожарот загинале 14 лица. Меѓу жртвите е и началникот на секторот за здравство во Министерството за здравство. Cameroun: 16 morts dans l’incendie “accidentel” d’une discothèque …

Трагедија во Камерун: Најмалку 17 лица загинаа во пожар во дискотека Read More »

За шефот на „Фајзер“, вакцинирање еднаш годишно против корона е подобро од почести бустери


Алберт Бурла, извршен директор на „Фајзер“, во саботата рече дека годишната вакцинација против корона вирусот би била подобра од почестите дози за засилување. Вакцината против корона на „Фајзер“ се покажа како ефикасна против тешки форми на болеста и смртни случаи предизвикани од варијантата омикрон, но помалку ефикасна во спречувањето на преносот на инфекцијата. Како што …

За шефот на „Фајзер“, вакцинирање еднаш годишно против корона е подобро од почести бустери Read More »

Додик: БиХ е промашен проект, требa цивилизирано да се разделиме


Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик во интервју за шпанскиот весник Ел Мундо рече дека „БиХ е пропаднат проект“ и оти најдоброто решение за земјата е „Бошњаците, Србите и Хрватите да се разделат на цивилизиран начин“. – БиХ нема да може да опстане од истата причина поради која не преживеа Југославија. Во БиХ има три народи. Два од нив, …

Додик: БиХ е промашен проект, требa цивилизирано да се разделиме Read More »

СЗО: Омикрон не е последната варијанта на пандемијата на коронавирусот


Високата претставничка на Светската здравствена организација Марија ван Керхове денеска ги предупреди земјите кои мислат дека ставиле крај на пандемијата на коронавирусот бидејќи бележат пад на бројот на новозаразени, дека омикрон не е последниот сој на оваа пандемија. – Во многу земји како Велика Британија, каде има развиено високо ниво на имунитет на населението од инфекции, каде …

СЗО: Омикрон не е последната варијанта на пандемијата на коронавирусот Read More »

Откупени две третини од тутунот, Сојузот ќе бара повисоки цени за новото производство


Две третини од реколтата тутун се веќе откупени. Според Сојузот на земјоделски здруженија, откупните претпријатија имаат преземено над 15.000 тони, а просечната цена е 194 денари за килограм. Претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски вели дека откупот непречено се одвива и со овој интензитет може да заврши пред рокот, кон средината на февруари. -Откупени се преку 15.000 тони и реколтата е помала …

Откупени две третини од тутунот, Сојузот ќе бара повисоки цени за новото производство Read More »

Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст


Потребно е да се дизајнираат и развијат сет на комплементарни политики и мерки од страна на релевантните владини институции, со цел да се зголеми потенцијалот на женското претприемништво. Проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ кој го спроведува Центарот за управување со промени е поддржан од Balkan Trust for Democracy и имаше токму …

Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст Read More »

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 проценти повисока дневница


Премиерот Димитар Ковачевски е убеден дека законските решенија за недела неработен ден ќе  придонесат за зголемување на продуктивноста и за унапредување на стопанството. При денешната посета на „Дура Аутомотив Системс“ тој поррача дека сите оние кои што работат во недела мора да добиваат најмалку 50 проценти повисока дневница „Ова е одлична можност да се види …

Ковачевски: Сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50 проценти повисока дневница Read More »

Барти избори четвртфинале на Австралија опен


Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти се пласира во четвртфиналето на Грен слемот Австралија опен, откако денес ја совлада Аманда Анисимова со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. Во меч што траеше еден час и 16 минути, Австралијката го доби првиот сет со 6:4, додека во вториот на Американката и препушти три гема. …

Барти избори четвртфинале на Австралија опен Read More »

Германската економија претрпе големи штети од почетокот на пандемијата


Германската економија претрпе огромни штети од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Институтот за германска економија (ИВ) во Келн. – Од почетокот на пандемијата, германската економија загуби 350 милијарди евра додадена вредност, главно поради драстично намалената приватна потрошувачка, се вели во извештајот на ИВ кој го пренесуваат германските медиуми. Според прогнозата, дури и ако БДП ги достигне нивоата …

Германската економија претрпе големи штети од почетокот на пандемијата Read More »

Мајмуни за тестирање на вакцини избегале од камион по судир


Од камион кој превезувал 100 лабораториски мајмуни, по судир што се случил во Пенсилванија, САД, побегнале четири, поради што полицијата тргнала во потрага, предупредувајќи ја јавноста да не им приоѓа на животните. Камионот со мајмуни се судри со празен камион во близина на Данвил, Пенсилванија во петокот попладне, на пат кон лабораторија во Флорида. Полицијата …

Мајмуни за тестирање на вакцини избегале од камион по судир Read More »

Во Словенија рекордни 13.911 новозаразени, позитивни дури 75,5 отсто од тестираните


Во последните 24 часа во Словенија се потврдени рекордни 13.911 заразени со коронавирусот, а дури 75,5 отсто од тестовите биле позитивни, па Владата не размислува за олеснување на мерките во сè уште тешката епидемиолошка состојба. – И покрај се поголемиот број заразени, бројот на хоспитализирани е стабилен, но со вакво големо присуство на вирусот кај населението, очекуваме притисок врз одделенијата за …

Во Словенија рекордни 13.911 новозаразени, позитивни дури 75,5 отсто од тестираните Read More »

Правилата за влез во Грција продолжени за уште две седмици –  и понатаму задолжителен негативен тест


Актуелните правила за влез во Грција воведени пред еден месец, продолжени се за уште две седмици и негативен тест ПЦР или рапид и понатаму е задолжителен за сите патници независно дали се вакцинирани или не, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за …

Правилата за влез во Грција продолжени за уште две седмици –  и понатаму задолжителен негативен тест Read More »