Пресуда за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“ на 28 февруари


Пресудата за дел од обвинетите во случајот „Титаник“ кои признаа вина е закажана за 28 февруари. Во своите завршните зборови во Основниот Кривичен суд – Скопје, одбраната на обвинетите денеска побара од судот да ги има предвид сите олеснителни околности, особено доблеста што ја признаа вината за сторените дејствија. Претходно, обвинителката Лиле Стефанова пред судот …

Пресуда за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“ на 28 февруари Read More »

Нови 1.348 случаи со Ковид-19 и 196 реинфекции, пријавени 19 починати лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.996 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи со КОВИД-19, 11 починати и 1. 247 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, МЗ информира дека пријавени се дополнително осум починати лица. Од …

Нови 1.348 случаи со Ковид-19 и 196 реинфекции, пријавени 19 починати лица Read More »

Пропадна Фабриката за тутун Сараево основана пред 140 години


Фабриката за тутун Сараево (ФДС), која што постои повеќе од 140 години, ќе престане со работа на последниот ден од март, врз основа на одлуката донесена од Надзорниот одбор, со што ќе се стави крај на матниот процес на приватизација на компанијата, потврдија од Синдикатот на тутунската индустрија на БиХ, пренесе Хина. Претседателот на синдикатот …

Пропадна Фабриката за тутун Сараево основана пред 140 години Read More »

Париз се подготвува за „Конвојот на слободата“ 


Неколку часа пред пристигањето на „Конвојот на слободата“ во францускиот главен град, полицијата е на штрек, исто како и политичарите кои не знаат како да реагираат, јави дописникот на МИА. Префектот на париската полиција од вчера  демонстрира сила. Набљудувајќи дека „наведената цел на овие демонстранти би била да го блокираат главниот град“, Дидие Лалемент, кој …

Париз се подготвува за „Конвојот на слободата“  Read More »

Германскиот канцелар најави олабавување на епидемиолошките мерки


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во своето прво обраќање пред Горниот дом на германскиот Парламент, Бундесрат, ја најави можноста веќе од следната недела да дојде до олеснување на мерките воведени поради пандемијата на коронавирусот. -Здравствените прогнози ни покажуваат дека врвот на бранот е на повидок. Ова ни овозможува на состанокот на федералните и провинциските власти …

Германскиот канцелар најави олабавување на епидемиолошките мерки Read More »

Бугарија чека еколошки дозволи за патот до граничниот премин Клепало


Патот до граничниот премин Kлепало е долг само 13 километри. Ако ги добиеме поскоро еколошките дозволи, ќе биде завршен до крајот на годинава, рече денеска бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Сабев. Одговорајќи на новинарски прашања по средбата со својот македонски колега Благој Бочварски, Сабев нагласи и дека на овој премин ќе има само …

Бугарија чека еколошки дозволи за патот до граничниот премин Клепало Read More »

Одбележана годишнината од смртта на загинатите градители на ХЕС Маврово


Симболично, со положување на цвеќе пред споменикот на градителите, делегација на АД ЕСМ, предводена од раководството на ХЕС „Маврово“, им оддаде почит на загинатите градители, кои ги загубиле животите во снежна лавина во 1956 година, градејќи го хидроенергетскиот систем Маврово. -Како вработени во хидроелектраната сакавме да останеме верни на традицијата и скромно, со почитување на …

Одбележана годишнината од смртта на загинатите градители на ХЕС Маврово Read More »

Оризопроизводителите во вторник ќе протестираат пред Министерството за земјоделство


Оризопроизводителите од кочанскиот регион во вторник ќе излезат на протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје за да ги повторат барањата за подобрување на состојбата во која се наоѓаат. Претставниците од Иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството се незадоволни што и покрај упатениот повик, досега не оствариле средба со ресорниот министер и …

Оризопроизводителите во вторник ќе протестираат пред Министерството за земјоделство Read More »

Живинарските фарми пред колапс


Со промената на цените на храната за кокошките и поскапувањето на струјата и горивата, живинарските фарми во Кичевско едвај преживуваат, а слична или иста е состојбата и со останатите живинарски фарми во земјава. Сопствениците се жалат дека се што се импутира во цената на нивниот производ е драстино зголемено  во последните 6 – 8 месеци, …

Живинарските фарми пред колапс Read More »

Најголемата крипто берза во светот купува удел во „Форбс“ за 200 милиони долари


Најголемата светска берза за криптовалути „Бајненс“ (Binance) планира стратешка инвестиција од 200 милиони долари во „Форбс“ (Forbes), издавачка компанија и списание со традиција од 104 години, објави американската телевизија CNBC. Средствата ќе му помогнат на Форбс да ја спроведе планираната котација во првиот квартал преземање од страна на Magnum Opus Acquisition Ltd. компанија специјализирана за …

Најголемата крипто берза во светот купува удел во „Форбс“ за 200 милиони долари Read More »

Бесими – Фрагогијанис: Со заеднички чекори ќе ја зајакнуваме економската соработка 


Севверна Македонија и Грција со заеднички чекори ќе работат на унапредување на економската соработка и трговската размена, како и на заштита на инвестициите. Ова е заклучокот од средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-министерот за економска дипломатија на Република Грција Костас Фрагогијанис, кој е во посета на РС Македонија. На средбата беа истакнати …

Бесими – Фрагогијанис: Со заеднички чекори ќе ја зајакнуваме економската соработка  Read More »

Сеавус ја отвори првата канцеларија во Турција


Компанијата за развој на софтвер и консултантски услуги, Сеавус, која е дел од групацијата Арикома, ја отвори својата прва канцеларија во Турција, поточно во Истанбул, зајакнувајќи го своето влијание и проширувајќи ја можноста да понуди посветен локален тим за своите клиенти и партнери. Канцеларијата во Истанбул е вкупно 17-та на компанијата, со што Турција стана …

Сеавус ја отвори првата канцеларија во Турција Read More »

Рекордни 144 мостри од вина и ракии на натпреварот во Неготино


Рекордни 144 мостри од вина и ракии пристигнаа на натпреварот во Неготино што го организира Општината во рамки на Неделата на вино. Мострите се од вина и ракии од реколтата 2021. Притоа, 57 се во категоријата црвени вина, 48 во категоријата бели вина, додека 39 мостри се во категоријата ракии. – Оваа година стручната комисија …

Рекордни 144 мостри од вина и ракии на натпреварот во Неготино Read More »

НЛБ haPPy картичка за happy зима, 5 отсто кешбек за платена сметка за електрична енергија


Како општествено одговорна банка, во услови на енергетска криза и зголемени цени на електрична енергија, НЛБ Банка организира промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките. Во рамките на оваа кампања, која е во тек и ќе трае до 31.03.2022 година, Банката на клиентите им овозможува 5% поврат на средства (cashback) за секоја сметка за електрична енергија …

НЛБ haPPy картичка за happy зима, 5 отсто кешбек за платена сметка за електрична енергија Read More »

НБА: Рекордни 51 поени за Дончиќ во триумфот на Далас над ЛА Клиперс


Кошаркарите на Далас го совладаа синоќа на домашен терен Лос Анџелес клиперс со 112-105, предводени од Лука Дончиќ, кој постигна рекордни 51 поени. Словенечкиот кошаркар до рекорден ефект во својата кариера дојде со фантастично издание во првата четвртина во која уфрли дури 28 поени, реализирајќи седум тројки од девет обиди. Having himself a night 🔥🥵 pic.twitter.com/ZDIpzkDwj8 — …

НБА: Рекордни 51 поени за Дончиќ во триумфот на Далас над ЛА Клиперс Read More »

Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите


Блокадата на канадските камионџии, кои се против задолжителната вакцинација против Ковид-19, ги загрозува производителите во автомобилската индустрија, принудувајќи ги Форд, Џенерал Моторс и други автомобилски компании да затворат фабрики или да го намалат производството. Властите најавуваат дека полицијата е подготвена да ги отстрани блокадите. Четврти ден по ред камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада на …

Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите Read More »

Бајден го отфрли извештајот во кој се критикуваат САД за повлекувањето од Авганистан


Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли заклучоците од декласифицираниот извештај за кој пишуваше Вашингтон пост, во кој американската војска го критикуваше начинот на кој Белата куќа управуваше со повлекувањето на САД од Авганистан. – Немаше вистински момент за повлекување од Авганистан, изјави Бајден во интервју за Ен-БиСи. Тој додаде дека ги отфрлил заклучоците од извештајот. …

Бајден го отфрли извештајот во кој се критикуваат САД за повлекувањето од Авганистан Read More »

Од ИПАРД 3 се очекуваат над 50 отсто повеќе средства


Европската комисија овој месец треба да ја усвои новата ИПАРД 3 Програма 2021 – 2027 за нашата држава, а откако ќе се завршат административните процедури, ќе биде објавен и првиот јавен повик. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека се очекува со ИПАРД 3 земјава да добие над 50 проценти повеќе средства …

Од ИПАРД 3 се очекуваат над 50 отсто повеќе средства Read More »

Холандија планира да укине повеќе анти-ковид ограничувања до крајот на месецот


Холандската влада соопшти дека има намера да укине повеќе од анти-ковид ограничувањата до крајот на месецот. Баровите и рестораните повторно ќе бидат отворени до еден часот по полноќ од 18 февруари наместо да се затворат во 22 часот, како што е сега. До крајот на месецот ќе се укинат мерките за социјална дистанца на јавни …

Холандија планира да укине повеќе анти-ковид ограничувања до крајот на месецот Read More »

Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност. На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2020 година и Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2020 година. Членовите на Комисијата …

Седници на две собраниски комисии Read More »