Сончево и топло, со температури до 21 степен


Претпладне времето ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен. Во Скопје, претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до …

Сончево и топло, со температури до 21 степен Read More »

Астрономски календар


Денеска е сабота, 19 февруари 2022 година, 50-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 315 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 26 минути, а ќе зајде во 17 часот и 10 минути. Денов трае 10 часа и 44 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее …

Астрономски календар Read More »

Пензионерите очекуваат „историско зголемување на пензиите“, Владата најавува решение до 10 март


  Претставниците на Владата и на пензионерите денеска излегоа со позитивни оцени од средбата што ја имаа околу зголемуавње на пензиите и најавија дека се работи на трајно решение кое ќе овозможи нивен пораст. Од страна на претставниците на пензионерите беше истакнато дека очекуваат „највисоко историско зголемување на пензиите“, а од Владата дека решението кое …

Пензионерите очекуваат „историско зголемување на пензиите“, Владата најавува решение до 10 март Read More »

Две жртви во силна бура во Холандија


Најмалку две лица загинаа во силна бура во Холандија, соопштија пожарникарите. Врз едно лице падна дрво попладнево во Амстердам, а во Диемен на истокот на Холандија загина жена откако дрво паднало врз нејзиниот автомобил. Невремето со налети на ветер на ниво на ураган парализираше делови од државата. Откорнати дрвја, уништени покриви и превртени камиони. Се …

Две жртви во силна бура во Холандија Read More »

Одложена собраниската Комисија за образование, наука и спорт


По едночасовната пауза на Комисијата за образование, наука и спорт, попладнево повторно дојде до несогласување на опозициските пратеници и претседателката на Комисијата Жаклина Лазаревска од СДСМ околу дневниот ред, по што таа ја одложи седницата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ констатираа дека нема услови да се продолжи со оваа Комисија, поради тоа што нема присутен претставник на …

Одложена собраниската Комисија за образование, наука и спорт Read More »

Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд, местото ќе и припадне на Алтернатива


Управниот одбор во текот на денешниот ден ја разреши директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, Билјана Јовановска. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за МИА велат дека разрешувањето на Јовановска е поради договорот директорското место да и припадне Алтернатива, новиот  коалициски партнер во Владата. Јовановска треба да ја наследи …

Билјана Јовановска разрешена од директорската функција во Пензискиот фонд, местото ќе и припадне на Алтернатива Read More »

Нови 905 случаи со КОВИД-19 од 2.808 тестирани, починаа вкупно 18 лица


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.808 тестови, а регистрирани се 905 нови случаи со КОВИД-19 од кои 161 се реинфекции, 10 починати и 1.565 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 905 случаи, од Скопје се 468, Битола – 57, Кавадарци – 43, Велес – 41, …

Нови 905 случаи со КОВИД-19 од 2.808 тестирани, починаа вкупно 18 лица Read More »

Трошоците за изградба на шест нуклеарни реактори во Франција проценети на 51,7 милијарди евра


Според ревизијата на француската влада објавена денеска, пуштањето во употреба на првиот ЕПР2 нуклеарен реактор е „планирано за 2037 година“, при што е објавена и проценката за трошоците, јави дописникот на МИА. Трошоците за изградба на програма од шест нуклеарни реактори ЕПР2 од новата генерација се проценуваат на 51,7 милијарди евра, без трошоците за финансирање, на …

Трошоците за изградба на шест нуклеарни реактори во Франција проценети на 51,7 милијарди евра Read More »

Невработеноста во Франција нагло се намали во четвртиот квартал од 2021 година


По четири тримесечија на стагнација, стапката на невработеност нагло падна во Франција во четвртиот квартал од 2021 година. Таа падна за 0,6 поени, на 7,4 отсто од работоспособното население, според бројките објавени овој петок од Националниот институт за статистички и економски студии, јави дописникот на МИА од Париз. Бројот на невработени, како што е дефинирано …

Невработеноста во Франција нагло се намали во четвртиот квартал од 2021 година Read More »

Гир: Европската Унија дава силна поддршка за изградбата на Коридорот 8


Европската Унија дава силна поддршка на Република Северна Македонија во изградбата на Коридорот 8, изјави денеска во Крива Паланка, шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.   – Како Европска Унија со нетрпение очекуваме да отпочне изградена на првиот и вториот дел од железничката траса на Коридорот 8, пругата кон Бугарија …

Гир: Европската Унија дава силна поддршка за изградбата на Коридорот 8 Read More »

Зелената и дигитална транзиција, човечкиот капитал и поврзувањето со глобалните синџири во фокусот на тригодишната Програма за економски реформи


Економско закрепнување, зелена транзиција и модернизација на енергетскиот сектор, подобрување на образовниот систем, здравството, пазарот на труд и социјалната вклученост, како и дигиталната транзиција и зајакнување на конкурентноста на домашните компании и нивно интегрирање во глобалните синџири на вредност се главните предизвици поставени со Програмата за економски реформи во следниот тригодишен период. – Поставените приоритети …

Зелената и дигитална транзиција, човечкиот капитал и поврзувањето со глобалните синџири во фокусот на тригодишната Програма за економски реформи Read More »

Елемент ПР стана дел од глобалната групација Конвој


Агенцијата за односи со јавност и корпоративни комуникации, Елемент ПР, стана дел и партнер во глобалната ПР групација Конвој. Групацијата Конвој е единствената глобална агенциска група која е специјализирана за развивање комуникација во бизнис кон бизнис (В2В) релации, за односи со јавноста и маркетинг во технолошката индустрија. Convoy Global PR Group е составена од избрани, …

Елемент ПР стана дел од глобалната групација Конвој Read More »

Јапонија тестира воз на водород


Најголемата јапонска железничка компанија „Џеј-ар ист“ го претстави возот „Хибари“ којшто се движи на водород и електрична енергија. Тој беше претставен во експерименталната база во градот Кавасаки, во околината на Токио. Тестовите на електровозот се очекува да почнат во втората половина на март на една од линиите во околината на јапонската престолнина. Моторот генерира електрична …

Јапонија тестира воз на водород Read More »

Компанијата „Нестле“ продаде удел во „Лореал“ за десет милијарди долари


„Нестле“ денеска објави дека во текот на претходната година, органскиот раст достигнал 7,5 отсто, со реален внатрешен раст од 5,5 отсто и раст на цените од два отсто. Вкупната продажба порасна за 3,3 отсто на 87,1 милијарди швајцарски франци. Истовремено, продажбата на девизниот бизнис падна за 1,3 отсто, се вели во соопштението на компанијата. Додадено …

Компанијата „Нестле“ продаде удел во „Лореал“ за десет милијарди долари Read More »

(Фото, видео) Гори брод полн со илјадници луксузни автомобили „Порше“, „Фолксваген“, „Ауди“ и „Ламборџини“


Напуштен товарен брод полн со илјадници луксузни автомобили гори и плови во Атлантскиот Океан, откако пожарот го натера екипажот да побегне. Бродот „Фелисити Ејс“ се запали во средата во северниот дел на Атлантикот додека превезуваше товар од градот Емден во Германија до Дејвисвил на Род Ајленд, вклучувајќи луксузни автомобили „Порше“ и „Фолксваген“, јавува Си-Ен-Ен. Во …

(Фото, видео) Гори брод полн со илјадници луксузни автомобили „Порше“, „Фолксваген“, „Ауди“ и „Ламборџини“ Read More »

Џонсон Мети во сржта на силните економски врски меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство


Британскиот трговски претставник за Западен Балкан, Мартин Викерс ја посети фабриката на Џонсон Мети во Северна Македонија. За време на обиколката, Викерс и менаџерскиот тим на компанијата разговараа за детали за деловната клима во земјата, за потенцијалот за понатамошна идна соработка, како и за важноста на билатералните врски меѓу двете земји. „Џонсон Мети е одличен …

Џонсон Мети во сржта на силните економски врски меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство Read More »

Ангеловска-Бежоска ‒ Азески: Мерките и политиките спроведени од Народната банка го ублажија ударот на пандемијата врз економијата


Мерките и политиките коишто ги спроведе Народната банка за време на пандемијата придонесоа за ублажување на ударот врз економијата, а потоа помогнаа и во процесот на закрепнување. Регулаторната флексибилност за време на пандемијата придонесе за солидна кредитна поддршка по значително намалени каматни стапки, што им помогна на фирмите во премостувањето на предизвиците со ликвидноста. Ова беше …

Ангеловска-Бежоска ‒ Азески: Мерките и политиките спроведени од Народната банка го ублажија ударот на пандемијата врз економијата Read More »

Ѓоковиќ: Тешко е да се заборави, но сакам да се вратам некогаш и да играм во Австралија


Новак Ѓоковиќ даде интервју за Српската радио телевизија, што е второ негово интервју откако беше исфрлен од Австралија пред почетокот на Австралија опен, турнир кој го освои рекордни девет пати. Претходно тој разговараше со репортерот на Би-Би-Си кому му кажа дека не е антиваксер, но дека не сака да се вакцинира и дека е подготвен …

Ѓоковиќ: Тешко е да се заборави, но сакам да се вратам некогаш и да играм во Австралија Read More »

Двете години пандемија ја чинеа германската економија 330 милијарди евра


Пандемијата на Ковид 19 го чинеше германскиот бруто домашен производ 330 милијарди евра во изминатите две години, што е еквивалентно на 10 отсто од БДП во периодот пред пандемијата 2019 година, пресмета Економскиот институт Ифо. Да не беше пандемската криза, економијата ќе пораснеше за 1,3 отсто во 2020 и 2021 година, објави во четвртокот Ифо. …

Двете години пандемија ја чинеа германската економија 330 милијарди евра Read More »

Напролет ќе се реконструира најоштетената делница од 12 километри од регионалниот пат Демир Хисар-Другово


Напролет ќе се реконструира најоштетената делница од 12 километри на регионалниот пат Демир Хисар – Другово, е договорено попладнево на средбата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорите на јавните претпријатија за државни патишта и за одржување на регионалните и магистралните патишта со жителите од населеното место Сопотница, демирхисарско. Министерот Бочварски најави …

Напролет ќе се реконструира најоштетената делница од 12 километри од регионалниот пат Демир Хисар-Другово Read More »