Компанијата „Нестле“ продаде удел во „Лореал“ за десет милијарди долари


„Нестле“ денеска објави дека во текот на претходната година, органскиот раст достигнал 7,5 отсто, со реален внатрешен раст од 5,5 отсто и раст на цените од два отсто.
Вкупната продажба порасна за 3,3 отсто на 87,1 милијарди швајцарски франци. Истовремено, продажбата на девизниот бизнис падна за 1,3 отсто, се вели во соопштението на компанијата.
Додадено е дека во текот на оваа година се очекува годишен раст на продажбата од околу пет отсто, како и основна оперативна профитна маржа од 17 отсто до 17,5 отсто, пренесува Бета.
Извршниот директор на Нестле, Марк Шнајдер истакна дека во текот на претходната година се фокусирал на спроведување на долгорочна стратегија и зголемување на инвестициите во растот, истовремено справувајќи се со предизвиците присутни во глобалниот синџир на снабдување.
Зборувајќи за Си-Ен-Би-Си (CNBC), Шнајдер рече дека компанијата ќе биде „отворена за големи деловни зделки“ бидејќи ја потврди својата стратегија за раст по намалувањето на сопственичкиот удел во „Лореал“ (L’Oreal).
Нестле го намали својот удел во „Лореал“ од 23,3 отсто на 20,1 отсто во декември, заработувајќи 10 милијарди долари од продадените акции.
„Би биле отворени за повторно преговарање за голема инвестиција. Дали се чувствуваме принудени да го сториме тоа? Не. Дали сме отворени за тоа? Да“, Марк Шнајдер лаконски ја илустрираше моменталната позиција на компанијата за Си-Ен-Би-Си.