Џонсон Мети во сржта на силните економски врски меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство


Британскиот трговски претставник за Западен Балкан, Мартин Викерс ја посети фабриката на Џонсон Мети во Северна Македонија. За време на обиколката, Викерс и менаџерскиот тим на компанијата разговараа за детали за деловната клима во земјата, за потенцијалот за понатамошна идна соработка, како и за важноста на билатералните врски меѓу двете земји.

„Џонсон Мети е одличен пример за британските бизниси во Северна Македонија кои придонесуваат за трговските односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и создаваат значаен елемент од Бруто домашниот производ на Северна Македонија. Горди сме на таа врска и сакаме да ја видиме како продолжува и се проширува. Ни беше чест да бидеме домаќини на г-дин Викерс и да го споделиме нашето искуство и да го прикажеме најсовремениот објект“, соопштија од Џонсон Мети.

Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети во Македонија, додаде: „Северна Македонија е стратешка локација за Џонсон Мети, а одличните и посветени луѓе кои работат во Џонсон Мети Македонија, придонесоа во голема мера за успехот на компанијата и позитивниот напредок на целокупната економска и социјална средина во земјата. Ние сме и ќе продолжиме да бидеме лидер во промовирањето на најдобрите деловни практики, највисоките стандарди за здравје и безбедност и бројни програми за вклучување на заедницата“.

Денес, Џонсон Мети во Северна Македонија создава повеќе од 25 отсто од вкупниот извоз, достигнувајќи 1,870 милиони евра во 2021 година. Фабриката во индустриските зони во Скопје е една од технолошки најнапредните светски фабрики на Џонсон Мети во светот, која вработува околу 1.000 луѓе на локално ниво.

Џонсон Мети е светски лидер во производството на катализатори за автомобилската индустрија и системи за контрола на катализаторите. Џонсон Мети работи во повеќе од 30 земји во светот и вработува повеќе од 15.000 луѓе. Една третина од сите нови возила ширум светот имаат катализатори на Џонсон Мети. Џонсон Мети ја избра Северна Македонија како дестинација за својата европска мега-фабрика за автокатализатори во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1.