Внимателно ќе ја следиме имплементацијата на Законот за минимална плата, велат од ССМ


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека неговата одлучност во барањето за зголемување на мининалната плата на 18.000 денари резултирала со 90 гласа „за“ и ниту еден против, Собранието да ги усвои Предлог – измените за дополнување на Законот за минимална плата и тие денеска да бидат објавени во Службен весник. Од ССМ им …

Внимателно ќе ја следиме имплементацијата на Законот за минимална плата, велат од ССМ Read More »

Загрепчани во паника повлекуваат пари од руската Сбербанк


По санкциите што ЕУ и САД ги воведоа против Русија поради воените операции во Украина, пред филијалата на една од двете најголеми руски банки Сбербанк во Загреб утринава се забележани редици, пишува хрватскиот портал Дневник. Како што се наведува, Загрепчани во страв ги повлекуваат своите заштеди, а за да се спречи паничното подигнување пари, за …

Загрепчани во паника повлекуваат пари од руската Сбербанк Read More »

Одржана виртуелна работна средба за подготовка за Европскиот квиз на пари за 2022 година


Денес со пријавените ментори од 73 основни и средни училишта од нашата земја и нивните ученици од 186 одделенија односно класови, се одржа виртуелна работна средба за подготовна за овогодинешниот Европски квиз на пари – еден од најзначајните меѓународни настани чија цел е финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години. Менторите и учениците …

Одржана виртуелна работна средба за подготовка за Европскиот квиз на пари за 2022 година Read More »

Русија забрани британски авиони да влезат во рускиот воздушен простор


Москва денеска забрани сите авиони поврзани со Велика Британија, вклучувајќи и транзитни летови, да влезат во рускиот воздушен простор. Одлуката следува откако рускиот превозник „Аерофлот“ беше спречен да лета над Велика Британија, по нападот врз Украина. „Донесена е рестрикција за користење на рускиот воздушен простор, се однесува на летови на авиони во сопственост, изнајмени или …

Русија забрани британски авиони да влезат во рускиот воздушен простор Read More »

Украина соопшти за зголемено ниво на радијација од Чернобил


Украина соопшти дека по преземањето на нуклеарната централа во Чернобил од страна на руската војска, во таа област се забележани повисоки нивоа на гама зрачење. Ова се наведува во соопштението на Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за нуклеарна регулатива на Украина. – Податоците од автоматизираниот систем за следење на радијацијата на зоната на исклучување, кои …

Украина соопшти за зголемено ниво на радијација од Чернобил Read More »

Осигурувањето неживот порасна 16 отсто, осигурениците вложија 156 милиони евра


Пазарот за неживотно осигурување лани порасна за 16 отсто во споредба со 2020 година. Осигуреници вложија 9,6 милијарди денари (156,5 милиони евра) во сите 18 класи на неживотни осигурувања. Тоа е за 1,3 милијарди денари (21 милиони евра) повеќе во споредба со 2020 година. Граѓани, фирми, здруженија и инстиуции лани склучиле речиси 1,5 милиони договори …

Осигурувањето неживот порасна 16 отсто, осигурениците вложија 156 милиони евра Read More »

Кои санкции се досега воведени врз Русија


Руската инвазија на Украина предизвика бран санкции додека глобалните лидери се обидуваат да го засилат притисокот врз Кремљ. Додека руската војска се приближува кон Киев, а украинските бегалци се движат кон соседните земји, ова се дел од санкциите воведени кон Москва досега. Американскиот претседател Џо Бајден беше првиот што објави санкции, неколку часа откако рускиот …

Кои санкции се досега воведени врз Русија Read More »

Хари и Меган ќе добијат награда за социјална правда


 Британскиот принц Хари и Меган Маркл ќе добијат признание на американската Национална  асоцијација за унапредување на правата на обоените луѓе, (т.е. на сите раси) – НААЦП, за социјална правда и за приклучувањето во борбата за еднаквост ширум светот. – Возбудени сме што ќе им ја доделиме оваа награда на принцот Хари и Меган, војводата и …

Хари и Меган ќе добијат награда за социјална правда Read More »

Шон Пен работи на документарец за Украина


Глумецот и режисер Шон Пен е во Украина и работи на документарен филм за тековниот руски напад. Тоа го потврди Кабинетот на претседателот на Украина од каде што вчера објавија на Фејсбук дека режисерот присуствувал на известувања за медиумите, се сретнал со вицепремиерката Ирина Верешчук и разговарал со новинарите и воениот персонал за руската инвазија. …

Шон Пен работи на документарец за Украина Read More »

Студено утро во поголем дел од државата, во Берово измерени минус 8 степени


Температури под нулата утрово во 7:30 часот се измерени во Берово (-8),  -6 во Скопје-Петровец, Битола, Попова Шапка, Маврови Анови, -5 во Крива Паланка, Претор, Демир Капија и Струмица, -4 во Тетово, Прилеп и Куманово, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Kрушево и Охрид, -2 во Виница и Гевгелија, а 0 степени во Дојран. Највисока снежна …

Студено утро во поголем дел од државата, во Берово измерени минус 8 степени Read More »

Поради градежни работи од понеделник измена на сообраќајниот режим на патот Градско – Прилеп


Заради отпочнување со градежни активности во врска со проект Рехабилитација на државен пат крак А1, делница Фариш-Прилеп, од понеделник ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќај на патот Градско – Прилеп, поточно после мостот на река Раец кон Плетвар, информира АМСМ, по известување од изведувачот ”Стентон градба ДОО”. Поради изведување на градежните работи …

Поради градежни работи од понеделник измена на сообраќајниот режим на патот Градско – Прилеп Read More »

Руските сили го гранатираат Киев, кон градот се упатуваат и тенкови


Украинските власти јавија дека врз во раните утрински часови во петокот почнале ракетни напади додека руските сили се приближуваат кон главниот град. „Ужасни руски ракетни напади врз Киев“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, правејќи споредба со Втората светска војна, пренесува Политико. „Последен пат нашиот главен град доживеа вакво нешто …

Руските сили го гранатираат Киев, кон градот се упатуваат и тенкови Read More »

Групна изложба „Колонија 8“, на уметничкото здружение „Училница осум 8“


„Колонија 8“ е насловот на групната изложба на уметничкото здружение „Училница осум 8“, која ќе биде отворена вечер во просториите на КСП Центар – Јадро во Скопје. На изложбата своите дела ќе ги претстават Симеон Арнаудов, Предраг Јаневски –Драшко, Соња Поповска-Трајковска, Евгенија Трајковска, Трајче Блажевски, Фехим Хусковиќ, Нела Јанковска, Гордана Николоска Петрова, Ладислав Цветковски,  Владимир Величковски, Озбег Ајваз и Вера Симовска.  Здружението на автори „Училница осум 8“ е формирано минатата година. …

Групна изложба „Колонија 8“, на уметничкото здружение „Училница осум 8“ Read More »

Конференција за ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска организира конференција на тема „Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати“. Конференцијата ќе ја отвори претседателот на КСС Благоја Ралповски, а ќе се обратат Маја Папатолеска од Министерството за труд и социјална политика, универзитетскиот професор Лазар Јовевски, економскиот експерт Евелин Астор од Меѓународната конфедерација на …

Конференција за ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати Read More »

Шефот на српската дипломатија Селаковиќ во официјална посета на Скопје


Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата. Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. …

Шефот на српската дипломатија Селаковиќ во официјална посета на Скопје Read More »

Пендаровски на вонредниот виртуелен Самит на НАТО за Украина


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе учествува на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади. На Самитот ќе се разговара за безбедносната ситуација во и околу Украина. Се очекува лидерите на земјите членки на НАТО уште еднаш остро да го осудат рускиот напад на Украина и нарушувањето на нејзиниот територијалниот …

Пендаровски на вонредниот виртуелен Самит на НАТО за Украина Read More »

Речиси пет илјади македонски граѓани лани побарале азил во Европа


Азил во некоја од земјите на ЕУ лани побарале 4.922 македонски граѓани, што е значително зголемување во однос на 2020 година кога нивниот број бил 1.230. Најголем број од нив се обиделе да најдат засолниште во Германија. Податоците на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA) покажуваат општ тренд на зголемување на бројот на азиланти, …

Речиси пет илјади македонски граѓани лани побарале азил во Европа Read More »

Се намалува бројот на активни ковид – случаи


Продолжува трендот на повеќе оздравени отколку заразени од Ковид-19, а со тоа опаѓа и бројот на активни случаи. Во меѓувреме, во тек е скринингот за имунитетот на граѓаните во Скопје и во другите градови, а продолжува и скринингот во училиштата. Надлежните очекуваат во наредниот период да се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата и оти веќе …

Се намалува бројот на активни ковид – случаи Read More »

Две третини од граѓаните не ги прифаќаат бугарските барања


Голем дел од граѓаните не се расположени за прифаќање на бугарските барања, особено оние што се однесуваат на јазичните и идентитетските прашања, дури и ако тоа би значело деблокирање на евроинтегративниот процес, покажува анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ. Во исто време, власта го повтори ставот оти во интерес на …

Две третини од граѓаните не ги прифаќаат бугарските барања Read More »

Сончево и топло до 18 степени


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал -6 до 1, а максималната од 11 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени. Под …

Сончево и топло до 18 степени Read More »