Конференција за ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати


Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) денеска организира конференција на тема „Ефектите од покачувањето на минималната плата врз останатите плати“.

Конференцијата ќе ја отвори претседателот на КСС Благоја Ралповски, а ќе се обратат Маја Папатолеска од Министерството за труд и социјална политика, универзитетскиот професор Лазар Јовевски, економскиот експерт Евелин Астор од Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУК)…

Претседателот на СОНК Јаким Неделков ќе има обраќање за примената на колективните договори со покачувањето на минималната плата во секторот образование. Претседателот на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во земјава (ССКЦ) Горан Беговиќ ќе се осврне на примената на колективните договори со покачувањето на минималната плата во секторот здравство.