Забрането емитување на руски канали на косовските телевизиски платформи


Независната комисија за медиуми на Косово (КПМ) наложи времено исклучување на сите телевизиски канали по потекло од Русија од косовските телевизиски платформи и побара од медиумите да внимаваат на дезинформациите и лажните вести во врска со ситуацијата во Украина по руската инвазија врз таа држава, јави дописникот на МИА од Приштина. Преку својата страница на …

Забрането емитување на руски канали на косовските телевизиски платформи Read More »

Зеленски: Украина формира странска легија за волонтери од странство


Украина формира странска „меѓународна“ легија на волонтери од странство, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. „Ова ќе биде клучниот доказ за вашата поддршка за нашата земја“, нагласи Зеленски во изјавата.

Киев издржа уште една ноќ под силен напад, Русите влегоа во Харков, меѓу жртвите има деца


Инвазијата на Русија врз Украина навлезе во чевртиот ден. Киев ја издржа ноќта под жесток напад на руските сили. Во текот на ноќта градот беше осветлен од две силни експлозии. Во нападите врз украинските градови имаше жртви, меѓу кои и деца. Русија, пак, се соочува со се построги санкции од меѓународната заедница. Во утринските часови …

Киев издржа уште една ноќ под силен напад, Русите влегоа во Харков, меѓу жртвите има деца Read More »

Чевларските компании од Куманово по пандемијата, сега се соочуваат со енергетската криза


По шокот од кризата поврзана со пандемијата полека почна да се стабилизира чевларскиот сектор во Куманово. Ако на почетокот на пандемијата и исклучителната поврзаност со двете држави со кои соработуваат кумановските чевларски компании, Кина од каде набавуваа репроматеријали и Италија каде што ги извезуваа, сега тие проблеми се надминати со мерките. Меѓутоа нов предизвик за …

Чевларските компании од Куманово по пандемијата, сега се соочуваат со енергетската криза Read More »

Зимата се врати – облачно со дожд, а на планините и повисоките места снег


Облачно со врнежи од дожд вдолж пошироко Повардарие, а на планините и на повисоките места со врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. До крајот на денот врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал …

Зимата се врати – облачно со дожд, а на планините и повисоките места снег Read More »

ЕЦБ: Војната во Украина може да го намали БДП на еврозоната


Војната во Украина може да го намали бруто домашниот производ на еврозоната за 0,3 до 0,4 отсто оваа година, изјави главниот економист на Европската централна банка (ЕЦБ), Филип Лејн. Тоа би било „неутрално сценарио“, им рече Лејн на колегите на неформалниот состанок на Управниот совет на ЕЦБ, чија агенда непланирано го обележа рускиот напад врз …

ЕЦБ: Војната во Украина може да го намали БДП на еврозоната Read More »

Турција ќе го забрани минувањето на руските воени бродови низ Црното Море


Турција ќе спречи руски воени бродови да минуваат низ Црното Море, изјави украинскиот премиер Володимир Зеленски. Во твит, Зеленски рече дека земјата ветила воена и хуманитарна поддршка на Украина. Турција ќе го запре минувањето на воени бродови низ морињата Бофсор и Дарданели кои го поврзуваат Црното со Средоземното Море. Претходно денеска турскиот министер за надворешни …

Турција ќе го забрани минувањето на руските воени бродови низ Црното Море Read More »

Бесими: Светската економија пред нов предизвик, руско-украинската војна дополнително ќе ги затегне глобалните синџири на добавување


Неизвесноста е единственото нешто извеснo. Оваа изрека, која потекнува уште од времето на Римската империја, најдобро ја опишува ситуацијата со која се соочува светот сега. Светската економија се опоравуваше, но покрај пандемијата, нарушувањата на глобалните синџири на снабдување и ценовните притисоци, сега таа е исправена и пред нов предизвик – руско-украинската војна, пишува во колумна …

Бесими: Светската економија пред нов предизвик, руско-украинската војна дополнително ќе ги затегне глобалните синџири на добавување Read More »

Полска официјално одби да го игра мундијалскиот бараж во Русија


Полската фудбалска репрезентација нема да го одигра мундијалскиот бараж против Русија на крајот на март во Москва, објави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Полска, Цезар Кулеша. Русија треба да и биде домаќин на Полска на 24 март, во првиот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар, а во случај на победа Русите повторно во Москва …

Полска официјално одби да го игра мундијалскиот бараж во Русија Read More »

Орце Симов е нов претседател на ИКТ Комора


Професор д-р Орце Симов е нов претседател на Комора за информатичко-комуникациска технологија и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората. Симов, како што посочуваат од Сојузот на стопански комори, по професија е електро инженер, основач на компанијата „Компјунет инженеринг“ и редовен професор на Факултетот за …

Орце Симов е нов претседател на ИКТ Комора Read More »

Ангеловска-Бежоска: Одлуката на ЕК за банкарската регулатива и супервизијата на НБ, позитивно ќе влијае врз странските инвеститори


Позитивна перцепција за домашниот банкарски систем од страна на странските инвеститори, негова поголема интеграција во европскиот финансиски систем и подобри можности за финансирање на нашите институции на странските и домашните пазари на капитал. Ова се придобивките за нашиот финансиски систем и економијата, од одлуката на Европската комисија, со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто …

Ангеловска-Бежоска: Одлуката на ЕК за банкарската регулатива и супервизијата на НБ, позитивно ќе влијае врз странските инвеститори Read More »

Две години од првиот регистриран случај со Ковид-19 во земјава


Две години откако во земјава беше регистриран првиот случај на Ковид-19. Денес, вкупниот број на Ковид-дијагностицирани во земјава е 296.229 лица. Битката со вирусот ја изгубија 8.981, а бројот на активни случаи изнесува 4.644. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 517 нови случаи од направени 2.669 тестови. Починати се …

Две години од првиот регистриран случај со Ковид-19 во земјава Read More »

Осумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата


Во Скопје и во Ротимље денеска ќе биде одбележана 18-годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски кој заедно со членови од неговиот Кабинет загина во авионска несреќа во близина на Мостар. На гробот на Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата на градските гробишта во Бутел, како што е најавено, цвеќе …

Осумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата Read More »

Проекција на два документарни филма за животот и делото на Алојз Стибел


Словенечки центар – Скопје, по повод словенечкиот културен празник – Прешернов ден, во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи проекција на два документарни филма посветени на животот и делото на Алојз Стибел (1945 -2021). – Документарниот филм „Ништо не è случајно!“, во продукција на Словенечки центар – Скопје и Алојз фонтани галерија Стибел, снимен …

Проекција на два документарни филма за животот и делото на Алојз Стибел Read More »

Зеленски: Се уште сум тука, нема да го оставиме оружјето


Украинскиот претседател Зеленски утрово објави уште едно видео од центарот на Киев. „Има многу лажни информации на интернет дека ја повикувам нашата армија да го остави оружјето и дека има евакуација“, рече тој. „Јас сум тука. Нема да го оставиме оружјето. Ние ќе ја браниме нашата држава бидејќи нашето оружје е нашата вистината“. Тој ги …

Зеленски: Се уште сум тука, нема да го оставиме оружјето Read More »

Премиерот Ковачевски ќе се обрати до јавноста


За денеска во 09 часот е најавено официјално обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски до јавноста. Како што соопшти владината прес-служба, обраќањето на премиерот ќе биде емитувано на официјалните владини канали на Youtube и Фејсбук.

АЕК: Мобилен интернет користат 1 568 813 претплатници, во пораст и мобилните и фиксните линии


Бројот на претплатници во мобилната телефонија во државава достигна 2 030 386 заклучно со третиот квартал лани, за 8,71 процент повеќе во однос на претходниот квартал, како и за 10,73 проценти споредено со третиот квартал од претходната година, покажува Извештајот за развој на пазарот за електронски комуникации за третиот квартал 2021 година. Според податоците од …

АЕК: Мобилен интернет користат 1 568 813 претплатници, во пораст и мобилните и фиксните линии Read More »

Тешки борби во повеќе украински градови, улични битки во Киев


Украинското Министерство за внатрешни работи ги предупреди цивилите во главниот град Киев дека борбите се водат на улиците. „По улиците на нашиот град има активни борби. Ве молиме бидете смирени и бидете исклучително внимателни! Доколку сте во прифатилиште, не го напуштајте сега. Ако сте дома – не приоѓајте до прозорците, не одете на балкони. Скријте …

Тешки борби во повеќе украински градови, улични битки во Киев Read More »

Сончево со облачност и локален дожд


Времето претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде, а во западните делови ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб …

Сончево со облачност и локален дожд Read More »

Русија стави вето, Кина воздржана, за Резолуцијата на СБ на ОН за инвазијата врз Украина


Русија, како и што се очекуваше, вечерва стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина, јавио ДПА од Њујорк. На гласањето во зградат ан Ист Ривер, Русија го искористи правото на вето за да ја блокира резолуцијата. Кина се воздржа од изјаснување, заедно со уште две земји …

Русија стави вето, Кина воздржана, за Резолуцијата на СБ на ОН за инвазијата врз Украина Read More »