Турција ќе го забрани минувањето на руските воени бродови низ Црното Море


Турција ќе спречи руски воени бродови да минуваат низ Црното Море, изјави украинскиот премиер Володимир Зеленски.
Во твит, Зеленски рече дека земјата ветила воена и хуманитарна поддршка на Украина.
Турција ќе го запре минувањето на воени бродови низ морињата Бофсор и Дарданели кои го поврзуваат Црното со Средоземното Море.
Претходно денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја повика Русија да ја прекине воената операција во Украина. Турското Министерство за надворешни работи во саботата објави дека ја повторуваат нивната понуда Анкара да стане место за мировни преговори меѓу Русија и Украина.

Односите меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин беа срдечни, но земјата е во непријатна позиција.