Ќе се исплатат субвенции за 20.000 тутунопроизводители


Се надевам дека денешната порака на консензуалност и политичка култура што надвладеа во државата ќе продолжи и во други сфери, за да си го средиме системот, да ја намалиме разочараноста, да нема партизација, да нема врски, да ја вратиме довербата на младите во системот и во државата. Верувам дека ова е само почеток за некои …

Ќе се исплатат субвенции за 20.000 тутунопроизводители Read More »

ССМ: Владата да го исполни ветувањето за зголемување на платите, Собранието да го повлече предлогот за недела работен ден


 Владата уште утре да го исполни ветеното линеарно зголемување на платите на работниците во јавниот сектор од 2.806 денари, а Собранието да ги повлече предложените измени за Законто за работни односи за недела да е работен ден во туристичките места, побара вечерва од Охрид Сојузот на синдикати на Македонија. Во спротивно најавија носење одлука за …

ССМ: Владата да го исполни ветувањето за зголемување на платите, Собранието да го повлече предлогот за недела работен ден Read More »

Макрон предложи резолуција во ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Брисел изјави дека на неговиот руски колега Владимир Путин му предложил резолуцијата на ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса за да се дозволи извоз на украинските житарици.   -Во разговорот што го имавме со германскиот канцелар Олаф Шолц минатата сабота, му предложив на претседателот Путин да …

Макрон предложи резолуција во ОН за укинување на руската блокада на пристаништето Одеса Read More »

(Фото) Новите цени на бензините ги „окупираа“ бензинските станици


Новите цени на нафтените деривати, повисоки за 7,96 отсто, кои попладнево ги објави Регулаторната комисија за енергетика, создадоа редици пред бензинските пуумпи. Возачите побрза да ги наполнат резервоарите на возилата и на таков начин да заштедат барем некој денар, макар и еднократно, бидејќи веќе наредното полнење ќе биде по нови  цени на горивата. А, новите …

(Фото) Новите цени на бензините ги „окупираа“ бензинските станици Read More »

Комисиска расправа за законски измени за кратење на рокот на договорите на определено време


Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска расправаше по измените на Законот за работни односи поднесени од пратениците од Левица со кои се предвидува значително намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено работно време од 5 години на 6 месеци, а со намера, како што велат предлагачите, да …

Комисиска расправа за законски измени за кратење на рокот на договорите на определено време Read More »

НБ: Зголемени вкупните средства на останатите финансиски институции


Во првиот квартал од 2022 година вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) достигнаа ниво од 168,858 милиони денари, што претставува квартален раст од 3,267 милиони денари. Најголем дел од средствата на ОФИ им припаѓаат на пензиските фондови и на осигурителните друштва, со учество од 65,3 и 18 отсто, информира Народната банка (НБ). Како што …

НБ: Зголемени вкупните средства на останатите финансиски институции Read More »

Германија во среда ќе го намали данокот на гориво


Во Германија во среда почнува тримесечната фаза на намалување на даноците на горивото, што треба да ги растовари граѓаните по драстичниот пораст на цените на енергенсите во последните месеци. Литар бензин треба да поевтини за 35,2 центи, а дизелот за 16,7 центи. Литар супер денеска во просек изнесува 2,13 евра, а дизелот 2,02 евра. „Не …

Германија во среда ќе го намали данокот на гориво Read More »

Просечната нето-плата во Црна Гора е 707 евра


Според црногорскиот завод за статистика, Монстат, просечната плата без даноци и придонеси во април изнесувала 707 евра, што е за 0,4 отсто повеќе од март. Просечната нето плата во април, во однос на истиот месец лани, е зголемена за 33,6 отсто. Просечната бруто плата во април била 873 евра. „Ако се има предвид дека потрошувачките …

Просечната нето-плата во Црна Гора е 707 евра Read More »

Бензема прогласен за играч на годината во Лигата на шампионите


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е прогласен за играч на годината во Лигата на шампионите. Триесет и четиригодишниот Французин стана најдобар стрелец на турнирот со 15 голови. Бензема со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите и во финалето го совлада Ливерпул со 1:0. Францускиот фудбалер по петти пат во кариерата стана победник на …

Бензема прогласен за играч на годината во Лигата на шампионите Read More »

Пораст на каматите на новоодобрените кредити во април


Народната банка денеска соопшти дека продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основа и оти во април годинава таа е на ниво од 4,30 проценти. Просечната каматна стапка, пак, на вкупните депозити изнесува 0,68 проценти. -Во април 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 4,30 проценти и …

Пораст на каматите на новоодобрените кредити во април Read More »

Стопанска банка Скопје со 4 милиони евра од ЕБОР ќе ги поддржува малите и средни претпријатија


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредитна линија за Стопанска банка, од која корист ќе имаат малите и средни претпријатија (МСП) во Северна Македонија. Претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо и Генералниот извршен директор и Претседател на Управниот Одбор на Стопанска банка Диомидис Николетопулос, денес, во Скопје, потпишаа договор за кредитна линија во износ од 4 милиони …

Стопанска банка Скопје со 4 милиони евра од ЕБОР ќе ги поддржува малите и средни претпријатија Read More »

Инфлацијата во еврозоната за мај на нов рекорд од 8,1 отсто


Годишната стапка на инфлација во еврозоната достигна рекордни 8,1 отсто во мај, објави денеска европската статистичка агенција Еуростат. Мајската инфлација во 19-те држави од еврозоната ја надмина претходната рекордна инфлација од 7,4 отсто во април, достигнувајќи највисоки бројки забележани од јануари 1997 година. Порастот на цените во потрошувачката секој месец достигнува рекордни нивоа, континуирано од …

Инфлацијата во еврозоната за мај на нов рекорд од 8,1 отсто Read More »

Кои се најдобри, а кои најлоши месеци за заработка на берза


Многу инвеститори, било аматери и професионалци, сметаат дека на берзите има периоди кога заработката е поголема. Дали има вистина во овие тврдења или се работи за финансиско суеверие? Инфографикот што можете да го видите подолу користи податоци собрани од Шродерс, британска компанија за управување со средства. Оваа анализа се базира на 31 година деловно работење …

Кои се најдобри, а кои најлоши месеци за заработка на берза Read More »

Трошоците во градежништвото повисоки за 7,5 отсто, за материјали за 10


Во првото тримесечје од годинава, во споредба со четвртото тримесечје од 2021-ва, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 7,5 проценти, за материјали за 10 проценти, а за вработените за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за сттаистика. Во споредба со првото тримесечје од 2021 година, пак, трошоците во градежништвото …

Трошоците во градежништвото повисоки за 7,5 отсто, за материјали за 10 Read More »

Индустриското производство во април помало за 3,8 отсто од лани


Скопје, 31 мај 2022 (МИА) – Индустриското производство во април годинава во однос на април лани бележи пад од 3,8 проценти, а раст од 1,5 отсто во периодот јануари – април 2022 споредено со истиот период од минатата година, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во …

Индустриското производство во април помало за 3,8 отсто од лани Read More »

Во април за 1,9 проценти намален бројот на работници во индустријата


Бројот на работници во индустријата во април годинава во однос на април лани е намален за 1,9 проценти. Во периодот јануари – април година, пак, во однос на истиот период лани, има намалување од два проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во секторот Рударство и вадење камен во април 2022 година, во однос на …

Во април за 1,9 проценти намален бројот на работници во индустријата Read More »

Ангеловска Бежоска ‒ Бјерде: Светска банка и натаму ќе ја поддржува Народната банка за јакнење на финансиската стабилност


Светската банка и натаму ќе ја поддржува Народната банка за јакнење на финансиската стабилност, беше посочено на работна средба на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерките Ана Митреска и Емилија Нацевска со потпретседателката на групацијата на Светската банка за регионот, Ана Бјерде. Како што информираат од Народната банка, на средбата, на која присуствуваа и регионалната директорка …

Ангеловска Бежоска ‒ Бјерде: Светска банка и натаму ќе ја поддржува Народната банка за јакнење на финансиската стабилност Read More »

„Дојче банк“ под истрага за злоупотреба на еколошки производи


Германски обвинители денеска вршат претрес во канцелариите на „Дојче банк“ во Франкфурт по наводите за злоупотреба на еколошки производи. Претресот е дел од истрагата за наводите дека „Дојче банк“рекламирала инвестициски производи како „позелени“ отколку што всушност биле. Истражителите извршиле претрес по сомневање за инвестициска измама во канцелариите на банката и нејзината подружница за управување со …

„Дојче банк“ под истрага за злоупотреба на еколошки производи Read More »

АСО: Што мора да знаете пред да купите „Јунит Линкд“ осигурување живот?


Животното осигурување кај кое парите се вложуваат во удели на инвестициски фондови („Јунит Линкд“ осигурување) е висококвалитетен производ со голем потенцијал за оплодување на инвестицијата. Но тој истовремено содржи и ризик од загуба на вложените средства затоа што вредноста на вложеното зависи од цените на уделите кои се формираат на берзите.  Токму заради ова АСО …

АСО: Што мора да знаете пред да купите „Јунит Линкд“ осигурување живот? Read More »

Во Египет откриени 150 бронзени статуи на богови


Во некропола во Сакара, во близина на Каиро откриени се 150 бронзени статуи, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет. Тоа е прво и најголемо откритие на бронзени статуи од древниот Египет во областа, околу 28 километри јужно од Каиро. Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет, Анубис, божицата на денот, Нефертим, богот на …

Во Египет откриени 150 бронзени статуи на богови Read More »