Полска следната недела ќе поднесе извештај во кој ќе бара репарации од Германија за Втората светска војна


Полската влада следната недела ќе го претстави извештајот за пустошот што и го нанесе на земјата нацистичката окупација за време на Втората светска војна, јави ДПА, повикувајќи се на парламентарната администрација во Варшава. Експертскиот извештај ќе биде претставен во Варшава на 1 септември – датумот на германската инвазија во 1939 година. Тој датум, исто така, …

Полска следната недела ќе поднесе извештај во кој ќе бара репарации од Германија за Втората светска војна Read More »

На ИФФК „Браќа Манаки“ доделување на златна, сребрена и бронзена „Камера 300“


Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ завршува вечер со доделување на златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ на најдобрите кинематографери кои учествуваа на 43. фестивалско издание. Во главната програма беа емитувани 14 филмови, од кои најголем дел пристигнаа од фестивалите во Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари. -Меѓународните филмски фестивали ја имаат мисијата да ја …

На ИФФК „Браќа Манаки“ доделување на златна, сребрена и бронзена „Камера 300“ Read More »

Русија добила беспилотни летала, тврдат западни разузнавачи


Русија набави стотици ирански беспилотни летала кои би можеле да се користат во војната против Украина, и покрај предупредувањата на САД до Техеран да не ги испраќа, јавија американски медиуми повикувајќи се на западни разузнавачи. Не е јасно дали Русија почнала да ги користи беспилотните летала против украински цели, но најверојатно тие се во состојба …

Русија добила беспилотни летала, тврдат западни разузнавачи Read More »

Одбележување на Денот на рударите


Во РЕК Битола денеска ќе биде одбележан Денот на рударите. На настанот, како што соопшти Министерството за економија, ќе присуствува министерот Крешник Бектеши заедно со генералниот директор на АД Електрани на Северна Македонија Васко Ковачевски. Настанот, како што соопшти Министерството, ќе се одржи на плато пред Управната зграда на РЕК Битола.

Изведба на шест драмски монолози под наслов „Нацистички остатоци“


По повод Денот за сеќавање на холокаустот врз Ромите, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност – Романо Ило, вечерва организираат изведба на драмски монолози насловени „Нацистички остатоци“. -Во Музејот на македонската борба, преку шест кратки драмски монолози преземени од личните приказни на преживеаните, ќе …

Изведба на шест драмски монолози под наслов „Нацистички остатоци“ Read More »

Започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“


Започнува тридневниот книжевен фестивал „Друга приказна“ кој во Скопје ќе претстави околу 40 гости од регионот и од земјата. Фестивалот во 18 часот во Сули ан ќе го отвори белградскиот трансдисциплинарен уметник Урош Крчадинац со претставување на два свои сјајни проекти: изложбата „Бантустански мапи“ и предавањето „Дигитална поетика“. – Рачно илустрираните мапи од патописниот роман …

Започнува книжевниот фестивал „Друга приказна“ Read More »

Сончево, попладне дожд, грмежи и ветер


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови особено во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, сончево …

Сончево, попладне дожд, грмежи и ветер Read More »

Струја се краде во сите општини, вели Бектеши, повикува МВР да реагира


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Арачиново потврди дека во системот има големи загуби на струја, но дека проблемот не е ограничен на една општина, туку на сите и ги повика сите надлежни институции, пред сѐ Министерството за надворешни работи, да се вклучат во надминување на состојбите. Најмногу загуби на електрична енергија лани …

Струја се краде во сите општини, вели Бектеши, повикува МВР да реагира Read More »

Абортусот забранет во уште три американски држави


Законот за забрана за абортус денеска стапи во сила во уште три американски држави. Со ова, дополнително се ограничува пристапот до абортус во САД, два месеца по одлуката на Врховниот суд да го прекине тоа право. Како што пишува Вашингтон пост, сега на 21 милион жени им е забранет абортусот или пристапот им е значително …

Абортусот забранет во уште три американски држави Read More »

Бензема најдобар фудбалер во Европа, Анчелоти најдобар тренер


Шефот на стручниот штаб на мадридски Реал, Карло Анчелоти, вечерва на пригодна свеченост во Истанбул е прогласен за најдобар тренер за минатата сезона во Европа, во која италијанскиот стратег ја освои Лигата на шампиони, како и шпанското првенство. – Благодарност до УЕФА за наградата. Благодарност до Ариго Саки, тој е мојот учител и благодарение на …

Бензема најдобар фудбалер во Европа, Анчелоти најдобар тренер Read More »

Ковачевски: Поскапувањето на струјата за граѓаните да биде најниско што е можно


Кризната состојба се носи за да се предвидат мерки и активности, за полесно, побезболно и со помалку пари, се справиме со енергетската криза која што претстои со грејната сезона. Сметам дека одлуката е правилна, сега е потребна, да се подготвивме, колку што можеме за да ги примиме сите енергетски удари, во делот на цените и …

Ковачевски: Поскапувањето на струјата за граѓаните да биде најниско што е можно Read More »

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор


  Владата на денешната седница донесе одлуки за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија. „Првата одлука се донесе заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на …

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор Read More »

Судењето за убиството на ракометарот Денис Тот почнува на 5 септември


Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје, почнува на 5 септември. Случајот, како што потврдуваат за МИА од Основниот кривичен суд Скопје ќе го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ. Обвинетите за убиството се Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски. Основното јавно …

Судењето за убиството на ракометарот Денис Тот почнува на 5 септември Read More »

Мицкоски: Од Договорот за добрососедство со Бугарија потекнуваат сите проблеми


Потребно е да се локализира изворот на проблемот што државата го има со Бугарија, а тоа е Договорот за добрососедство, потпишан во 2017 година, вели претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а тоа е токму договорот потпишан со Република Бугарија, тој август месец 2017-тата година. …

Мицкоски: Од Договорот за добрососедство со Бугарија потекнуваат сите проблеми Read More »

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква


  Светиот синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква. „На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската …

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква Read More »

ЛШ: Елмас во група со Ливерпул, Адеми и Ристовски против Милан


Европската фудбалска федерација (УЕФА) вечерва со жрепка во Истанбул го одреди составот на групите во Лигата на шампиони (ЛШ), од кои најсилна ќе биде групата Ц во која ќе играат Баерн Минхен, Барселона, Интер и Викторија Плзен. Италијански Наполи во чие редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе игра против Ајакс, Ливерпул и Глазгов Ренџерс, …

ЛШ: Елмас во група со Ливерпул, Адеми и Ристовски против Милан Read More »

Тедрос: Од почетокот на годината надминавме милион смртни случаи од Ковид-19


Пандемијата на Ковид-19 усмрти еден милион луѓе во светот од јануари, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги владите да ја забрзаат вакцинацијата бидејќи една третина од светската популација не е вакцинирана. „Од почетокот на годината ја надминавме трагичната бројка од еден милион смртни случаи поради Ковид-19“, рече на прес-конференција генералниот директор на СЗО, …

Тедрос: Од почетокот на годината надминавме милион смртни случаи од Ковид-19 Read More »

Ѓоковиќ објави дека нема да настапи на ЈуЕс Опен


Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да може да отпатува во Њујорк за последниот грен – слем турнир сезонава ЈуЕс Опен, кој почнува идната недела. – За жал, не можам да патувам во Њујорк на ЈуЕс Опен, напиша Ѓоковиќ на Твитер пред жрепката за грен – слем турнирот. – Со среќа …

Ѓоковиќ објави дека нема да настапи на ЈуЕс Опен Read More »

Пресушува втората по големина акумулација во САД


Езерото Пауел, вториот по големина резервоар за вода во САД, моментално има капацитет од 26 отсто, што е најниска точка од неговото полнење во средината на 60-тите години на минатиот век, соопшти „НАСА“. Пред три дена нивото на водата во акумулацијата на реката Колорадо беше на котата 1076,9 метри надморска височина или повеќе од 50 …

Пресушува втората по големина акумулација во САД Read More »

Студија: Арктикот не бил толку топол како денес повеќе од 7.500 години


Арктикот никогаш не бил толку топол во последните 7.500 години како што е денес, се вели во студија објавена денеска во списанието Nature Communications. Научниците користеле анализа на годовите на дрвјата од 5618 година п.н.е. за „да откријат дека затоплувањето во индустриската ера е без преседан по стапка и оти ја подигнало летната температура на …

Студија: Арктикот не бил толку топол како денес повеќе од 7.500 години Read More »