Студија: Арктикот не бил толку топол како денес повеќе од 7.500 години


Арктикот никогаш не бил толку топол во последните 7.500 години како што е денес, се вели во студија објавена денеска во списанието Nature Communications.

Научниците користеле анализа на годовите на дрвјата од 5618 година п.н.е. за „да откријат дека затоплувањето во индустриската ера е без преседан по стапка и оти ја подигнало летната температура на нивоа над оние реконструирани во последните седум милениуми“.

Реконструкцијата на климата е можна бидејќи ерозијата на полуостровот Јамал откри древни стебла, чии годови може да се користат за читање на летните температури, кои влијаат на растот на дрвото.

Повеќе од 3.500 стебла се ексхумирани во Сибир, а 1.425 од нив се анализирани во студијата.