Облачно време со повремени локални врнежи од дожд


  Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со повремен локален дожд. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, дури и над 65 километри на час, од југоисточен правец. Максималната температура ќе …

Облачно време со повремени локални врнежи од дожд Read More »

Америка е вториот најголем снабдувач на гас во ЕУ


  Норвешка сега е најголемиот снабдувач на природен гас за земјите од Европската унија, а зад неа се САД. САД станаа вториот најголем снабдувач на гас во ЕУ поради зголемената испорака на ЛНГ по намалувањето на испораките од Русија, изјави заменик-шефот на Европската комисија Валдис Домбровскис на економската конференција во Летонија. „Успеавме целосно да ја …

Америка е вториот најголем снабдувач на гас во ЕУ Read More »

Фолксваген го прекина рекламирањето на Твитер


Германскиот производител на автомобили Фолксваген им се придружи на другите компании кои сакаат да го прекинат своето рекламирање на Твитер откако го презеде американскиот технолошки милијардер Илон Маск. Производителот на автомобили го наведе соопштението на Твитер во петокот дека ќе ги ревидира своите упатства за рекламирање како причина за суспензијата. Групацијата VW им препорача на …

Фолксваген го прекина рекламирањето на Твитер Read More »

Бесими: Во Буџетот за 2023-та нема нови даноци, 250 милиони евра за справување со кризата


  Платите во Буџетот за 2023 година се дефинирани според можностите, вкалкулирани се зголемувањата во секторите направени оваа година, а кратење нема да има во ниту едно од правата на работниците, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. -Ако просечната плата наредната година во просек дава десет отсто зголемување, тоа значи дека од март минималната плата …

Бесими: Во Буџетот за 2023-та нема нови даноци, 250 милиони евра за справување со кризата Read More »

Почна Европското првенство во ракомет за жени, Франција прв противник на македонската рапрезентација


  Со воведните натпревари во групите А и Б вечерва започна 15. Европско ракометно првенство во женска конкуренција, чии домаќини се Скопје, Подгорица, Љубљана и Цеље. Во групата А, Унгарија ја совлада Швајцарија со 33-28, додека кодомаќинот Словенија триумфираше над Данска со 28-26. Македонските ракометарки се во групата Ц во рамки на која утре со …

Почна Европското првенство во ракомет за жени, Франција прв противник на македонската рапрезентација Read More »

За мерката Мој ДДВ обезбедени се средства за зголемување на лимитот на 2.100 денари, вели Лукаревска


Обезбедени се средства, имавме голема заложба и мерката Мој ДДВ ќе продолжи да се реализира, на задоволство на сите, со зголемен лимит на 2.100 денари, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во интервју за Сител телевизија. -Мерката Мој ДДВ даде резултат. Повеќе од 2 милијарди се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме …

За мерката Мој ДДВ обезбедени се средства за зголемување на лимитот на 2.100 денари, вели Лукаревска Read More »

Неверојатно видео од дрон: Украински војник од близина уништи руски тенк


Украинците објавија снимка од беспилотно летало на која се гледа како украински војник излегува од засолниште во шумата за да уништи руски тенк кој вози по калливиот пат опкружен со шума. На снимката може да се види како украински војник излегува од шумата откако покрај него поминал тенк, а потоа на рамото става рачен ракетен …

Неверојатно видео од дрон: Украински војник од близина уништи руски тенк Read More »

Една година „Ист гејт мол“: Испиени над 300.000 кафиња и приготвени над половина милион оброци


За една година од работењето во „Ист гејт мол“ биле испиени над 300.000 кафиња и приготвени над половина милион оброци во рестораните, а во гаражите на молот се паркирале над 1 милион автомобили. Во трговскиот центар се наоѓаат 220 локали со 99 отсто исполнетост и 40 киосци кои континуирано се во пораст. За сѐ ова …

Една година „Ист гејт мол“: Испиени над 300.000 кафиња и приготвени над половина милион оброци Read More »

Македонија меѓу земјите со најголем процентуален пораст на девизен прилив од туризмот


Ова година според порастот на девизниот прилив од туризмот, кој досега е повеќе за 20 отсто во споредба со 2019 година, ја рангира нашата дестинација во првите десет според Светската туристичка организација. Ако во 2021 година бевме петти во светот по раст на странски туристи, во 2022 година покажавме високи потенцијали кога е во прашање …

Македонија меѓу земјите со најголем процентуален пораст на девизен прилив од туризмот Read More »

Стопанска банка Скопје – Филијала Охрид во нов простор со автентичен охридски амбиент


  Стопанска банка АД – Скопје ја пресели филијатата Охрид во нов простор со автентичен охридски амбиент. За таа цел денеска во филијалата беше организирана свеченост во присуство на членовите на Управниот одбор и директори од централата на Банката кои беа активно вклучени во подготовката на новиот простор и неговото уредување. „Охрид е толку атрактивен …

Стопанска банка Скопје – Филијала Охрид во нов простор со автентичен охридски амбиент Read More »

„Макстил“ – општествено одговорна компанија на годината, признание од Општина Гази Баба


„Макстил“ е прогласена за општествено одговорна компанија на годината од страна на Општина Гази Баба. Плакетата беше доделена на Свечената академија по повод одбележувањето 46 години од основањето на Општина Гази Баба, а се доделува за големиот придонес што компанијата го има направено во подобрување на состојбите во општината и за спроведени активности кои директно …

„Макстил“ – општествено одговорна компанија на годината, признание од Општина Гази Баба Read More »

Изложба во РЕК Битола: 40 години од почетокот на производството на електрична енергија од комбинатот


    Во пресрет на одбележувањето на 40 години од производството на првите киловати електрична енергија од РЕК Битола, во кругот на комбинатот денеска е поставена изложба на извадоци од Битолски весник, кој како локално медиумско гласило ја следел и известувал за изградбата на РЕК Битола, како и за работењето на комбинатот од неговите почетоци …

Изложба во РЕК Битола: 40 години од почетокот на производството на електрична енергија од комбинатот Read More »

Бислимоски: Се што ни стои како механизми на располагање ќе ги искористиме за да нема поскапување на струјата


  Струмица – Се што ни стои на располагање како механизми ќе ги искористиме за да нема зголемување на цената на електричната енергија, порача денеска од Струмица претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, коментирајќи ги најавите Владата за зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто и на цената на струјата од …

Бислимоски: Се што ни стои како механизми на располагање ќе ги искористиме за да нема поскапување на струјата Read More »

Мукаетов: Македонската јавност да покаже колку го сака ракометот, девојките да ја добијат потребната поддршка


  Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, уште еднаш искажа поддршка за македонските репрезентативки кои утре ќе го одиграат првиот натпревар на Европското првенство. Заеднички домаќини на ЕХФ Еуро 2022 се Скопје, Подгорица (Црна Гора), Целје и Љубљана (Словенија). – Прв пат сме во позиција после 14 години да го донесеме Европското првенство …

Мукаетов: Македонската јавност да покаже колку го сака ракометот, девојките да ја добијат потребната поддршка Read More »

Викендов саем на мед во центарот на Скопје


  Повеќе од 20 изложувачи од сите краеви на земјава изложуваат мед и пчелни производи на штандовите што се поставени на плоштадот „Македонија“ во Скопје во рамките на четвртиот „Пчеларски саем на Македонија“ во организација на Пчеларската федерација на Македонија, под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За време на тридневното траење на …

Викендов саем на мед во центарот на Скопје Read More »

Владата ќе продолжи да го субвенционира парното греење во Скопје до крајот на кризната состојба


Владата на денешната 99-та седница донесе одлука за преземање мерка за финансиска поддршка со засметување на разликата на цена на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од страна на потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. Оваа одлука …

Владата ќе продолжи да го субвенционира парното греење во Скопје до крајот на кризната состојба Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложи прогресивното оданочување за уште една година


  Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата  најави дека ќе предложи закон со кој ќе побара да се одложи примената на прогресивниот данок на личен доход за уште една година. -ВМРО – ДПМНЕ е против воведување на прогресивно оданочување и смета дека треба да се задржи моменталниот концепт на рамен данок, а идната …

ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложи прогресивното оданочување за уште една година Read More »

Владата го усвои текстот на барањето до ММФ за кредитот од 530 милиони евра


Владата  на денешната 99 седница го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд, за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра. Средствата од Кредитната линија, се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наменети за поддршка на …

Владата го усвои текстот на барањето до ММФ за кредитот од 530 милиони евра Read More »

Се зголемуваат каматните стапки за денарските депозити, вели вицегувернерката Нацевска


  Потребно е време за соодветни ефекти од затегнувањето на монетарната политика, особено ако истото се одвива постепено, во услови на отсуство на значителни притисоци на страната на побарувачката и во насока на задржување на стабилноста. Сепак, веќе во последните месеци, може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели во …

Се зголемуваат каматните стапки за денарските депозити, вели вицегувернерката Нацевска Read More »

Србија сака да го привлече „Амазон“


  Раководството на Пошта Србија одржа средба со претставници на компанијата „Амазон“ за потенцијална соработка, а по тој повод беше презентиран бизнисот на Пошта Србија, се наведува на официјалната веб-страница на ова јавно претпријатие. На состанокот, кој се одржа во Стопанската комора на Србија, се разговарало дека цените на поштарината за овој регион ќе бидат …

Србија сака да го привлече „Амазон“ Read More »