Стопанска банка Скопје – Филијала Охрид во нов простор со автентичен охридски амбиент


 

Стопанска банка АД – Скопје ја пресели филијатата Охрид во нов простор со автентичен охридски амбиент. За таа цел денеска во филијалата беше организирана свеченост во присуство на членовите на Управниот одбор и директори од централата на Банката кои беа активно вклучени во подготовката на новиот простор и неговото уредување.

„Охрид е толку атрактивен и препознатлив по својата автентична архитектура и природни убавини што заслужува сите кои функционираат во него да делуваат од атрактивни простории. Затоа, нѐ радува што можеме да функционираме на оваа нова локација сместена во најубавиот дел од градот и тоа во куќа како културен споменик која на најдобар начин ги спојува долгата традиција на нашата Банка и силното присуство во градот и регионот, изјави генералниот директор Диомидис Николетопулос, додавајќи дека покрај традиционалните банкарски активности, филијалата ќе биде советодавен центар кој на најдобар можен начин ќе ги поддржува компаниите и домаќинствата во регионот.

Директорот на филијала Охрид, Дејан Блажески посочи дека како дел од најголемата банка на пазарот која се уште расте и се развива заедно со своите клиенти, чекорот на преселба на филијалата во нови објекти со модерен отворен концепт е сосема соодветен.

Инаку, Стопанска банка е присутна во Охрид од самите свои почетоци. 

Во куќата на ул. Димитар Влахов бр. 2 која го задржа својот автентичен охридски изглед, филијалата ќе работи од понеделник до петок од 8:30 до 16 часот. Во градот се достапни дополнителни 5 АТМ локации.