Светската банка најави 1,78 милијарди долари помош за Турција


Светската банка најави помош за Турција од 1,78 милијарди долари, за итни потреби и закрепнување. – Обезбедуваме итна помош и подготвуваме брза проценка на итните потреби на теренот, се вели во соопштението на претседателот на Светска банка Дејвид Малпас.     Според последните податоци, само во Турција во земјотресот загинаа повеќе од 17.000 луѓе. 

Амстердам од мај забранува да се пуши џоинт на јавни места


Луѓето од средината на мај веќе нема да можат да пушат марихуана на јавни места во историските области на Амстердам, бидејќи холандските власти се борат против негативните ефекти од масовниот туризам. Согласно останатите измени, рестораните мора да се затворат порано, а проститутките порано да завршат со работа во квартот на црвените светла Вален, се вели во соопштението на градот. Потезите …

Амстердам од мај забранува да се пуши џоинт на јавни места Read More »

Народната банка на Србија ја крена референтната камата на 5,5 отсто


Извршниот одбор на Народната банка на Србија донесе одлука за зголемување на референтната каматна стапка за 25 базични поени, на ниво од 5,5 отсто. Во иста мера е зголемена и стапката на депозитните средства – на 4,5 отсто, како и стапката на кредитните капацитети – на 6,5 отсто, објави НБС. Тоа е 11-то зголемување на …

Народната банка на Србија ја крена референтната камата на 5,5 отсто Read More »

„Њујорк тајмс“ ги надмина очекувањата со приходи и профит


  Во последниот квартал од минатата година, „Њујорк тајмс“ ги зголеми приходите за повеќе од 11 отсто во споредба со последниот квартал од 2021 година, од 594,23 милиони долари на 667,54 милиони долари. Нето приходот се зголеми на 70,8 милиони долари или 43 центи по акција. Прилагодената заработка пред еднократните расходи и приходи скокна од …

„Њујорк тајмс“ ги надмина очекувањата со приходи и профит Read More »

„Волт Дизни“ отпушта 7.000 вработени, голема реорганизација на компанијата


„Волт Дизни“ објави дека медиумскиот конгломерат ќе биде поделен на три посебни единици како дел од неговите планови за реорганизација. Во тој процес тие ќе отпуштат дури 7.000 луѓе или 3 отсто од вработените, пренесува Телетрејдер. Компанијата ќе се состои од три дивизии по реорганизацијата, „Дизни ентертејмент“, „ЕСПН“ и единица која вклучува паркови и други …

„Волт Дизни“ отпушта 7.000 вработени, голема реорганизација на компанијата Read More »

Земјотрес го погоди подрачјето на Загреб


Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Загреб, соопшти ЕМСЦ. Епицентарот на земјотресот е регистриран во 16 часот и 11 минути на 20 километри источно од Загреб. ЕМСЦ прво извести дека се работи за земјотрес од 3,4 и дека епицентарот е поблиску до Вараждин, а потоа објавија корекција …

Земјотрес го погоди подрачјето на Загреб Read More »

Утре наутро од минус 13 до минус пет, попладне сончево и потопло


  Утре наутро ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени. Во Скопје наутро многу студено, преку денот претежно сончево со слаб ветер од …

Утре наутро од минус 13 до минус пет, попладне сончево и потопло Read More »

Одобрени над 2,2 милиона евра за „трикафта“ и дадени насоки за итна набавка на лекот


Премиерот Димитар Ковачевски кој денеска имаше средба со претставници од Асоцијацијата за цистична фиброза, рече дека се одобрени над 2,2 милиона евра за „трикафта“, како и дека се дадени насоки за итна набавка на лекот. На средбата присуствуваа и советничката за здравство Ана Данева-Маркова, директорката на Фондот за здравствено осигурување Магдалена Филиповска-Грашкоска и пратеничката Санела …

Одобрени над 2,2 милиона евра за „трикафта“ и дадени насоки за итна набавка на лекот Read More »

Врховен суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“


Судечкиот совет на Одделот за казниви дела вчера на седница одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Шпиoн“. -Судечкиот совет на Одделот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудениот …

Врховен суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“ Read More »

Со мерките намалена е финалната цена на основните прехранбени производи, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски денеска оцени дека во услови на висока инфлација во Европа, со мерките што се преземени намалена е финалната цена на основните прехранбени производи. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има замрзнување на цените на производите, Ковачевски рече дека таква мерка имаше пред почетокот на кризата, по што уследи мерката за ограничување на …

Со мерките намалена е финалната цена на основните прехранбени производи, вели Ковачевски Read More »

АД МЕПСО ќе биде генерален спонзор на „МЕФ 2023“


  АД МЕПСО ќе биде генерален спонзор на годинашното издание на Македонскиот енергетски форум што ќе се одржи во мај во Скопје. Договорот за спонзорство за „Македонскиот енергетски форум 2023“ денеска го потпишаа генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани  и првиот човек на ЗИП Институтот од Скопје, Агим Селами. -Овој реномиран енергетски форум веќе …

АД МЕПСО ќе биде генерален спонзор на „МЕФ 2023“ Read More »

Само во јануари ДПИ изврши повеќе од 1.500 надзори, издаде прекршочни налози од над девет милиони денари


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во јануари годинава изврши повеќе од 1.500 надзори на цела територија на државата при што издаде прекршочни платни налози во вредност од над девет милиони денари. Согласно Законот за трговија, издадени се над 30 прекршочни платни налози, над 100 за Законот за финансиска дисциплина, над 40 прекршочни платни налози се издадени …

Само во јануари ДПИ изврши повеќе од 1.500 надзори, издаде прекршочни налози од над девет милиони денари Read More »

„Сега парите се скапи“: Зошто е висока каматата за македонска еврообврзница


  Каматната стапка од 6,25 отсто со која нашата земја се задолжи 600 милиони евра на меѓународниот пазар на капитал е втората највисока која е постигната во вкупно девет издадени еврообврзници од 2005 година до сега. Највисока беше за задолжувањето во 2009 година, кога каматата изнесуваше 9,785 отсто, а најниска пред само две години кога …

„Сега парите се скапи“: Зошто е висока каматата за македонска еврообврзница Read More »

Бектеши: Компаниите да го исполнат ветувањето за пониски цени


Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика компаниите да го одржат ветувањето за намалување на цените на производите. Ако има случаи на кризни профитери, како што најави денеска, ќе побара поддршка од пратениците да се донесе закон за солидарност, а средствата што ќе се соберат ќе се дадат на граѓаните за директна поддршка преку дополнителните …

Бектеши: Компаниите да го исполнат ветувањето за пониски цени Read More »

Ковачевски: Со антикризните мерки ги помагаме компаниите, се бориме за секое работно место


Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши денеска беа во посета на фармацевтската компанија „Бионика Фармацеутикалс“, каде им беше презентиран производствениот процес на фабриката, чија главна дејност е производство на лекови, медицински средства, додатоци на исхрана и козметика. Премиерот се сретна и со менаџерскиот тим на компанијата, која брои 77 вработени и освен …

Ковачевски: Со антикризните мерки ги помагаме компаниите, се бориме за секое работно место Read More »

Македонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС пораки кон Турција и Сирија


  Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес,  Македонски Телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС пораки кон Турција и Сирија за своите приватни и деловни корисници на фиксна и мобилна линија. Бесплатни се и повиците и СМС пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земји …

Македонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС пораки кон Турција и Сирија Read More »

Повторно во погон сите капацитети на АД ЕСМ


  „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) соопшти дека Блок 1 во РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“ во текот на вчерашниот ден се вратени на мрежа и непречено произведуваат електрична енергија. Блоковите беа подложени на краткотрајни санации по воочени слабости во текот на производниот процес од страна на стручните служби и истите беа навремено отстранети, посочија …

Повторно во погон сите капацитети на АД ЕСМ Read More »

Народната банка ја зголеми референтната каматна стапка за нови 0,5 процентни поени, сега е 5,25 отсто


  Народната банка продолжи да ја затега монетарната политика зголемувајќи ја каматната стапка на благајничките записи за дополнителни 0,5 процентни поени, со што референтната камата се искачи на 5,25 отсто. Во соопштението од седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБ, одржан на 7 февруари се вели дека ваквата мерка е резултат на неизвесноста …

Народната банка ја зголеми референтната каматна стапка за нови 0,5 процентни поени, сега е 5,25 отсто Read More »

Земјотрес од 4,2 степени предизвика паника во Либан


  Земјотрес со јачина од 4,2 степени вечерва предизвика паника во источните и северните делови на Либан, при што жителите во некои области ги напуштија своите домови и истрчаа на улиците. Либанскиот Национален центар за геофизика соопшти дека земјотресот се случил во 20:58 часот по локално време на околу пет километри од градот Хермел, недалеку од сириската граница. Засега …

Земјотрес од 4,2 степени предизвика паника во Либан Read More »

Со 600-те милиони евра од еврообврзницата ќе се плаќаат стари долгови


Република Северна Македонија денес ја издаде деветтата еврообврзница во вредност од 600 милиони евра, која ќе се искористи исклучиво за финансирање на обврските по основ на стари долгови, кои доспеваат за отплата годинава, соопштија од Министерството за финансии. По основ на главница и камата, за сервисирање на стари долгови кон надворешни кредитори, годинава треба да …

Со 600-те милиони евра од еврообврзницата ќе се плаќаат стари долгови Read More »