Земјотрес го погоди подрачјето на Загреб


Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Загреб, соопшти ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот е регистриран во 16 часот и 11 минути на 20 километри источно од Загреб.

ЕМСЦ прво извести дека се работи за земјотрес од 3,4 и дека епицентарот е поблиску до Вараждин, а потоа објавија корекција и ја намалија првичната проценка на 3,1 степен и дека е поблиску до Загреб.