АД МЕПСО ќе биде генерален спонзор на „МЕФ 2023“


АД МЕПСО ќе биде генерален спонзор на годинашното издание на Македонскиот енергетски форум што ќе се одржи во мај во Скопје. Договорот за спонзорство за „Македонскиот енергетски форум 2023“ денеска го потпишаа генералниот директор на АД МЕПСО Орхан Муртезани  и првиот човек на ЗИП Институтот од Скопје, Агим Селами.

-Овој реномиран енергетски форум веќе неколку години на едно место ги собира најеминентните стручни луѓе од земјава и странство, високи институционални претставници и други клучни чинители во енергетскиот сектор,  кои разменуваат свои мислења и искуства во однос на актуелните предизвици во енергетиката и импликациите врз регионалните токови со особен акцент на енергетската транзиција, зголемување на домашното производство на електрична енергија од обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и предизвиците на земјите од регионот во приклучувањето кон глобалните трендови, велат од МЕПСО. 

Македонскиот енергетски форум организиран по иницијатива на Владата, Делегацијата на ЕУ и големите енергетски компании, додаваат, оваа година ќе се одржи на 30 и 31 мај во Скопје.