Ковачевски: Нормално е Антикорупциска да ја врши својата работа за какви и да било сомнежи за автопатите


Антикорупциската комисија нормално е да си ја работи својата работа во делот на она за што постојат сомнежи, меѓутоа тоа не значи дека „Бехтел и Енка“ ќе ги одложи работите, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски откако Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека отвора предмет за надзорот на изградбата на автопатите на коридорите 8 …

Ковачевски: Нормално е Антикорупциска да ја врши својата работа за какви и да било сомнежи за автопатите Read More »

Сонцето и ветерот се новото гориво во зелената транзиција, тоа ја прави Македонија шампион во регионот


Северна Македонија има постигнато доста добро ниво на успешност во имплементацијата на законодавството во енергетиката, што во еден дел е прикажано и на еден конкурентен начин. Кризата станува нова реалност и земјите треба да се вратат кон обновливата енергија, а Северна Македонија тоа го прави. Ова е вистинско време за нов закон за обновливи извори …

Сонцето и ветерот се новото гориво во зелената транзиција, тоа ја прави Македонија шампион во регионот Read More »

Бесими: Трошокот за враќање на стариот долг остана ист


Пазарот нуди различни инструменти, а трошокот или каматата е таа што дефинира кој ќе го избереме. Тоа беше одлучувачко и за нас при повторената аукција за 9-тата еврообврзница, да направиме трошокот да не биде повисок од претходната аукција, која поради технички аспекти се откажа. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во …

Бесими: Трошокот за враќање на стариот долг остана ист Read More »

Ако компаниите ги намалат цените повеќе, ќе се разговара да добијат државна поддршка, вели Бектеши


  Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека ако компаниите од прехранбената индустрија одлучат да ги намалат цените повеќе од процентот предвиден со одлуката за замрзнување, ќе се разгледа опцијата да добијат поддршка од државата. -Донесовме одлука намалувањето да биде минимум 10 отсто, но ако компаниите одлучат и ги намалат цените за 20 отсто, …

Ако компаниите ги намалат цените повеќе, ќе се разговара да добијат државна поддршка, вели Бектеши Read More »

Занаетчиската комора бара поддршка од институциите во борбата против сивата економија


 Занаетчиската комора бара поддршка од институциите во „борбата“ против сивата економија со дополнителни субвенции за членките на комората, повикаа денеска од ЗКРСМ. Тие бараат поддршка од институциите за надминување на состојбите кај микро и малите фирми со продолжување на субвенциите, креирање нови работни места преку доквалификации и преквалификации на работниците.   Од комората велат дека …

Занаетчиската комора бара поддршка од институциите во борбата против сивата економија Read More »

Бектеши: Ако поскапи водата за пиење, нема поддршка за комуналните претпријатија


Ако јавните комунални претпријатија ја зголемат цената на водата за пиење, веќе нема да добиваат државна поддршка, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој на прес-конференција во Владата потсети дека овие претпријатија веќе користат субвенционирана струја и затоа ги повика јавно да кажат зошто бараат да поскапи водата за пиење. Бектеши информира дека веќе …

Бектеши: Ако поскапи водата за пиење, нема поддршка за комуналните претпријатија Read More »

„Пивара Скопје“ го проширува портфолиото со производите на „Кампари груп“


    Како една од најважните стратешки определби до 2025-та година, Пивара Скопје продолжува да ја остварува визијата да стане 24/7 партнер на купувачите и консументите во категоријата пијалаци. Овојпат, тој чекор напред е проширувањето на понудата од нивното портфолио со производите на Campari Group. Со ова, како ексклузивен увозник и дистрибутер, Пивара Скопје ја …

„Пивара Скопје“ го проширува портфолиото со производите на „Кампари груп“ Read More »

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100 000 штети


Осигурителните компании исплатија 30 отсто повеќе пари за штети покриени со осигурување лани во споредба со претходната година. Најголем број штети се исплатени за покривање медицински трошоци покриени со дополнително здравствено осигурување, а од сите класи доброволно осигурување најмногу средства се исплатени за штети покриени со осигурување имот, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). …

Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100 000 штети Read More »

ЕУ ја намалува потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година


Европскиот совет денеска соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ. Горната граница за финална потрошувачка во ЕУ ќе биде 763 милиони тони еквивалент на нафта, а горната граница за примарна потрошувачка ќе …

ЕУ ја намалува потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година Read More »

Доделени наградите за најдобри е – трговци за 2022 година


Асоцијацијата за е-трговија на Македонија синоќа додели 39 награди на најдобрите е- трговци во земјата. Претседателката на Асоцијацијата Нина Ангелеска изрази надеж дека овие награди ќе бидат поттик и мотив за е-трговците да продолжат со нивната работа. -Знам колку значат наградите, но секогаш можеме подобро, истакна Ангелеска. Во категоријата најдобар е – трговец беше избран …

Доделени наградите за најдобри е – трговци за 2022 година Read More »

Земјотрес почувствуван во Битола


Земјотрес со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала и со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени вечерва во 21:59 часот е почувствуван во Битола и околината. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е 125 километри југозападно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Битола-Лерин.

Бочварски: Случајот со надзорот на автопатите е целосно комплетен пред институциите


Нема негативна референца за компаниите кои ќе го вршат надзорот на автопатите што треба да се градат. Овој случај е целосно комплетен пред институциите, но секој кој има потреба од дополнителни информации, може да се обрати до Јавното претпријатие за државни патишта, изјави вечерва министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. – Она што не …

Бочварски: Случајот со надзорот на автопатите е целосно комплетен пред институциите Read More »

Антикорупциската комисија отвара предмет за изградбата на автопатиштата


Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмет за надзорот на изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10 што го доби компанијата ИРД, а како подизведувачи се избрани уште три компании. Според ДКСК, треба да се проверат информациите пласирани во медиумите дека фирмата „Ептиса“, која е една од подизведувачите, имала забрана од државата за …

Антикорупциската комисија отвара предмет за изградбата на автопатиштата Read More »

Обвинителството бара притвор од 48 часа за две лица осомничени за „грабнување“ на внукот на Љубе Бошкоски


Основното јавно обвинителство Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа за две лица за кои постои сомнение дека учествувале во кривично дело „грабнување“ на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. – Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за …

Обвинителството бара притвор од 48 часа за две лица осомничени за „грабнување“ на внукот на Љубе Бошкоски Read More »

Белорусија воведе смртна казна за велепредавство


Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес го потпиша законот што овозможува примена на смртна казна врз службеници и припадници на вооружените сили осудени за велепредавство, соопшти кабинетот на шефот на државата. Белорусија, која е земја близок сојузник на Русија, е единствената во Европа што сè уште ја применува смртната казна. Досега смртната казна се применуваше за …

Белорусија воведе смртна казна за велепредавство Read More »

Централна Италија ја стресе земјотрес од 4,6 степени според Рихтер


Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска во 16 часот и 5 минути ја погоди Италија, пренесе АНСА. Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), бил четири километри оддалечен од градот Умбертид. ЕМСЦ, исто така, посочи дека епицентарот на ударот бил на длабочина од десет километри. Засега нема информации …

Централна Италија ја стресе земјотрес од 4,6 степени според Рихтер Read More »

АД ЕСМ: Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен од мрежа


АД ЕСМ информира дека Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката. Санацијата треба да заврши до недела. -Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи …

АД ЕСМ: Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен од мрежа Read More »

Од утре и макароните, шпагетите, белото сирење, млекото… одат под мраз


  Од утре ќе бидат замрзнати цените на тестенините и на млечните производи, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Со одлуката ќе бидат опфатени макароните, шпагетите, белото сирење, млекото, урдата… Според Бектеши, тестенините ќе поевтинат за најмалку десет проценти, додека во однос на млечните производи ќе се причека производителите до утре да се подготват …

Од утре и макароните, шпагетите, белото сирење, млекото… одат под мраз Read More »

Бесими уверува дека еврообврзницата нема да не чини поскапо од онаа што не беше издадена


  Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека новата еврообврзница нема да не чини поскапо од онаа што не беше издадена поради административните процедури односно поради тоа што се чекаше потпис од новиот министер за правда. Со цел да не се повтори истата ситуација, Бесими најавува законски измени. – Во услови на инфлација што од …

Бесими уверува дека еврообврзницата нема да не чини поскапо од онаа што не беше издадена Read More »

Дигитализацијата на царинското работење го олеснува и забрзува протокот на стоките


Сите земји во светот, а пред се развиените и државите од Европската унија, се фокусирани на дигитализацијата на царинското работење што може да го олесни и забрза протокот на стоките, порача директорката на Царинската управа Славица Кутиров во обраќањето на конференцијата „Преку дигитализација кон нова генерација на соработка“, што денеска се одржува во Скопје, а …

Дигитализацијата на царинското работење го олеснува и забрзува протокот на стоките Read More »