Почнува чистење на езерцата и каналите во Градскиот парк


Екипи на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, од денеска почнуваат со чистење на езерцата и каналите во Градскиот парк, што ќе се одвива во неколку фази. – Согласно Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, отворените канали, езерца и канали во Градскиот парк, по налог на Град Скопје …

Почнува чистење на езерцата и каналите во Градскиот парк Read More »

Ковачевски ќе информира за актуелните политички и економски случувања


Премиерот Димитар Ковачевски денеска на брифинг со новинарите ќе информира за политичките и економските случувања во земјава, со акцент на работната посета во Њујорк и Вашингтон, како и економските политики на Владата за подобрување на животниот стандард, соопшти владината прес-служба. На брифингот покрај премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, шефот на …

Ковачевски ќе информира за актуелните политички и економски случувања Read More »

Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите


Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка. Членовите на комисијата во петокот ги одбија амандманите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Предлог-законот за измени на Законот за работни односи, кој е прв …

Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите Read More »

Кина осуди американски државјанин на доживотен затвор за шпионажа


Американец со постојан престој на Хонг Конг е осуден на доживотен затвор во Кина под обвинение за шпионажа, соопшти локалниот суд. Толку тешка казна за странски државјанин за такво обвинение е релативно ретка во оваа азиска земја. Веројатно тоа дополнително ќе ги влоши кинеско-американските односи, кои веќе се на најниско ниво, јавија американски медиуми. Џон …

Кина осуди американски државјанин на доживотен затвор за шпионажа Read More »

Соборот на СПЦ треба да расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА


Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА. Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на …

Соборот на СПЦ треба да расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА Read More »

Во Колумбија е запленета најголемата нарко-подморница во светот


 Колумбиската морнарица соопшти дека ја запленила најголемата нарко-подморница во историјата на Колумбија, долга 30 метри и широка три метри, а во неа имало три тони кокаин, јавија колумбиските медиуми. Подморницата била запрена во вторникот, на пат кон Централна Америка. Тоа е досега најголемата откриена нарко-подморница, бидејќи тие почнаа да се користат за таа намена во …

Во Колумбија е запленета најголемата нарко-подморница во светот Read More »

Јавна седница во Апелација за предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот


Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе биде одржана јавна седница за кривичниот предмет за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Од Апелација соопштија дека јаваната седница е закажана за 10:30 часот. Кривичниот суд Скопје на 30 ноември лани, за убиството на Денис Тот на повеќегодишни затворски казни ги осуди Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Левковска и Андреј …

Јавна седница во Апелација за предметот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот Read More »

Промоција на публикацијата „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на промоција на публикацијата насловена „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“, подготвена од канцеларијата на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Скопје, преку Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС). Публикацијата, што ќе биде промовирана во кабинетот на шефот на државата, содржи тринаесет авторски трудови …

Промоција на публикацијата „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“ Read More »

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. Во Скопје променливо облачно …

Променливо облачно со повремен дожд Read More »

Шведската евровизиска кралица Лорин победи на Евросонг во Ливерпул


Претставничката на Шведска, фаворитката Лорин победи во спектакуларното финале на Евровизија 2023 година во Ливерпул со песната „Тетоважа“, благодарејќи на гласовите од националните жирија и од публиката кои заедно и донесоа вкупно 583 поени. Ова е втора победа на Лорин, по онаа во 2012 година во Баку со хитот „Еуфорија“, кога за триумфот и беа …

Шведската евровизиска кралица Лорин победи на Евросонг во Ливерпул Read More »

Тешка сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, загина сопатник на мотоцикл, возачот потешко повреден


Загина сопатник на мотоцикл, а возачот е потешко е повреден и е пренесен во струмичката болница во тешката сообраќајната несреќа на патот Струмица-Радовиш, на влезот во селото Владевци, на крстосницата за селото Сушево. Според информацијата од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, несреќата се случила во 18:40 часот, а во неа учествувале мотоцикл и автомобил. …

Тешка сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, загина сопатник на мотоцикл, возачот потешко повреден Read More »

Турција избира претседател, зошто тоа е важно за целиот свет


Турција излегува на биралиштата в недела кога се одржуваат претседателските и парламентарните избори. Според анкетите, актуелниот претседател Таип Ердоган заостанува зад неговиот главен ривал Кемал Киличдароглу. По 20 години на чело на Турција, Ердоган се соочува со својот најтежок изборен тест поради негодувањето на јавноста поради економските тешкотии, неговото справување со последиците од земјотресите во …

Турција избира претседател, зошто тоа е важно за целиот свет Read More »

(Во живо) А сега, големото финале на Евросонг 2023


Се е подготвено за големото финале на овогодишниот Евросонг. Распоредот е познат, откако во четвртокот нокаут-полуфиналето го комплетираше составот. Дваесет и шест песни ќе бидат изведени во Ливерпул пред очекуваната глобална публика од 160 милиони гледачи.   Австрија ќе го отвори шоуто со Теја и Салена и Who The Hell is Edgar? – песна инспирирана …

(Во живо) А сега, големото финале на Евросонг 2023 Read More »

Големите американски банки уплаќаат милијарди долари во фондот за осигурување на депозити


Големите американски банки треба да го преземат најголемиот дел од товарот за пополнување на фондот за осигурување на депозити откако ќе исплатат 16 милијарди долари на клиентите на пропаднатите Банката на Силиконската долина и Сигначр банк, соопшти државната агенција ФДИЦ. Агенцијата за осигурување на депозити предложи да се наплаќа специјална провизија од 0,125 отсто за …

Големите американски банки уплаќаат милијарди долари во фондот за осигурување на депозити Read More »

(Видео) На автопат во Косово се судрија автобус, камион и автомобил, повредени се 30 матуранти


Во Косово, на автопатот Приштина-Пеќ, кај градот Врагола, се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени 30 лица, потврди за агенцијата Танјуг косовската полиција. Најголем дел од повредените се матуранти. Автобусот кој учествувал во несреќата кај Врагол превезувал ученици од Прешево на екскурзија од Албанија, изјави градоначалникот на Прешево Шчиприм Арифи, пренесе Индекс.хр. Во …

(Видео) На автопат во Косово се судрија автобус, камион и автомобил, повредени се 30 матуранти Read More »

Русија загуби два авиони и два хеликоптери во еден ден на руска територија (Видео)


Се чини дека Москва изгуби четири воени авиони при соборувањето во саботата во областа Брјанск во Русија, на околу 50 километри североисточно од границата со Украина, јави Политико. Два воени хеликоптери Ми-8 и два борбени авиони – Су-34 и Су-35 – претрпеа несреќи во саботата, според извештаите на руските државни медиуми и про-Кремљ блогери. Според …

Русија загуби два авиони и два хеликоптери во еден ден на руска територија (Видео) Read More »

Кралско трио: Бакингемската палата објави фотографија на кралот Чарлс со наследниците


Бакингемската палата вчера попладне објави два нови портрети по повод неодамнешното крунисување на Чарлс III и неговата сопруга, кралицата Камила. На една од тие слики британскиот крал позира со своите наследници. Сликата е продолжение на портретот од 2016 година, кој беше окарактеризиран како една од причините за семејните конфликти кои следеа по објавувањето на таа …

Кралско трио: Бакингемската палата објави фотографија на кралот Чарлс со наследниците Read More »

Индија лани увезе десет пати повеќе руска нафта – и заштеди милијарди


Увозот на руска нафта во Индија минатата година се зголеми за десет пати, покажуваат податоците на индиската државна Банк оф Барода. Ако се суди според билансот, третата по големина азиска економија заштедила околу пет милијарди долари со купување на руска нафта. Веста доаѓа во време кога западните земји драстично го намалуваат увозот на енергија од …

Индија лани увезе десет пати повеќе руска нафта – и заштеди милијарди Read More »

Методија Ристоски реизбран за претседател на Нотарската комора


На редовното Изборно собрание на Нотарската комора на Република Северна Македонија одржано денеска, Методија Ристоски едногласно е реизбран за претседател за мандатен период 2023 – 2026 година. Како што информираат од Нотарската комора, на Изборното собрание биле избрани и членови на други органи на Комората.

Се уриваат дивоизградени објекти во ,,Тенеќе маало” во Кавадарци


Продолжува уривањето на дивоизградени објекти во ,,Тенеќе маало” во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – На ова место, според програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци, е планирано да се продолжи со кејот на реката Луда Мара и подигање на зелена површина, парк. Во расчистувањето на теренот е вклучена механизација …

Се уриваат дивоизградени објекти во ,,Тенеќе маало” во Кавадарци Read More »