(Видео) На автопат во Косово се судрија автобус, камион и автомобил, повредени се 30 матуранти


Во Косово, на автопатот Приштина-Пеќ, кај градот Врагола, се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени 30 лица, потврди за агенцијата Танјуг косовската полиција. Најголем дел од повредените се матуранти.

Автобусот кој учествувал во несреќата кај Врагол превезувал ученици од Прешево на екскурзија од Албанија, изјави градоначалникот на Прешево Шчиприм Арифи, пренесе Индекс.хр.

Во соопштението на косовската полиција се наведува дека во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, како и камион и автомобил.

На местото на настанот пристигнале надлежни полициски единици и медицински екипи.

ИндексОнлајн објави видео од моментот на несреќата.

Сообраќајката се случила околу 15:50 часот.

Порталот пишува дека во Универзитетскиот клинички центар 13 пациенти добиле третман по несреќата. Одговорниот лекар изјавил дека нивната состојба е стабилна и сите се пуштени да си одат дома.

„Пред околу еден час од сообраќајката се донесени 13 лица, од кои 7 се студенти. Сите добија третман и сите се отпуштени дома бидејќи немаа сериозни повреди“, изјавил тој.