Шведската евровизиска кралица Лорин победи на Евросонг во Ливерпул

Лорин покрај Џони Логан е единствениот учесник на Евровизија со две победи на ова натпреварување. Победи и во 2012 година во Баку со хитот „Еуфорија“


Претставничката на Шведска, фаворитката Лорин победи во спектакуларното финале на Евровизија 2023 година во Ливерпул со песната „Тетоважа“, благодарејќи на гласовите од националните жирија и од публиката кои заедно и донесоа вкупно 583 поени. Ова е втора победа на Лорин, по онаа во 2012 година во Баку со хитот „Еуфорија“, кога за триумфот и беа доволни 372 поени. Лорин покрај Џони Логан е единствениот учесник на Евровизија со две победи на ова натпреварување.

Големото финале на Евровизија донесе 26 претставници од исто толку земји и нивните песни, меѓу кои беа и претставниците од земјите од регионот, Хрватска, Словенија, Албанија и Србија. Најдобро се пласираше Хрватска со „Лет 3“ и песната „Мама ШЧ!“ , завршувајќи на 13-то место, пред се благодарејќи на гласовите на гледачите.

Минатогодишните победници, украинскиот бенд Калуш Оркестар, со својата песна „Стефанија“ ја воведоа публиката во финалето и ја кренаа публиката во салата на нозе, по што следеше спектакуларно претставување на сите учесници. Украинската пејачка Јулија Санина, актерката Хана Вадингам, пејачката Алеша Диксон и популарниот телевизиски водител Греам Нортон водеа низ програмата.

Настапија претставниците на Австрија, Португалија, Швајцарија, Полска, Србија, Франција, Кипар, Шпанија, Шведска, Албанија, Италија, Естонија, Финска, Чешка, Австралија, Белгија, Ерменија, Молдавија, Украина, Норвешка, Германија, Литванија, Израел. ред., Словенија, Хрватска и Велика Британија.

@eurovision Loreen ✅ Lightbox ✅ Liverpool ✅ #Eurovision2023 #Eurovision @Loreen ♬ original sound – Eurovision

Мразот во големото финале го скршија австриските претставнички, Теј и Салена, кои ги поврзуваше токму љубовта кон Евровизија, на чија сцена ја отпеаја песната „Who The Hell Is Edgar?“. Со ова тие се обидоа да го остварат својот сон бидејќи веќе неколку пати се обидоа да стигнат до оваа фаза, но немаа среќа, барем досега.

Напнатоста на финалето кулминираше кога беа соопштувани гласовите од публиката при што најмногу доби претставникот на Финска, раперот Käärijä, пејач и текстописец кој ја претставуваше својата земја со песната „Cha Cha Cha“. Тој е познат по своите енергични настапи без кошула, а музика се занимава од 2014 година. Во својот настап на Евровизија, тој комбинираше рап, електронска музика, метал и поп музика. Додека траеше гласањето, публиката во салата постојано скандираше „Ча, ча, ча“, но сепак, во крајниот збир на бодовите, оние од жирито и од публиката, беше доволно за второто место.

Трет беше Израел, пред Италија и Норвешка.