Драма на небото над Вашингтон: Борбени авиони пробија звучен ѕид во лов на мала „цесна“


Американските власти испратија група воени авиони во неделата во лов на мал авион кој неовластено навлезе во воздушниот простор над пошироката област Вашингтон, а потоа се урна во Вирџинија. Воени авиони ја пробиле звучната бариера над главниот град на САД за да стигнат до Cessna Citation, кој може да превезе седум до 12 патници, соопштија …

Драма на небото над Вашингтон: Борбени авиони пробија звучен ѕид во лов на мала „цесна“ Read More »

Европа поделена околу предлогот на телекомите да се оданочуваат технолошките компании


  Мнозинството членки на ЕУ засега го отфрлаат предлогот на големите европски телекомуникациски компании за воведување специјален данок за технолошките гиганти како Гугл, Фејсбук или Нетфликс, кои би ги финансирале инвестициите во инфраструктурата, особено во 5Г мрежата. Како што објави Ројтерс, министрите за телекомуникации од 18 земји на состанокот со комесарот за внатрешен пазар Тиери …

Европа поделена околу предлогот на телекомите да се оданочуваат технолошките компании Read More »

Руското Министерство за одбрана тврди дека не успеала украинската офанзива во Доњецк


Руските вооружени сили ја одбија украинската офанзива во правец на јужен Доњецк, соопшти утринава руското Министерство за одбрана. Украина офанзивата ја почнала со шест механизирани и два тенковски баталјони, објави руското министерство на Телеграм. „Утрината на 4 јуни, непријателот почна голема офанзива во пет сектори на фронтот во правец на јужен Доњецк“, се наведува во …

Руското Министерство за одбрана тврди дека не успеала украинската офанзива во Доњецк Read More »

Премиерот Ковачевски на увид на рехабилитација на пат Демир Капија – Неготино


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп, денеска, ќе изврши увид на рехабилитација на пат Демир Капија – Неготино. Како што соопштија од владината прес-служба, по увидот, премиерот Ковачевски, заедно со министерот Бочварски и директорот …

Премиерот Ковачевски на увид на рехабилитација на пат Демир Капија – Неготино Read More »

Промоција на новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденчиња


Во Гинеколошко-акушерска болница – Чаир, денеска ќе биде промовирана новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче. На настанот ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити, првиот вицепремиер, Артан Груби, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на гинекологија, …

Промоција на новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденчиња Read More »

АХВ почнува нова кампања за справување со Африканската чума кај свињите


Агенцијата за храна и ветеринарство денеска на прес – конференција ќе најави почеток на кампањата за Африканската чума кај свињите. На прес – конференцијата ќе се обрати директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски. Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка и поддршка од Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) веќе четврта …

АХВ почнува нова кампања за справување со Африканската чума кај свињите Read More »

Во Штип прв Фестивал за современа музика на Музичката академија при УГД


Во организација на Музичката академија и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, денеска, во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип, од 19 часот, започнува првото издание на Фестивалот за современа музика. Фестивалот ќе има цел да промовира млади и талентирани уметници од земјава и странство, сегашни и идни студенти кои ќе настапуваат во рамките на фестивалот, но …

Во Штип прв Фестивал за современа музика на Музичката академија при УГД Read More »

ДУИ одбележува 21 година од основањето


Демократската унија за интеграции (ДУИ) денеска одбележува 21 година од основањето. Раководството на партијата предводено од лидерот Али Ахмети и членови на партијата ќе присуствуваат на традиционалниот годипен настан во Скопје додека фракцијата на партијата организира собир во Тетово. Традиционалното одбележување на годишнината од основањето на партијата ќе се одржи во скопскиот хотел Александар Палас. …

ДУИ одбележува 21 година од основањето Read More »

Воведна конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“


По повод одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, денеска во Скопје ќе се одржи воведна Конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА). Настанот ќе го отвори министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и амбасадорката на Кралството Шведска во Република …

Воведна конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ Read More »

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд


Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе …

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд Read More »

Ќе ги „заземат“ ли странци домашните работни места?


  Веста дека шестмина работници од Индија се ангажирани како работници на фарма и во млекара во Свети Николе, деновиве повторно на површина ги исфрли дебатите за увоз на работна сила, но и за стравот дека отворањето на пазарот на труд во нашата земја ќе овозможи домашните работни места да бидат „заземени“ од странци. Оправдани …

Ќе ги „заземат“ ли странци домашните работни места? Read More »

Мицкоски преферира тет-а-тет средба со Ковачевски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преферира да има тет-а-тет средба со премиерот Димитар Ковачевски бидејќи, како што вели, според неговото досегашно искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци.  Во гостување на емисијата „360 степени“ на Алсат телевизија, Мицкоски рече дека досега немаат добиено официјална покана за средба.  –  Моето искуство покажало дека на таков …

Мицкоски преферира тет-а-тет средба со Ковачевски Read More »

Продолжува растот на каматите, инфлацијата се уште не е на врвот, вели претседателката на ЕЦБ


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека нема јасни показатели дека базичната инфлација го достигнала својот врв и додаде дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи. Во говорот на банкарска конференција во Хановер, Лагард се осврна на прекините во синџирот на снабдување по пандемијата на коронавирус. Таа потсети дека растот на инфлацијата забрза …

Продолжува растот на каматите, инфлацијата се уште не е на врвот, вели претседателката на ЕЦБ Read More »

(Во живо) Европската вселенска агенција презентира досега невидени слики од Марс


Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе го објави првиот пренос во живо од Марс. Овој пренос во живо треба да прикажува досега невидени детали за Црвената планета. Преносот во живо ќе биде достапен на YouTube каналот на ЕСА. Орбитерот „Марс Експрес“ на ЕСА ќе споделува нови слики со Земјата на секои 50 секунди во петок, почнувајќи …

(Во живо) Европската вселенска агенција презентира досега невидени слики од Марс Read More »

Цените на нафтата скокнаа на над 76 долари


Цените на нафтата денеска пораснаа на меѓународните пазари на над 76 долари, откако американскиот Конгрес го суспендираше лимитот на националниот долг, а централната банка сигнализираше дека може да направи пауза во зголемувањето на каматните стапки. На лондонскиот пазар барелот се тргуваше по пладне за 1,88 долари повисоко од вчерашната цена на затворање од 76,16 долари. …

Цените на нафтата скокнаа на над 76 долари Read More »

Роналдо останува во Саудиска Арабија


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Португалецот Кристијано Роналдо, објави денеска дека и следната сезона ќе го носи дресот на саудискиот прволигаш Ал Наср. Роналдо дојде во Саудиска Арабија во јануари оваа година, потпишувајќи двегодишен договор вреден 220.16 милиони долари. Во својата дебитантска сезона во саудиското првенство постигна 14 голови на 16 натпревари, но …

Роналдо останува во Саудиска Арабија Read More »

Бесими: Пари за субвенции за електрична енергија има и годинава во буџетот


Поддршката во вид на субвенции за ублажување на ефектите од енергетската криза ќе продолжи и годинава. Во буџетот се предвидени средства за оваа намена, со кои ќе се поддржат граѓаните, како и малите и средни фирми за намалување на ефектите од енергетската криза, порача министерот за финансии, Фатмир Бесими при гостување на Вин-Вин. “Во Буџетот …

Бесими: Пари за субвенции за електрична енергија има и годинава во буџетот Read More »

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси


 Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри и безбедни приноси, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. -Воведувањето на граѓанската обврзница како инструмент на финансискиот пазар има повеќе придобивки. Првата е што граѓаните ќе имаат можност да ги …

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси Read More »

Фризер насочил фен кон несовесни возачи, сите мислеле дека е радар


Пол Џонсон, фризер од Велика Британија, на необичен начин се обидел да ги предупреди возачите кои брзо возат пред неговиот салон. За време на паузата тој излегол на патот и го вперил фенот кон автомобилите кои од далечина изгледале како да држи радар во раката. „Доста ми е од дивјаци кои трчаат по мојата улица. …

Фризер насочил фен кон несовесни возачи, сите мислеле дека е радар Read More »

Во САД за една недела три деца загинаа во жешки автомобили


Во САД минатата недела три деца загинаа во вжештени автомобили. Трагедиите се случиле во Вашингтон, Тексас и Флорида, пишува НБЦ. Со ова вкупниот број на загинати автомобили годинава се искачи на шест, што е двојно повеќе од ланскиот број. Во Хјустон, четиригодишно момче било пронајдено со двегодишно девојче во отклучен паркиран автомобил. Двајцата биле итно …

Во САД за една недела три деца загинаа во жешки автомобили Read More »