АХВ почнува нова кампања за справување со Африканската чума кај свињите


Агенцијата за храна и ветеринарство денеска на прес – конференција ќе најави почеток на кампањата за Африканската чума кај свињите.

На прес – конференцијата ќе се обрати директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка и поддршка од Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) веќе четврта година вложуваат заеднички напори за подигување на свеста кај јавноста за спречување, откривање и пријавување на Африканската чума кај домашните и дивите свињи, со цел контрола и искоренување на оваа смртоносна болест, стои во соопштението од АХВ.