Фризер насочил фен кон несовесни возачи, сите мислеле дека е радар


Пол Џонсон, фризер од Велика Британија, на необичен начин се обидел да ги предупреди возачите кои брзо возат пред неговиот салон. За време на паузата тој излегол на патот и го вперил фенот кон автомобилите кои од далечина изгледале како да држи радар во раката.

„Доста ми е од дивјаци кои трчаат по мојата улица. Зедов рефлектирачки елек од автомобилот, фен и излегов на патот да направам ред. Нема да верувате, но завршив одлична работа“, изјави Пол за Дејли Мејл.

Тој вели дека возачите сега возат многу побавно, па дури и ги запираат своите автомобили кога поминуваат низ таа улица, но кога ќе сфатат за што всушност се работи, почнуваат да се смеат.

„Приказната брзо се рашири низ градот, луѓето ме викаат да дојдам на нивната улица со лажна камера за брзина. Мислам дека ова беше добра идеја, луѓето станаа свесни што прават без никакви последици. И ние се забавувавме и јас направи добра реклама за мојот фризерски салон“, заклучил 51-годишниот татко на три деца.