(Во живо) Европската вселенска агенција презентира досега невидени слики од Марс


Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе го објави првиот пренос во живо од Марс. Овој пренос во живо треба да прикажува досега невидени детали за Црвената планета. Преносот во живо ќе биде достапен на YouTube каналот на ЕСА.

Орбитерот „Марс Експрес“ на ЕСА ќе споделува нови слики со Земјата на секои 50 секунди во петок, почнувајќи по 17 часот по македонско време. „Марс Експрес“ се наоѓа на повеќе од 17 километри над површината на Марс.

Станува збор за стара камера, првично планирана за инженерски цели, на оддалеченост од речиси три милиони километри од Земјата и таа сè уште не е тестирана.

„Да бидам искрен, не сме 100 проценти сигурни дека ќе успее, но јас сум прилично оптимист. Обично гледаме слики од Марс и знаеме дека се направени пред неколку дена. Возбуден сум што го гледам Марс онаков каков што е сега“, објаснува Џејмс Годфри, шеф за операции на вселенски летала во Центарот за контрола на мисијата на ЕСА во Дармштат, Германија.

Треба да се напомене дека иако настанот ќе биде во живо, потребни се до 22 минути за податоците да поминат повеќе од 460 милиони километри од Марс до Земјата.