Инфлацијата во еврозоната опадна на 5,5, отсто


Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни изнесува 5,5 отсто, што е намалување во однос на мајската која беше 6,1 отсто, објави Евростат. Најниска годишна стапка на инфлација во јуни е забележана во Луксембург – еден процент, Белгија и Шпанија – по 1,6 отсто, додека највисока е во Унгарија – 19,9 отсто, Словачка – …

Инфлацијата во еврозоната опадна на 5,5, отсто Read More »

Кој сѐ доделувал концесии за „Иловица“?


Документите со предлогот за спојување на концесиите за рудникот „Иловица“ навреме биле доставени до Владата и министрите имале време да се запознаат со нивната содржина, тврдат извори од Министерството за економија. Од таму велат дека наредната недела за кога е закажано „сослушувањето“ на министерот Крешник Бектеши, нема потреба да се доставуваат одново документите, бидејќи тие …

Кој сѐ доделувал концесии за „Иловица“? Read More »

Започна третиот Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на Македонија2025


Денеска, на 19 јули 2023 година, започна третото издание на Охрид кампот за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи од 19 до 25 јули 2023 година во Охрид. Оваа година ќе овозможиме на 25 млади луѓе (од 11-15 години) од Америка, Хрватска, Словенија, Кипар и од Македонија, да го подобрат на дигиталното владеење на преку …

Започна третиот Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на Македонија2025 Read More »

ДКСК: Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д директор на Зоолошката градина


Градоначалничката на Град Скопје постапила спротивно на законот, при именување на Драган Илиевски за нов в.д директорот во скопската Зоолошка градина, утврди ДКСК. Државната комисија за спречување на корупција на денешната 89 седница утврди дека Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект. Како што …

ДКСК: Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д директор на Зоолошката градина Read More »

Според директорот на Мета, постојните системи на ВИ се глупави и не претставуваат ризик


Извршниот директор на Мета, Ник Клег, денеска изјави дека сегашните модели на вештачка интелигенција (ВИ) се „прилично глупави“ и ги минимизираше потенцијалните ризици од нивното користење. Тој рече дека возбудата за појавата на вештачката интелигенција е прерана во однос на нивото на нејзиниот технолошки развој. Клег објасни дека сегашните модели на вештачка интелигенција се далеку …

Според директорот на Мета, постојните системи на ВИ се глупави и не претставуваат ризик Read More »

Четири и пол години затвор за второобвинетиот за несреќата во која лани загинаа сопружници на излезот од Штип


Второобвинетиот во тешката сообраќајна несреќа во која лани загинаа двајца сопружници доби затворска казна од четири и пол години. Несреќата се случи лани на регионалниот пат кој поминува низ штипската населба „Балканска“. Судијата кривичар во штипскиот Основен суд, Ацо Тасев денеска ја објави пресудата, со којашто второобвинетиот е огласен за виновен. Пресудата е донесена по …

Четири и пол години затвор за второобвинетиот за несреќата во која лани загинаа сопружници на излезот од Штип Read More »

Измените на законите за даноците и за данокот на солидарност го оптоваруваат бизнисот, оценува Мицкоски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оцени дека измените на Законот за ДДВ и на Законот за персоналниот данок на доход, како и предложениот закон за данокот на солидарност не му помагаат на бизнисот, туку го оптоваруваат. Како што изјави по средбата во Сојузот на стопански комори, овие три закони се носат „шверцерски“ во Собранието. …

Измените на законите за даноците и за данокот на солидарност го оптоваруваат бизнисот, оценува Мицкоски Read More »

Домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви


Владата на вчерашната седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се усвои Информацијата за состојбата со очекуваното производство и планираниот откуп на пченица, род 2023 година, соопшти МЗШВ. Владата ја задолжи Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да ја …

Домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви Read More »

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка за справување со енергетската криза


Владата обезбеди 100 милиони евра поволни средства за поддршка на ЕСМ што е дел од активностите што се преземаат за справување со енергетската криза. Законското решение за да може овие средства да станат достапни на АД ЕСМ од Европската банка за обнова и развој беше поддржано вчера од страна на Собранието, соопшти Министерството за финансии. …

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка за справување со енергетската криза Read More »

Американката Фиона Скот Мортон се откажа од функцијата главен економист на Европската комисија


Еврокомесарката за пазарна конкуренција Маргрете Вестагер денеска објави дека Американката Фиона Скот Мортон се откажала од нејзиното именување на функцијата главен економист на Европската комисија. Вестагер не ја откри позадината зад одлуката, но таа доаѓа откако францускиот претседател Емануел Макрон и големите европски политички групи го критикуваа предлогот да се назначи Американка на клучна позиција …

Американката Фиона Скот Мортон се откажа од функцијата главен економист на Европската комисија Read More »

Кон „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра


Директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми денеска информира дека кон „Бехтел и Енка“ досега се исплатени околу 167 милиони евра. Според Рустеми, моментно се вршат геомеханичките испитувања, а за проектирање на трасите ќе бидат ангажирани сите расположливи капацитети во државата. Се подготвуваат, нагласи, и елаборатите за експропријација. -Продолжуваме со плаќањето кон „Бехтел и Енка“, според Договорот …

Кон „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра Read More »

Што содржат измените за финансиските друштва: Еве кога не може да се склучи договор за потрошувачки кредит


Законското решение, кое го подготви Министерството за финансии, а е во насока на поголема заштита на граѓаните кои ги користат услугите на финансиските друштва доби зелено светло во Собранието. Со Законот се обезбедува значително поголема заштита на граѓаните корисници на услугите на финансиските друштва и зголемување на довербата во финансиските друштва, и тоа преку утврдување …

Што содржат измените за финансиските друштва: Еве кога не може да се склучи договор за потрошувачки кредит Read More »

Ковачевски: Информациите за рудникот Иловица прво ќе бидат доставени до Владата, а потоа ќе се споделат и со медиумите


Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека сите информации поврзани со рудникот Иловица најпрво ќе бидат доставени до Владата, а потоа министерот за економија Крешник Бектеши ќе ги сподели и со медиумите. Одговорајќи на новинарско прашање по теренската посета на делницата Градско – Дреново, Ковачевски повтори дека ако граѓаните не сакаат, рудник нема да има. -Вчера …

Ковачевски: Информациите за рудникот Иловица прво ќе бидат доставени до Владата, а потоа ќе се споделат и со медиумите Read More »

Запленетите акции на Мијалков одат на аукција на берза


Акциите запленети од предметот „Империја“ што се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција на берза. Акциите денеска ќе бидат ставени за тргување на Македонската берза за хартии од вредност по принципот „се или ништо“. Тоа значи акциите во „ТТК“ …

Запленетите акции на Мијалков одат на аукција на берза Read More »

Неподготвеноста на жештините може да биде смртоносна, предупреди директорот на СЗО за Европа


Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди жителите на Стариот континент да бидат подготвени за високите температури бидејќи топлотниот бран зафати поголем дел од континентот. -Без потребната подготовка, топлината може да стане смртоносна, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа. Белгиецот предложи низа мерки кои жителите можат да ги преземат за да …

Неподготвеноста на жештините може да биде смртоносна, предупреди директорот на СЗО за Европа Read More »

Климатски промени: Зошто жештините ова лето се толку големи


  Топло е. Навистина е топло. А летото почна само пред неколку недели. Речиси една третина од Американците, или околу 113 милиони луѓе, побарале совети за топлотниот бран, според Националната служба за клима на САД. Низ целата земја температурите уриваат рекорди кои стојат со децении. Во градот Ел Пасо, Тексас, температурите надминаа 37 степени Целзиусови …

Климатски промени: Зошто жештините ова лето се толку големи Read More »

Русија ја предупреди Јужна Африка дека апсење на Путин би значело „објавување војна“


 Москва ја предупреди Јужноафриканската Република (ЈАР) дека апсењето на рускиот претседател Владимир Путин би било еднакво на „објавување војна“, јави ДПА, повикувајќи се на писмената изјава објавена синоќа од јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса. „Русија јасно стави до знаење дека апсење на нејзиниот актуелен претседател ќе биде еднакво на објавување војна“, напиша Рамафоса во својата изјава …

Русија ја предупреди Јужна Африка дека апсење на Путин би значело „објавување војна“ Read More »

Кинеските берзи паднаа трет ден по ред, другите во пораст


  Цените на кинеските акции паднаа денеска трет ден по ред, бидејќи инвеститорите се загрижени за бавниот раст на втората по големина економија во светот, додека другите регионални берзи го следеа растот на Волстрит. Индексот МСЦИ на азиско-пацифичкиот регион беше во минус од 0,3 отсто околу 07:00 часот, слабеејќи трет ден по ред. Во исто …

Кинеските берзи паднаа трет ден по ред, другите во пораст Read More »

Силно невреме откорна кровови и дрвја во Словенија


Големи делови на Словенија синоќа ги зафати силно невреме со налети на ветер кој достигна брзина од над 100 километри на час и откорна кровови на куќи и собори дрвја, а илјадници домаќинства останаа без струја. Невремето стигна до северна Словенија доцна попладне и се подели на два дела – првиот се упати кон Марибор …

Силно невреме откорна кровови и дрвја во Словенија Read More »

Франција донесе нов закон за полициско прислушување и следење


Француските пратеници вчера изгласаа „модернизација“ на кривичниот процес, кој вклучува одредба што им дозволува на агенциите за спроведување на законот „без знаење или согласност на сопственикот“ да следат и прислушуваат камери, микрофони, телефони и други уреди поврзани на интернет. Оваа мерка е ограничена само на лицата осомничени за тероризам, организиран криминал и други незаконски дејствија …

Франција донесе нов закон за полициско прислушување и следење Read More »