Министерот Николовски не очекува проблеми при увозот на пченица


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска соопшти дека нема стравувања околу годинашното производство на пченица, ниту ќе има проблеми за драстично да се зголеми увозот. Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања, квалитетот на пченицата е незадоволителен, но тоа не е случај само во земјава, туку и во Србија, Грција и …

Министерот Николовски не очекува проблеми при увозот на пченица Read More »

Лагард: ЕЦБ може да ги зголеми каматните стапки или да направи пауза до следната седница


Европската централна банка (ЕЦБ) може повторно да ги зголеми каматните стапки или да направи пауза до следниот состанок, со која било одлука во зависност од најновите податоци, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. ЕЦБ додека се бори со висока инфлација на 28 јули деветипат ги зголеми трошоците за заеми. Лагард во интервју за францускиот весник …

Лагард: ЕЦБ може да ги зголеми каматните стапки или да направи пауза до следната седница Read More »

Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот


Украинското Министерство за надворешни работи во денеска соопшти дека ќе извезува жито преку хрватските пристаништа на Јадранското Море, а житото ќе биде доставено до Хрватска преку Дунав, а потоа со железница до јадранскиот брег. Министерството наведува дека за ова прашање постигнало договор со Хрватска. Во Киев вчера престојуваше хрватскиот министер за надворешни и европски работи …

Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот Read More »

Доделени 12 договори на мали дестилерии за неповратни грантови до 300 000 денари


Ова е година на мали производители. Сите програми, целокупната политика на Министерството за земјоделство, беше креирана да ги поддржиме малите производители, оние кои со многу труд и могу љубов ја продолжуваат традицијата и го развиваат наследството од генерациите пред нив. Можеби имаат мал капацитет за производство, но имаат големи планови. Знаат како треба, имаат мотивација …

Доделени 12 договори на мали дестилерии за неповратни грантови до 300 000 денари Read More »

ВМРО-ДПМНЕ разгледува 17 кандидати за претседател на државата


  Во пошироката листа на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на државата за изборите идната година сега се наоѓаат околу 17 лица. Ова го изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, при што во наредните месеци ќе има скратување на листата. „Ние ги мериме (анкетите), има 17 имиња, …

ВМРО-ДПМНЕ разгледува 17 кандидати за претседател на државата Read More »

Ненадејно почина еден од најбогатите Хрвати. Му се слошило на плажа, починал неколку часа подоцна


Ивица Пивац, претседателот на Групацијата „Пивац“, ненадејно почина вчера на 71-годишна возраст, јавија хрватските медиуми. Според „Јутарњи лист“, на Пивац му се слошило околу 17 часот и веднаш бил префрлен во сплитската болница. Тој починал во вечерните часови. Ивица Пивац и неговиот брат Невен во родниот Вргорац се занимавале со преработка и увоз на месо. …

Ненадејно почина еден од најбогатите Хрвати. Му се слошило на плажа, починал неколку часа подоцна Read More »

Индустриското производство во јуни со раст од 3,7 отсто на годишно ниво


Индустриското производство во јуни годинава во однос на јуни лани е зголемено за 3,7 отсто, додека во периодот јануари – јуни 2023 година, споредено со истиот период од минатата година бележи пораст од 1,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни …

Индустриското производство во јуни со раст од 3,7 отсто на годишно ниво Read More »

Јапонските власти побараа евакуација на стотици илјади жители заради тајфунот Ханун


Јапонските власти денеска побараа од стотици илјади жители на префектурата Окинава, во јужниот дел на земјата, да се евакуираат на безбедно додека се приближува тајфунот Ханун.  Откажани се и стотици летови, јавија француските медиуми. Неколку градови во префектурата Окинава, која опфаќа голем број острови, утринава издадоа изборна наредба за евакуација. Тајфунот Хунан се движи низ …

Јапонските власти побараа евакуација на стотици илјади жители заради тајфунот Ханун Read More »

Алкалоид за следната сезона со четворица нови ракометари во составот


 Македонскиот репрезентативецот кој игра на позицијата десен бек, Мартин Велковски, пивотот Стефан Стојчевиќ, како и странците – левото крило Арно Бинго од Франција и голманот од Куба Алехандро Ромеро се нови членови на РК Алкалоид. Бинго е најискусното име во нашата екипа кога станува збор за неговата биографија. Тој има 35 години, е поранешен репрезентативец …

Алкалоид за следната сезона со четворица нови ракометари во составот Read More »

Компанијата на Маск го отстрани светлечкото лого што им пречеше на соседите


Компанијата на Илон Маск вчера го отстрани високиот, светлечки знак „X“ од врвот на своето седиште во Сан Франциско, откако се судри со градските власти поради контроверзниот знак и предизвика протести кај жителите. „X“, инсталиран на покривот на канцеларијата на компанијата во центарот на градот минатата недела, е дел од напорите на сопственикот Илон Маск …

Компанијата на Маск го отстрани светлечкото лого што им пречеше на соседите Read More »

Серхио Рамос пред трансфер во Галатасарај


Поранешниот фудбалер на ПСЖ и Реал Мадрид, Серхио Рамос е блиску до преминување во Галатасарај. Фудбалерот има статус на слободен играч. Според новинарот Фатих Демиркол од „Хабер Глобал“, клубот од Истанбул го убедил 37-годишниот Шпанец да му се приклучи на турскиот шампион. За ПСЖ, Рамос за две години одигра 58 натпревари, постигнувајќи шест гола и …

Серхио Рамос пред трансфер во Галатасарај Read More »

Нападнати два брода на руската Црноморска флота


 Руското Министерство за одбрана соопшти дека два патролни брода на Црноморската флота одбиле напад на три украински беспилотни чамци во близина на Севастопол. „Вооружените сили на Украина вечерва извршија неуспешен обид за напад со три морски чамци без екипаж врз патролните бродови на Црноморската флота ‘Сергеј Котов’ и ‘Василиј Биков’ кои извршуваа задачи за контрола …

Нападнати два брода на руската Црноморска флота Read More »

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон


Книгата за деца и млади „Диносаурус“ од познатиот исландски писател Аевар Тор Бенедиктсон (Ævar Þór Benediktsson) која е дел од серијалот „Твојата сопствена приказна“, излезе од печат деновиве во издание на „Бата прес“. Илустрациите се дело на познатата илустраторка Евана Киса, а романот од исландски на македонски јазик го преведе Мери Кицовска. Објавувањето на ова …

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон Read More »

Нетанјаху: Израел не оди кон граѓанска војна, неопходни се судските реформи


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја не оди кон граѓанска војна и дека се неопходни реформи во судството. „Нема да има граѓанска војна. Тоа ви го гарантирам. Кога ќе слегне прашината, луѓето ќе разберат дека тоа беше неопходно“, рече Нетанјаху во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си. Тој додаде дека стравовите на луѓето ќе …

Нетанјаху: Израел не оди кон граѓанска војна, неопходни се судските реформи Read More »

На „Табановце“ за влез во државата се чека околу еден час, а на „Богородица“ за излез околу 30 минути


На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот …

На „Табановце“ за влез во државата се чека околу еден час, а на „Богородица“ за излез околу 30 минути Read More »

САД гледаат мала можност за пресврт на ситуацијата во Нигер по државниот удар


Високо позициониран американски функционер изјави дека има мали шанси да дојде до смена на ситуацијата во Нигер по минатонеделниот државен удар, а дипломатскиот и воениот став на САД ќе зависи од тоа дали демократски избраната влада ќе биде вратена на власт во наредните денови и недели. Британските медиуми пренесуваат дека САД го осудуваат военото соборување …

САД гледаат мала можност за пресврт на ситуацијата во Нигер по државниот удар Read More »

Седумдесет години од пренесувањето на останките на Никола Карев во Крушево


– „Со бавен и одмерен чекор, под ехото на тажните одѕвонувања на камбаните од крушевските цркви, меѓу долгиот и густ шпалир од повеќеилјаден народ, малиот саркофаг од големиот човек, на своите раце, наизменично го пренесувале, старите прекалени негови илинденски борци: Тоду Борјар, Крсте Гермов-Шакир, Петруш Карев… “ Таква била атмосферата во Крушево точно напладне на …

Седумдесет години од пренесувањето на останките на Никола Карев во Крушево Read More »

Додик: САД не ги бираа функционерите на РС, нема ни да ги менуваат


Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека „Соединетите Американски Држави не ги бирале функционерите на Република Српска, па затоа нема ни да ги менуваат“. „САД мислат дека на тој начин можат да го дисциплинираат секој што не размислува како нив“, рече Додик, реагирајќи на одлуката на САД да стават четворица претставници на РС на …

Додик: САД не ги бираа функционерите на РС, нема ни да ги менуваат Read More »

Соборени неколку беспилотни летала над Москва, повторно затворен аеродромот „Внуково“


Руската противвоздушна одбрана во раните утрински часови собори неколку беспилотни летала над главниот град, изјави утринава градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пренесе ДПА. -Едно беспилотно летало ја оштети фасадата на една висококатница, изјави Собјанин на својот канал Телеграм. Засега нема информации за жртви. ДПА ја пренесува руската агенција Тасс која објави дека едно беспилотно летало …

Соборени неколку беспилотни летала над Москва, повторно затворен аеродромот „Внуково“ Read More »

Изведба на детската претстава „Петар Пан – Големата битка“ во Струга


 Професионални актери и аматери од Куманово, Прилеп и Струга вечер ќе ја изведат театарската претстава за деца и младинци „Петар Пан- Големата битка“ на отворено, на местото викано „Кајакарско“ во Струга. Претставата, како што информира Здружението за култура и уметност Арт Манија од Куманово, е адаптација на сегмент од истиоменото дело на Џејмс Метју Бари …

Изведба на детската претстава „Петар Пан – Големата битка“ во Струга Read More »