Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот


Украинското Министерство за надворешни работи во денеска соопшти дека ќе извезува жито преку хрватските пристаништа на Јадранското Море, а житото ќе биде доставено до Хрватска преку Дунав, а потоа со железница до јадранскиот брег.

Министерството наведува дека за ова прашање постигнало договор со Хрватска.

Во Киев вчера престојуваше хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, а потоа хрватското Министерство за надворешни и европски работи соопшти дека Хрватска ги ставила на располагање своите пристаништа на Украина за извоз на украинско жито.

Украина не соопшти која количина жито би можела да се извезе на овој начин, јавија хрватските медиуми.

Со користење на таа транспортна рута, Украина сака да ја заобиколи руската блокада во Црното Море, откако Москва во средината на јули го откажа договорот за извоз на жито што го договорија Обединетите нации и Турција .

Киев се обидува да го зголеми извозот по копнен пат преку Европската унија, но неколку соседни земји како Полска исто така ja опструира тaa транспортнa рута.

Многу земјоделци во Европската унија стравуваат од пад на цените доколку украинското жито стигне на пазарот.