Студија „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“


Презентација на студијата „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“ ќе се одржи денеска во библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје во организација на Институтот за демократија. -Оваа студија го анализира степенот на пропорционалност помеѓу распределбата на гласови и распределбата на пратенички места во македонскиот изборен модел. Преку споредба со 31 …

Студија „Северна Македонија на европската изборна мапа: колку е пропорционален македонскиот изборен модел?“ Read More »

Конференција „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ под покровителство на Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“, што ќе се одржи под негово покровителство.  На конференцијата, како што е најавено, воведно обраќање ќе има шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир.  Во рамки на првата панел-дискусија „Стратегија за Роми, тек и …

Конференција „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ под покровителство на Пендаровски Read More »

Ново издание на иницијативата ПичПрич на тема „Бев сама“


Ново издание на иницијативата ПичПрич на тема „Бев Сама“ во организација на Тиииит!Инк. ќе се одржи вечерва во Кино Фросина (МКЦ – Скопје) во 20 часот во рамки на фестивалот за промоција на феминистичка култура и акција „Прво па женско“. На овогодинешниот ПичПрич, како што најавија организаторите, своите искуства на тема „Бев Сама“ ќе ги …

Ново издание на иницијативата ПичПрич на тема „Бев сама“ Read More »

Состојба на патиштата


6 април 2023  СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.   ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.   ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената …

Состојба на патиштата Read More »

Изложба во МНР по повод 30 години од зачленувањето во ОН


Во Министерството за надворешни работи денеска во 13 часот ќе биде отворена изложба по повод  30-тата годишнина од членството на Република Северна Македонија во Обединетите Нации. Настанот е во ко-организација со Државниот архив на Република Северна Македонија како и во соработка со Националниот координатор на ОН во Скопје.  Како што најави МНР, ќе присуствуваат претставници …

Изложба во МНР по повод 30 години од зачленувањето во ОН Read More »

Промоција на книгата „Градот и идентитетот – филмски репрезентации“ од Елена Копртла


Книгата „Градот и идентитетот-филмски репрезентации“ од Елена Копртла вечер во 18, 30 часот ќе биде промовирана во Скопје. Издавач на делото е издавачката куќа „Чудна шума“, а промоцијата ќе ја водат Ивана Васева и Влатко Галевски. Од „Чудна шума“ истакнуваат дека целта на оваа книга е да поттикне историско разбирање на филмските интерпретации на градот …

Промоција на книгата „Градот и идентитетот – филмски репрезентации“ од Елена Копртла Read More »

„Будење“- почнува 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ


Во Музејот на современа уметност во Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворено 14-то Биенале на млади уметници со наслов  „Будења“ („Awakenings“).  –Годинашната тема „Будења“ ги потикнува младите уметници да ги изразат своите размислувања, дилеми, не/сигурност, не/согласувања и амбиции, на прагот пред нивното осамостојување и напуштањето на комфорната зона при соочувањето со личните и …

„Будење“- почнува 14. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ Read More »

Колку споени викенди и неработни денови не чекаат?


Велигден  годинава е на 16 април, па така како и секоја година, неработни ќе бидат 4 дена околу овој празник, во кои е вклучен и еден викенд. Нема да се работи 14 април кога е Велики Петок, а по викендот неработен ќе биде и вториот ден на Велигден, односно 17 април, понеделник. Во овој месец …

Колку споени викенди и неработни денови не чекаат? Read More »

Столтенберг му одговори на Путин: НАТО никогаш не бил закана за Русија


Брисел – Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска му одговори на рускиот претседател Владимир Путин дека НАТО никогаш не бил закана за Русија. Коментирајќи ги наводите на рускиот претседател за иницирање на геополитичка конфронтација меѓу Европската унија и Русија, Столтенберг изјави дека тоа не е конфронтација почната ниту од ЕУ, ниту  од НАТО, и дека …

Столтенберг му одговори на Путин: НАТО никогаш не бил закана за Русија Read More »

Финска го одбележа пристапувањето во НАТО со купување израелски одбранбен систем


Хелсинки – Еден ден по официјалниот прием во НАТО, Финска денеска објави дека одобрила купување на нов ракетен одбранбен систем од Израел, јави ДПА. Според проценката на финското Министерство за одбрана, системот за противвоздушна одбрана познат како „David’s Sling“ чини вкупно околу 316 милиони евра. Тој е произведен од израелската одбранбена компанија Рафаел и се …

Финска го одбележа пристапувањето во НАТО со купување израелски одбранбен систем Read More »

Дел од општина Аеродром денеска без вода


Без вода денеска од 8:30 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Никола Карев“ и „Трета македонска бригада“ и  амбулантата „Пролет“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект ф-2 на улица „Никола Карев“ без број, кај паркингот.  Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не заврши санирањето …

Дел од општина Аеродром денеска без вода Read More »

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во југозападните делови ќе има повремени врнежи, кои во утринските часови ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, …

Променливо облачно со сончеви периоди Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 6 април 2023 година, 96-иот ден во годината. До крајот на годината остануваа 269 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 09 минути, а ќе зајде во 19 часот и 4 минута. Денов трае 12 часа и 56 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее …

Астрономски календар Read More »

Османи за „Политика“: Западен Балкан КВАД не го загрозува Отворен Балкан


Белград – Платформата КВАД е промоција на специфични вредности и идеи директно поврзани со евроинтегративниот процес, односно усогласување со ставовите на ЕУ за актуелните прашања со кои се соочува европскиот континент, изјави за „Политика“ министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој во интервјуто се осврнува и на спроведувањето на Бриселскиот договор и договорот меѓу Белград и …

Османи за „Политика“: Западен Балкан КВАД не го загрозува Отворен Балкан Read More »

Антиќ во работна посета на ФИБА


Женева – Претседателот на македонската кошаркарска Федерација (КФСМ), Перо Антиќ, денеска оствари работна посета на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА), на покана на Генералниот секретар на светското кошаркарско тело Андреас Заглис. На средбите во седиштето на ФИБА во Женева, како што соопшти КФСМ, стана збор за поддршката од страна на ФИБА, за организација на младинските европски првенства, за идните …

Антиќ во работна посета на ФИБА Read More »

Експремиерот Матео Ренци ќе стане главен уредник на весник


Рим– Поранешниот италијански премиер Матео Ренци денеска изјави дека својата политичка кариера како сенатор и лидер на центристичка партија ќе ја спои со функцијата што ќе ја преземе како главен уредник на печатен медиум. Британските медиуми пренесуваат дека Ренци ќе го преземе водењето на весникот „Реформиста“, мало либертаријанско издание познато по критиките на италијанскиот судски …

Експремиерот Матео Ренци ќе стане главен уредник на весник Read More »

Исти парични награди за тенисерите и тенисерките во Рим


Рим– Организаторите на АТП и ВТА тенискиот турнир во Рим планираат од 2025 година да воведат исти парични награди за тенисерите и тенисерките. Кога полската тенисерка Ига Швјонтек го освои турнирот лани, заработи помалку од половина од износот што му припадна на победникот во машка конкуренција, Србинот Новак Ѓоковиќ. Швјонтек инкасираше 332.260 евра, додека на Ѓоковиќ организаторите …

Исти парични награди за тенисерите и тенисерките во Рим Read More »

Шведска да преземе дополнителни чекори ако сака да стане членка на НАТО


Анкара – Шведска мора да преземе дополнителни чекори за Турција да ја ратификува нејзината кандидатура за членство во НАТО, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, еден ден откако Финска официјално се приклучи на воената алијанса. Чавушоглу изјави дека со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Брисел разговарал за кандидатурата на Шведска за …

Шведска да преземе дополнителни чекори ако сака да стане членка на НАТО Read More »

Најмалку четири деца убиени во напад во градинка во Бразил


Блуменау – Најмалку четири деца се убиени денеска во градот Блуменау на југот на Бразил, во инцидент во кој 25-годишен напаѓач со секира упаднал во градинка и по случаен избор ги нападнал децата, соопштија локални претставници. Напаѓачот влегол во градинката во 9 часот по локално време (14 часот по средноевропско време), и ги нападнал децата. Од …

Најмалку четири деца убиени во напад во градинка во Бразил Read More »

Меси ја одби понудата од Саудиска Арабија


До Меси пристигна богата понуда од саудискиот клуб Ал-Хилил тешка 400 милиони евра по сезона, но Аргентинецот ја одбил. Според аргентинските медиуми, тој одлучил да остане во европскиот фудбал и најверојатно се враќа во Барселона. Аргентинскиот „Тик Спорт“ пренесува дека Меси им се заблагодарил на челниците на Ал-Хилал за понудата со која ќе беше најплатен …

Меси ја одби понудата од Саудиска Арабија Read More »