Сара Харалсон и Барни Есвил – кантри музика од светски изведувачи во Јавна соба


Проектот наречен „Здраво пријателе“ на Сара Харалсон и Барни Есвил има за цел да ја претстави кантри музиката во сите нејзини аспекти и варијации – класична и современа, во нејзината американска и европска верзија. Концертната програма ќе биде изведена само еднаш во еден град од секоја од земјите од источен Балкан. Во Скопје ќе се […]

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември во Струмица


Триесет и првото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 Септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се 10 остварувања од земјава, Бугарија и Словенија. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од Велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад […]

Политиката на Париз во Африка и оди на рака на пропагандата на Москва и Пекинг


Франција, иако им даде независност на своите поранешни африкански колонии, никогаш навистина не ги напушти и не ги третира еднакво, а последицата е широко распространети антифранцуски чувства кои одат рака под рака со пропагандата на авторитарните режими во Москва во Пекинг, пишува бугарскиот весник „Труд“. Еден од централните настани во изминатите неколку недели е пучот […]

Најсвежо на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Маврови Анови и Крушево


Утрово е најсвежо на Попова Шапка и во Лазарополе, 13 степени, а изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврови Анови и Крушево, информира УХМР. Минималните температури до 08:30 часот биле: 14 степени Маврови Анови, 15 во Берово, 17 во Охрид и Претор, 18 во Крива Паланка, Струмица и Тетово, 19 во Битола и Прилеп, […]

Адел го откри значењето на еден од нејзините најпознати хитови


Лас Вегас – Кариерата на британската пејачка Адел ја одбележаа хитови како „Someone Like You“, „Hello“, „Rolling in the Deep“ и „Set Fire To The Rain“. Токму за последнава песна, на неодамнешниот концерт во Лас Вегас, САД, таа реши да го открие вистинското значење. Позната по нејзините емотивни текстови засновани на лични искуства, Адел реши […]

Холивудските ѕвезди доаѓаат на Фестивалот во Венеција


Лос Анџелес – И покрај штрајкот на филмските работници во Холивуд, што трае веќе месец и половина, Филмскиот фестивал во Венеција нема да остане без американските ѕвезди. Најстариот филмски фестивал во светот се одржува од 30 август до 9 септември годинава, а потврдено е дека на црвениот тепих ќе прошетаат Адам Драјвер, Џесика Честејн, Кејлеб […]

САД ја обвинија Русија за заплашување вработени во конзулатот по обвинувањата за шпионажа


Вашингтон– САД ја обвинија Москва дека се обидува да ги заплаши и вознемирува американските вработени, откако руските државни медиуми објавија дека безбедносните служби обвиниле поранешен вработен во американскиот конзулат за собирање информации за војната во Украина и други прашања. Безбедносната служба ФСБ објави дека Роберт Шонов, руски државјанин, им пренесувал информации на вработените во американската […]

УС Опен: Ѓоковиќ го совлада Милер, во второто коло утре со Запата


Њујорк– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утринава го совлада Французинот Александар Милер со 3:0 во првото коло на УС Опен. Резултатот во сетови беше 6:0, 6:2, 6:3. Најдобриот српски тенисер по 17-ти пат во кариерата учествува на УС Опен, а го освои УС Опен во 2011, 2015 и 2018 година. Во 2. коло Ѓоковиќ игра против […]

Гужви на граничните премини, работи на пат, одрони: Важни информации од АМСМ


СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со […]

Мелони го свика Советот за национална безбедност поради напливот на мигранти


Рим – Италијанската премиерка Џорџа Мелони најави дека ќе свика Совет за национална безбедност за да го подобри одговорот на нејзината Влада на зголемувањето на бројот на мигранти. Мелони по состанокот на кабинетот изјави дека го активирала Меѓуресорскиот комитет за безбедност на Републиката (ЦИСР), со цел да се справи со ненадејното зголемување на нелегалните влегувања во […]

По горештините, во Швајцарија поплави и снег


Берн,– По големите горештини, Швајцарија во последните неколку дена ја зафатија обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони од кал, а во понеделникот падна и снег на Алпите. „Температурата драстично се намали за четири дена. Во четвртокот термометарот покажа 31,2 степени Целзиусови. Во 11:15 часот беше 0,5 степени. Границата меѓу дождот и снегот […]

Ердоган оди кај Путин за обновување на договорот за жито


Истанбул – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган следната недела ќе отпатува за Русија и ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, што може да значи напредок во враќањето на Русија кон клучниот договор за жито во Црното Море, потврди портпаролот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК Партија), Омер Челик. -Претседателот Ердоган досега спроведуваше […]

Г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј ќе отслужат света архиерејска литургија во манастирот Св. Јоаким Осоговски


Поглавaрот на Македонската православна црква (МПЦ)-Охридска архиепископија (ОА) г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј, според најавите, денеска треба да отслужат света архиерејска литургија во манастирот Св.Јоаким Осоговски кај Крива Паланка. – Значајно е да се забележи дека оваа година, прв пат после конечното добивање на Томосот за автокефалност на Македонската православна црква, со што целосно […]

Силен земјотрес во морето кај Бали


Матарам – Силен земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер рано утрово е регистриран длабоко во морето северно од индонезиските острови Бали и Ломбок, принудувајќи ги жителите на островите да ги напуштат зградите, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 203 километри северно од индонезискиот град Матарам и на длабочина од […]

На брегот на Преспанското Езеро воздушна бања за респираторно болните


Во прегратките на планината Галичица, долж западниот брег на Преспанското крајбрежје, во густа борова шума сместена е Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на белодробни заболувања Отешево. Повеќе од 40 години, илјадници пациенти со респираторни нарушувања уживале во благопријатната клима, каде се вкрстуваат ветровите од Јадранско, Јонско и Средоземно море, но и да го […]

Променливо облачно, попладне локално невреме со пороен дожд


Под влијание на атмосферски фронт денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од […]

Мнозинство од американските избирачи сметаат дека Трамп треба да оди на суд пред изборите


Вашингтон  – Мнозинство од американските избирачи, или 61 отсто, сметаат дека републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, треба да оди на суд пред изборите.  Од анкета на Ипсос и агенцијата Ројтерс се дознава дека 89 отсто од демократските избирачи сметаат дека Трамп треба да оди на суд пред претседателските избори закажани […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 29 август 2023 година, 241-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 124 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 56 минути, а ќе зајде во 19 часот и 13 минути. Денов трае 13 часа и 17 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Во Мисисипи уловен најголемиот забележан алигатор


Вашингтон – Алигатор голем колку теренско возило викендов бил фатен и убиен во Мисиспи, а чија големина го надминала досегашниот рекорд, јавија денеска дел од американските медиуми.  Одделот за дивеч, риби и паркови на Мисисипи соопшти дека четворица ловци, Танер Вајт, Дон Вудс, Вил Томас и Џои Кларк, во саботата во реката Јазу кој се влева […]

ЦУК: Пожарот кај Бељаковце дојден до првите куќи, попладнево пожар и во Орешани


Пожарот, кој попладнево избувна во атарот на селата Руѓинце и Бељаковце во општина Старо Нагоричане, е дојден до првите куќи на селото Бељаковце кои се одамна напуштени, информираат од Центарот за управување со кризи.  – Пожарот во село Бељаковце е сериозен. Сувата трева и ветерот прават пожарот брзо да се шири. Побаравме помош од сите […]