Во Филхармонија втората сезона на „Денови на македонска музика“


Во Големата сала на Филхармонија од 20 часот вечерва ќе започне втората сезона на манифестацијата „Денови на македонска музика“, соопшти Сојузот на композитори на Македонија.

Како што се појаснува во соопштението, под палката на нашата реномирана диригентка Бисера Чадловска, ќе настапат солистите Маја Кастратовиќ на пијано, Златка Митева на флејта и Владимир Лазаревски на обоа, кои заедно со оркестарот на Филхармонијата, ќе изведат неколку дела.

Влезот на концертот е слободен и не се потребни резервации.