Рочиштето за тепањето на Пендиков одложено поради штрајкот на судската администрација


Судското рочиште против охриѓанецот Илија Спасески, обвинет за тепањето на сограѓанинот кој по инцидентот доби бугарско државјанство Христијан Пендиков, денеска се одложи поради штрајкот на судската администрација за ниските плати. Бранителот на обвинетиот Спасески, Димитрија Цобоски пред Судот рече дека нема процесни претпоставки за одржување на расправа оти судењето е во време кога судската администрација е во протест, од 9 до 11 часот.

Судскиот процес за нападот на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб„Цар Борис Трети“ во Охрид, што се случи на 19 јануари пред кафуле во центарот на градот, досега двапати се одлага, еднаш оти адвокатите на обвинетиот Спасески го напуштија судењето и немаше услови за негово одржување, а вторпат поради здравствени причини на обвинетиот.