Лоба среќна што доби македонско државјанство: Се чувствувам како Македонка


Поп-пејачката Викторија Лоба (29) е среќна што доби македонско државјанство. -Се чувствувам како Македонка. Заслужувам и сум почестена што и официјално станав Македонка. Прв пат аплицирав за државјанство пред неколку месеци, и сега дојдов на ред . Дваесет и една година живеам во Скопје и планирам да останам да живеам во Македонија. Имам музички и […]

„Шиле“ – монографија за актерот Васил Шишков


Монографија за актерот Васил Шишков насловена „Шиле“ на авторот Борче Грозданов ќе биде промовирана вечер од 18 часот во Македонскиот народен театар. Промоцијата е организирана денеска по повод 48 години од раѓањето на Васил Шишков кој почина пред три години. Монографијата ја објави издавачката куќа „Феникс“, ќе ја претстави рецензентот Христо Петрески, а извадоци ќе […]

„Ранкер“: „Кралот лав“ најдобар анимиран филм на сите времиња


САД – „Кралот лав” од 1994 на компанијата „Дизни“ е најдобар анимиран филм на сите времиња, според листата на порталот „Ранкер“, изработена врз основа на гласовите на околу 460.000 посетители на сајтот. На второ и трето место се најдоа класиците од конкурентското студио „Пиксар“: „Приказна за играчките” (1995) и „Барајќќи го Немо” (2003). Натаму следуваат […]

Град на маските: Започна карневалот во Венеција


Италија- Започна карневалот во Венеција,веројатно најпознатата карневалска прослава покрај Рио де Жанеиро во Бразил. 16-дневната веселба ќе трае до 13 февруари, еден ден пред Среда Пепелница. Годинешното мото гласи ‘Creatum: Civitas Ludens;’ што во слободен превод значи Креативност: игри со маски , пренесува „Дојче веле“. Над три милиони туристи и годинава ќе ја посетат Венеција […]

Хуманитарна ревија: 15 модни дизајнери мрднаа со прст за „Сите стоплени во зима“


Акцијата „Сите стоплени во зима“ која се реализира во рамки на иницијативата „Мрдни со прст” и чија цел е да се собере користена зимска облека за луѓето на кои им е најпотребна, започна во декември и ќе кулминира во МКЦ утре, во 20 часот, со модна ревија на 15  македонски дизајнери на која јавни личности […]

Ивана Кнез: 40 венчаници за 40 дена невестински моменти


Дизајнерката Ивана Кнез дизајнираше 40 венчаници за 40 дена невестински моменти. Вели, најубавиот момент во животот е кога ќе ве побараат за жена. Од наредниот ден првото нешто што ќе ви дојде на ум е венчалниот фустан и гардеробата за вашите деверици за да во целост го направите тој ден магичен. „Оваа година сакаме секоја […]

Греми 2018: Триумф на Бруно Марс


САД- Бруно Марс и Кендрик Ламар освоија најмногу награди на 60. доделување на музичките награди Греми, на церемонијата која по 15 години повторно се одржа во Њујорк. Американскиот музичар Бруно Марс беше номиниран во шест категории, за на крај и да освои вкупно толку признанија. Неговиот албум „24K Magic“ беше прогласен за албум на годината, […]

Една година по смртта на кралицата на ромската песна: Се ограбува наследството на Есма и Стево Теодосиевски?


Една година по смртта на кралицата на ромската песна се ограбува наследството на Есма Реџепова-Теодосиевска и нејзиниот сопруг Стево од домот на Скопското кале, тврди Зорана Костовска, претседателката на хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“ и управител на целиот имот, според тестаментот на Есма. „Имаме сознанија дека мебелот и други вредни работи од Домот на […]

Сашко Насев назначен за директор на македонскиот КИЦ во Софија


Писателот Сашко Насев е назначен од Владата за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. Тој претходно ја извршуваше функцијата в.д. директор на Културно-информативниот центар. Насев е еден од најплодните драмски писатели во Македонија. Негови дела е „Грев или шприцер“ и „Чија си“. Во минатото ја извршуваше функцијата амбасадор на Република Македонија во […]

Гламурозна фотосесија на „Венити фер“: Најдоброто од Холивуд


САД – Кралицата. Вондер-воман. Опра. Годинешната холивудска насловна ги вклучи некои од најлегендарните и најсакани жени од филмскиот и телевизискиот свет. Не е големо изненадување дека обидот да се собере група од 13 ѕвезди за ултра-гламурозната фотосесија со бели вратоврски и светкави фустани не беше воопшто едноставен. Фотографирана во Лос Анџелес и Њујорк од страна […]

Вечерва се доделува музичкиот оскар: Џеј Зи со 8 номинации


САД- Вечерва во Њујорк, на доделувањето на 60. Греми награди, ќе настапат Лејди Гага, Мајли Сајрус ќе пее во дует со Елтон Џон, ќе се појават и Карди Би и Бруно Марс, „Ју-ту“, Пинк, Кендрик Ламар, Кеш… Што се однесува до номинациите, рекордер е Џеј Зи, кој за албумот „4:44“ доби осум номинации. Следуват Кендрик […]

Кејси Афлек се повлече од Оскарите 2018


САД- Ланскиот „оскаровец“ Кејси Афлек нема да биде доделувач на церемонијата за „Оскарите“ на 4 март во лос Анџелес, поради обвинувања за сексуално вознемирување, соопшти портпаролката на тимот за организација на свеченоста. И гласноговорничката на Афлек потврди дека тој нема да се појави на бината, притоа не соопштувајќи други детали. Афлек е обвинет за сексуално […]

Концертна промоција во март: Влатко Стефановски со прв акустичен албум „Мајчин јазик“


Легендарниот гитарист Влатко Стефановски лани, во ноември, го издаде својот 33. албум насловен „Мајчин јазик”. Ова е првиот акустичен албум во неговата кариера, и веднаш по издавањето се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми. Со концерт на 17 март во Големата сала на Македонската филхармонија во Скопје, Стефановски ќе го […]

Четврт постхумен албум на англиски на Тоше: Промоција на пролет со концерт во Скопје


Од фондацијата „Тоше Проески“ најавија дека е завршен неговиот четврти постхумен албум насловен „Secret place“. На албумот ќе има 10 песни, кои се испеани на англиски јазик. „Се подготвуваат и три видеозаписи за три песни од самиот албум. Едниот е снимен во Македонската филхармонија, вториот во студио, а третиот во Крушево. Исто така во согласност […]

(ФОТО) Јелена Јованова во прегратка на Анџелина Џоли


Македонската актерка Јелена Јованова која живее и работи на релација Скопје-Загреб, објави фотографија на која е прегрната со холивудската ѕвезда Анџелина Џоли. Јелена глумеше во филмот „Во земјата на крв и мед“ што го режираше Џоли, по што останале во пријателски односи. Јелена многупати изјавила дека е во контакт со Џоли и по снимањето на […]

Неделен хороскоп


ОВЕН Работа: Важно ви е да ги завршите своите ангажмани на време и да се раздолжите онаму каде што треба . Со Сонцето во Водолија и Марс од Стрелец, добивате повеќе нови идеи и елан. Љубов: Ова е поле каде што ќе има случувања и ќе уживате во својата романса. Ќе се појават повеќе можности […]

Сникерс чизкејк (без печење)


Состојки за подлога: 225 г мелени ванила-кекси 120 г растопен путер 50 г сечкани кикирики   За фил 500 г маскарпоне 150 г кисела павлака 200 мл слатка павлака 120 г кафеав шеќер 300 г темна чоколада мин. 60%   За карамел 50 г кафеав шеќер 50 мл слатка павлака 1 лажица путер За декорација […]

Интервју со Едина Муса, кошаркарка: Тајната на мојот топ-изглед


Кошаркарката Едина Муса (27) од Скопје е убавицата за март од годинешниот календар на „Пелистерка“, кој на провокативен начин ги истакнува бенефитите на водата и ја слави убавината на жената. Убавата спортистка со исклучителни резултати сме навикнати да ја гледаме во спортско издание, но на календарот е исто така во спортски елемент, но совршено ги […]

ТВ-водителката Лила Филиповска е кралица на квизовите: Го чекам милионерот


Над 20 години е убавото ТВ-лице кое го гледаме на екраните. Лила Филиповска, со својата сериозност и професионалност е институција во водителската професија. Со својот стил, изглед и приватен живот е во фокусот на вниманието на социјалните мрежи. Веќе седма сезона во македонските домови со квизот „Сѐ или нешто“ носи среќа, забава и пари. Колку […]

Попуст


Лејла Сабит Ниски цени. Многу желби. Голем ќеф. Невидена турканица. Џагор на разни јазици. Расфрлена облека на подот. Распар чевли. Лимитирани броеви. Љубезни и нервозни продавачи. Редица пред гардеробер и пред каса. Сезона е на попусти во Скопје. Никој не вели: ај на кафе, сите велат: ај на шопинг. Дење, ноќе, преку недела и за […]