ПМГ Рекордингс Фестивалот во две вечери со програма од домашни и странски изведувачи


Во две фестивалски вечери, на 7 и 14 октомври, ПМГ Рекордингс Фестивалот оваа година нуди извонредна програма од актуелни и високо-квалитетни домашни и странски имиња од сферата на електронската, поп, рок и џез музика. Првата фестивалска вечер закажана за 7 октомври ќе се случи во скопскиот клуб Станица 26. Специјален гостин на оваа вечер е хрватската музичка дива САРА РЕНАР, …

ПМГ Рекордингс Фестивалот во две вечери со програма од домашни и странски изведувачи Read More »

(Видео) Прес на министерката за култура за финансирање проекти од национален интерес


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на 3 октомври (вторник) во 11 часот во Медија-центарот на Владата ќе одржи прес-конференција.  На прес-конференцијата ќе стане збор за објавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година.  

На­џат ел Хач­ми на „Букстар 2023“: Не постои свет во кој жените не треба да бидат загрижени затоа што се жени


Со инспиративното обраќање на писателката Лидија Димковска, насловено „Со или без Please“ синоќа во ки­но­то „Фро­си­на“ во МКЦ беше отворено 9. издание на фестивалот на европска литература „BookStar“, на кое гостите и публиката исто така ги поздравија и ми­ни­стер­ка­та за кул­ту­ра Би­се­ра Ко­ста­ди­нов­ска Стој­чев­ска и Деј­вид Гир, ам­ба­са­до­рот на Европ­ска­та Уни­ја во Северна Ма­ке­до­ни­ја, кој …

На­џат ел Хач­ми на „Букстар 2023“: Не постои свет во кој жените не треба да бидат загрижени затоа што се жени Read More »

Истрага во Обединетото Кралство заради одлуките за „затворање“ поврзани со Ковид-19


Лондон- Политичките одлуки околу „заклучувањата, односно т.н. локдаун) ограничувањата за патување и физичкото дистанцирање за време на пандемијата на коронавирус ќе бидат под микроскоп со почетокот на следната фаза од истрагата за Ковид-19 во Велика Британија. Работата на владата на Обединетото Кралство за време на кризата ќе биде под лупа во текот на следните недели, бидејќи …

Истрага во Обединетото Кралство заради одлуките за „затворање“ поврзани со Ковид-19 Read More »

Продолжува растот на хотелски резервации преку онлајн платформите во ЕУ


Брисел – Во текот на вториот квартал од 2023 година преку платформите за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, како „Ербиенби“, „Букинг“, „Експедија Груп“ или „ТрипАдвајзор“, биле извршени резервации за речиси 153 милиони ноќевања во хотели или преноќевалишта на територијата на ЕУ, што претставува раст за 15,8 отсто во споредба со истото ланско тримесечје.  Според податоците на Европската …

Продолжува растот на хотелски резервации преку онлајн платформите во ЕУ Read More »

Мишел официјално го закажа неформалниот Самит на ЕУ во Гранада – меѓу темите и иднината на проширената Унија


Брисел – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел синоќа упати покани до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на неформалниот Самит на Унијата, што ќе се одржи в петок во шпанскиот град Гранада во организација на премиерот на Шпанија, Педро Санчез.  – Овој собир има особено значење: не само што ќе водиме конструктивен …

Мишел официјално го закажа неформалниот Самит на ЕУ во Гранада – меѓу темите и иднината на проширената Унија Read More »

Уште една иницијатива Западен Балкан да биде геостратешки императив за ЕУ


По австрискиот нон-пејпер испратен до ЕУ-инстутициите минатата недела за конкретни чекори за интеграција на Западен Балкан во ЕУ, вчера во заедничка изјава словенечката министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон, министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија Александар Шаленберг и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, нагласија дека интегрирањето …

Уште една иницијатива Западен Балкан да биде геостратешки императив за ЕУ Read More »

Квалификуваното мнозинство во ЕУ ја намалува опасноста од евентуални нови условувања


  Реформскиот приод што го нуди француско – германскиот предлог ја зајакнува позицијата на ЕУ како глобален играч. Во делот на проширувањето, за нас, уставните измени остануваат услов кој мора да биде исполнет за да можеме да ги продолжиме евроинтеграциите, но при тоа воведувањето на одлучување со квалификувано мнозинство драстично ја зголемува сигурноста дека по …

Квалификуваното мнозинство во ЕУ ја намалува опасноста од евентуални нови условувања Read More »

Без струја дел од Карпош и Кисела Вода


РЦУК соопшти дека денеска без струја ќе бидат дел од општините  Карпош и Кисела Вода. Од 08:00 до 16:00 часот струја нема да имаат корисниците од дел од улиците „Франце Прешерн“ и „Драгутин Аврамовски Гуте“ (Карпош), од 08:30 до 12:00 корисниците дел од корисниците на ул. „Влае“ кај поранешна Неуромедика (Карпош), од 09:00 до 16.00 …

Без струја дел од Карпош и Кисела Вода Read More »

Со премиера на претставата „Фирма“ почнува фестивалот РУТА


Во Драмски театар вечер, во 20 часот, со премиера на претставата „Фирма“, почнува регионалниот театарски фестивал РУТА. Фестивалот ќе трае до 8 октомври, а македонската публика ќе може да ги види „Декамерон“ на Градско позориште Подгорица, „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана, „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско …

Со премиера на претставата „Фирма“ почнува фестивалот РУТА Read More »

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик


Во организација на Комисијата за односи со верските заедници денеска во 11 часот во Скопје ќе биде промовирана книгата „Слава Тебе“ (Лаудато Си) енциклика на папата Франциск на македонски јазик. Издавач на книгата на папата Франциск е македонската Комисија за односи со верските заедници по ексклузивно одобрение од ватиканскиот Дикастер за комуникации. Книгата е посветена …

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик Read More »

Распишан конкурс за проектот на ЕУ „Културата ја движи Европа“


Најголемиот проект за културна мобилност на ЕУ, наречен „Културата ја движи Европа“, распиша конкурс наменет за уметници и културни работници на возраст од најмалку 18 години, кои имаат регулиран легален престој во една земјите вклучени во програмата „Креативна Европа“, меѓу кои е и Северна Македонија, и се активни во секторите сценска или визуелна уметност, музика, …

Распишан конкурс за проектот на ЕУ „Културата ја движи Европа“ Read More »

Министерката Петровска на Безбедносен форум во Варшава


Министерката за одбрана Славјанка Петровска, денеска и утре, ќе учествува на Варшавскиот безбедносен форум 2023 година, еден од најголемите и најреномирани безбедносни форуми во светски рамки. Како што информираат од Министерството за одбрана, Петровска утрово ќе учествува на дискусијата на високо ниво насловена „Европа во војна: Зацврстување на колективната одбрана на НАТО“, на кој ќе …

Министерката Петровска на Безбедносен форум во Варшава Read More »

Германскиот министер за земјоделство Оздемир во Скопје, на средба со Николовски и на првиот академски час на ФЗНХ


Германскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Џем Оздемир кој е во посета на Северна Македонија, денеска ќе има билатерална средба со својот домаќин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. По средбата која, како што е најавено, ќе се одржи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Оздемир и Николовски ќе заминат …

Германскиот министер за земјоделство Оздемир во Скопје, на средба со Николовски и на првиот академски час на ФЗНХ Read More »

Почнува продажбата на влезници за ЕУРО2024


Минхен – Првата фаза од продажбата на влезници за Европското фудбалско првенство 2024 ќе почне денес, соопшти Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Заклучно со 26 октомври, до кога ќе трае првата фаза, достапни ќе бидат 1,2 милиони билети. Евроквалификациите се во тек и сè уште ниту една репрезентација нема обезбедено место на завршниот турнир, чиј домаќин …

Почнува продажбата на влезници за ЕУРО2024 Read More »

Повик за дизајн на лого за 30-годишнината од дипломатските односи помеѓу Јапонија и Македонија


Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија објави конкурс за дизајн на лого за 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Република Северна Македонија. Целта на овој натпревар, како што наведува Амбасадата, е професионалци од областа на графичкиот дизајн и уметници, креативни ентузијасти, како и млади таленти во Северна Македонија да создадат заедно со …

Повик за дизајн на лого за 30-годишнината од дипломатските односи помеѓу Јапонија и Македонија Read More »

Сончево со слаб ветер од променлив правец


 Утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. Во Скопје сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне …

Сончево со слаб ветер од променлив правец Read More »

Астрономски календар


Денеска е вторник, 3 октомври 2023 година, 276-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 99 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 32 минута, а ќе зајде во 18 часот и 13 минути. Денов трае 11 часа и 40 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее …

Астрономски календар Read More »

Јанкулоска не гледа што би разговарала со екслидерот


Актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е легитимно избрано и поддржано на партиски конгрес, така што ја има целосно мојата поддршка, вели поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Во интервјуто за „360 степени“ на МРТ 1, прашана за став за судирот на актуелниот и поранешниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски и Никола Груевски, Јанкулоска вели дека …

Јанкулоска не гледа што би разговарала со екслидерот Read More »

Златко Панзов добитник на наградата „Драги“


Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект.  Комисијата за доделување на наградата била во состав: Јана Михајловска, Лидија Капушевска-Дракулевска и Милан Дамјановски, на својот последен состанок констатираше дека сите пет финалисти: Анастасија Ѓурчинова, …

Златко Панзов добитник на наградата „Драги“ Read More »